Деловниот центар „Соравиа“ на извршителска продажба на 24 април, почетна цена 22,4 милиони евра - Канал 5

Деловниот центар „Соравиа“ на извршителска продажба на 24 април, почетна цена 22,4 милиони евра

Деловниот центар „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен на извршителска продажба закажана за 24 април годинава поради неисполнети финансиски обврски, со почетната вредност од околу 22,4 милиони евра.

Деловниот центар „Соравиа“ на извршителска продажба на 24 април, почетна цена 22,4 милиони евра

Соравиа“ беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата што го поседува атрактивниот објект – „Соравиа инвест“ и влегувањето на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој оперираше со овој објект.

Дрин Ахмети, кој е основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравиа“, во март годинава преку соопштение информираше дека ќе се повлече од раководната функција. Според соопштението од „Тор индустрис“, новиот сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

Продажбата на деловниот објект од 1.307 метри квадратни е по барање на долг од 930 илјади евра, чиј доверителот е „Прва инвестициска банка“ од Софија, Бугарија, согласно договор за залог од септември 2022 година.

Јавната усна лицитација ќе се одржи на 24 април во канцеларијата на извршителот Андреја Буневски, а на јавното наддавање можат да учествуваат само лица кои претходно положиле гаранција од 10% од почетната цена, или околу 2,2 милиони евра.

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Владата на таа држава ги разгледува извршните наредби на американскиот претседател Доналд Трамп за ублажување на царините за производителите на автомобили. 

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

„Тоа е напредок“, рече Шајнбаум, чија земја се смета за една од најизложените на увозните давачки на Трамп.

Таа додаде дека новите правила ќе му дадат на Мексико „дополнителна конкурентска предност“ поради нејзиниот договор за слободна трговија со САД и Канада. /МИА

Халанд повторно тренира со првиот тим

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се врати на тренинзите со првиот тим откако се закрепне од повредата на глуждот, објави денеска англискиот клуб.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Дваесетичетиригодишниот Норвежанецот се повреди на 30 март во победата против Борнмут (2:1) во четвртфиналето од ФА Купот, а оттогаш тренира според индивидуална програма.

Халанд постигна 39 голови за клубот и репрезентацијата оваа сезона, а сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот. /МИА

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

 Пентагон ги сведува на минимум активностите во рамки на програмата „Жени, мир и безбедност“, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се извори од администрацијата. 

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

Одлуката е донесена поради, како што се укажува „фокусирање на водење војна“ и долгогодишна критика од страна на военото раководство за прекумерната бирократска тежина на програмата.

Оваа програма е нова и развиена со учество на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и државниот секретар Марко Рубио, а со цел зајакнување на улогата на жените во спречување конфликти. Но, новиот министер за одрана, Пит Хегсет, ја окарактеризира како „феминистичка агенда поддржана од леви активисти“, со тврдење тврдејќи дека војската ја презира.

Од Белата куќа соопштија дека станува збор за „враќање на програмата на нејзините изворни цели“, и дека ќе бидат укинати деловите од агендата додадени за време на администрацијата на Џо Бајден.

Законот за оваа програма беше потпишан со цел да се зајакне стабилноста преку инклузивно учество на жените. Програмата претходно беше пофалена и од страна на Доналд Трамп како „важен чекор кон демократија“.

притисни ентер