„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
2„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
МакедонијаДелови од Капиштец и Козле денеска без вода Поради уличен дефект на цевка со пречник од 150 милиметри на улицата „Кораб 3", со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улиците „Козле", „Кораб", „Струшка" и „Јуриј Гагарин".Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до завршување со санацијата на дефектот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБританската полиција уапси петмина мажи под сомнение за тероризам во американска базаПетмина мажи се уапсени под сомнение за подготовка на терористички напад со експлозивни направи откако беа пријавени три „сомнителни возила“ кои се движеле кон база на Кралските воздухопловни сили, соопшти полицијата.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осомничените планирале да нанесат „голема штета“ и дека биле под истрага на британските и американските власти. Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави дека бил во контакт со својот американски колега Пит Хегсет..Во меѓувреме, министерството за одбрана на САД го зголеми нивото на закана во базата во Сафолк - каде што се наоѓа 48-то борбено крило на американските воздухопловни сили - на втора највисока категорија. BREAKING: 🇬🇧 Multiple men arrested in the village called Whelford right next to the big air base RAF Fairford where the American planes stay. Army bomb experts are checking some cars there. News around the village said the cars might have been set up to explode The air base is to its highest alert. Another base, RAF Lakenheath, went up to the second-highest alert after something similar happened. Police with guns blocked all the roads in and out of Whelford. They made people leave their houses. Two police helicopters are flying over the village. The village sits right beside where the big bomber planes park. — Megatron (@Megatron_ron) September 27, 2026 Полицијата, сè уште јавно не соопшти кој, според нивните проценки, бил вмешан во случајот. Како најверојатен се смета мотивот поврзан со Иран, изјави извор запознаен со истрагата, додека се разгледуваат и можностите за руска саботажа или заговор од страна на исламисти, јавува „Ројтерс“. Полицијата соопшти дека околу базата е поставен безбедносен кордон во радиус од 400 метри, додека тимот за отстранување експлозивни направи ги прегледува комбињата. A bomb disposal robot has been used at the scene of the incident in the village of Whelford. The vehicle appeared to be inspecting large white vans. Sky's @KamaliMelbourne reports on what is known so far. https://t.co/pbFbjT2Ano Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 https://t.co/hwH9iQgxgH — Sky News (@SkyNews) September 27, 2026 Жителите на 85 куќи во блиското село се евакуирани, а вооружени полицајци патролираа на локацијата.Британската влада, им даде дозвола на САД да ги користат бомбардерите стационирани во Ферфорд за напади врз иранските ракетни позиции што гаѓаа бродови во Ормускиот теснецКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во СалцбургПретседателката Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа сè уште е глобален играч?“. Предвидено е Претседателката да оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на Сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а на агендата е и глобалниот семинар во Салцбург, наведуваат од кабинетот на Сиљановска-Давкова. Таа синоќа присуствувавше на свечениот прием за учесниците на самитот, приреден од градот Салцбург и сојузната покраина Салцбург. Претседателката вчера се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. Архангел Михаил" во Халејн, Австрија. Таа ги информираше за националната стратегија за дијаспора и за Советот за дијаспора, за активностите врзани за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, а тие ја запознаа со работата и животот, изразувајќи задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес променливо облачно со сончеви периодиСпоред Управата за хидрометеролошки работи денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook