МакедонијаДемант на Синдикалната организација на УПОЗ при КПУ Затвор Штип Нема простор за сомнеж за постапувањето на затворските полицајци.Синдикатот на УПОЗ, по барање на група вработени лица, членови на Синдикалната организација при КПУ Затвор Штип, во однос на заштита на работничките права, денеска објави реакција во врска со прес-конференцијата одржана завчера од директорот на дирекцијата за извршување на санкции Александар Пандов и директорот на КПД – Штип Дејанчо Здравков за фрлена дрога преку ограда во затворот. Во реакцијата се наведува дека на прес - конференција директорот прикажал слика која не кореспондира со реалноста и преземените службени дејствија на овластените службени лица и дека во ниту еден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувал со осуденото лице. - Како вработени во установата во целост ја негираме ваквата лошо составена приказна која се пласираше на ироничен начин и со цинизам во јавноста, одговорно тврдиме дека вистината е сосема поразлична и постапувањето во однос на пронаоѓањето на сомнителни предмети фрлени од страна на лицата кои дојдоа до затворот во овој настан преку безбедносниот ѕид беше во правец на тоа да го пронајдеме она што е фрлено и доколку има било што недозволено да го одземеме и да пријавиме во СВР – Штип, се вели во реакцијата од Синдикатот на УПОЗ. Во текот на ноќните часови потрагата заврши без успех, појаснуваат во реакцијата, но во текот на утринските часови со самото разденување повторно е направен обид да се пронајдат предметите при што успешно е пронајдена најлонска кеса, во која е пронајдена и сомнителната прашкаста и тревкаста материја. Понатаму се додава дека по нејзиното пронаоѓање превземени се сите оперативно протоколарни дејствија, известен е директорот на установата, пријавен е настанот во полиција, инспектори од СВР – Штип и крим полиција пристигнале во затворот и пронајдената кеса е предадена за понатамошно постапување. - Целото постапување и превземените конкретни чекори е содржан во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен од СВР Штип. Во ниту еден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувал со осуденото лице во негова полза како што беше споменато на пресконференцијата од страна на директорите, реагираат од Синдикатот на УПОЗ. Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов завчера на прес-конференција соопшти дека Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот и истакна дека сите документи ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство. Од настанот во КПД Штип, како што информираше Пандов, на заедничка прес-конференција со директорот на КПД Штип Дејан Здравев и неговиот заменик Ѓорѓи Хубев, има и видео запис направен од видео надзорот во затворот. Како што појасни Пандов, пред Затвор Штип на 20 февруари во 21:40 часот доаѓа возило, кое ја поминувата првата и доаѓа на втората капија, каде затворскиот полицаец во дежурана не го запишува, иако е должен тоа да го направи. Од возилото излегува лице кое што доаѓа до ѕидот на самиот затвори и преку ѕидот префрла топка, додека внатре се појавува затвореник со иницијали Ж.Ж, кој разговара на телефон и уште еден со иницијали Р.К. и бараат нешто во тревникот. Потоа, посочи Пандов, доаѓа затворски полицаец кој им вели дека треба да се вртат и да се оддалечат. - По наредба на командирот, кој што во тој момент е на смена Т.И. се повикани уште четворица затворски полицајци. Затвореникот и понатаму говори на телефони и бара нешто низ тревникот. Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака. И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски лампи се вклучуваат во барање на нештото. Не наоѓаат што не наоѓаат, нагасува Пандов. Наредниот ден дознава и директорот на затворот и по негова наредба повторно се бара во дворот и се наоѓа топка во кеса, во која се пронајдени 35 грама бела прашкаста материја, веројатно кокаин и 50 грама марихуана. -Кога директорот ги прашува командирот и затворската полиција што барале и зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка е дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж се играл со кучката Цеца, он имал скап часовник за кој им навел дека е барем 1 000 евра, кој мора да потенцирам дека го нема пријавено дека е донесен во Затвор Штип, дека му го има земено кучката Цеца, дека трчала низ тревникот и дека го изгубила. Па, овие, за да му излезат во пресрет го бараат часовникот, појасни Пандов. Дрогата, рече Пандов, веднаш е пријавена во СВР Штип, а по наредба на директорот се формира дисциплинска комисија, составена од пет члена, кои ја имаат видео снимката, која одлучува на 28 март годинава дека затворските полицајци не се виновни. - Една госпоѓа во ресоцијализација и уште еден затворски полицаец гласаат дека се виновни и треба да бидат дисциплински казнети, но за жал, полицајците Б.Д., К.П. и З.А. не пронаоѓаат вина и веруваат во тоа дека затворската полиција го барале часовникот што наводно го губи затвореникот Ж.Ж., а кучката Цеца му го има однесено. Притоа мора да потенцирам дека овие затворски полицајци македонската држава, нас како даночни обврзници, не чинат најмалата плата од сите овие затворски полицјаци кои учествуваат во овој дел е 57 илјади денари, а најголемата е 67 илјади денари, со средно образование. Во затворската полиција има и со високо образование вработени, изјави Пандов.Тагови: Александар Пандов УПОЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСе рушат домови на Американци за да се изгради инфраструктура за центри за податоциАмериканската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без домАмериканската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без дом. Државната енергетска компанија „Џорџија Пауер“ со поддршка на државата планира да сруши околу триесет куќи и да преземе стотици парцели, а сопствениците кои одбиваат да ги продадат им се заканува одземање на домот, објавува „Futurism“. Инфраструктура за центри за податоци Проектот е одговор на растечките енергетски потреби на технолошката индустрија и доаѓа во време кога десетици градови низ САД се спротивставуваат на изградбата на центри за податоци поради нивната огромна потрошувачка. Планираниот далновод ќе биде долг 1.600 километри и ќе пренесува речиси 10.000 мегавати електрична енергија од новата електрана. Според официјалните бројки, дури 80 проценти од оваа енергија е наменета за центри за податоци, додека остатокот треба да се дистрибуира до локалните фирми и домаќинства. „Џорџија Пауер“ нуди откуп на земјиштето, но ако преговорите не успеат, ќе се случи присилен откуп на имотот повикувајќи се јавен интерес. Жителите, претежно од руралните делови на Џорџија, се противат на планот да ги напуштат домовите за да се обезбеди простор за инфраструктурата што ќе ги напојува системите на вештачка интелигенција. Една од нив, Ансли Браун, чија семејна куќа е на патот на далноводите, таа се огласи на социјалните медиуми за да предупреди за тешката состојба на нејзината мајка. „Немаме избор тука. Ќе ги продолжат тие далноводи“, порачува таа преку видео на Инстаграм. „А зошто? Поради центрите за податоци. Сето ова се случува поради нив.“ Судбината на жителите е неизвесна Портпаролот на Брајан Џек, локален конгресмен и поранешен политички директор во Белата куќа за време на мандатот на Доналд Трамп, за “Fortune“ потврди дека добиле бројни повици за помош од жители со чии имоти управува „Џорџија Пауер“. Округот на Џек вклучува голем дел од засегнатиот имот. Во случајот со семејството на Ансли Браун, приказната се чини дека е завршена. „Џорџија Пауер“ ги заврши преговорите со семејството, иако деталите за спогодбата не се јавни, веројатно поради доверлив договор. Не е познато до кој степен претставникот интервенирал, но компанијата за електрична енергија соопшти дека го цени неговиот ангажман за интересот на граѓаните. За другите сопственици на куќи, иднината е неизвесна и останува отворено прашањето колку трпение ќе има „Џорџија Пауер“ додека технолошката индустрија бара сè повеќе ресурси за развој на вештачка интелигенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами. Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава. Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер. Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење. Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Секси русокосата не препушта ништо на случајностаАктерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица. Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи. Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите. Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter