Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на политичкото собрание организирано од Европската народната партија во Брисел

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска и утре се дел од политичкото собрание.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска и утре се дел од политичкото собрание организирано од Европската Народната партија во Брисел во рамките на Европскиот парламент.

Мицкоски на маргините на политичкото собрание оствари повеќе разговори и билатерални средби меѓу кој и со Европратениците Едвард Кукан и Милан Звер.

-Имав можност да ги запознаам моите соговорници за сите оние неуспеси во Република Македонија, за вистинската реалност и секојдневие во Република Македонија, во економијата, во образованието, за сите оние криминалии во здравството за сите оние криминални иновации кои што ни беа секојдневие во изминатиот период. Но, она што најмногу ги загрижи моите соговорници, мене но и сите граѓани во Република Македонија е практично е што Република Македонија повеќе не е правна држава и Република Македонија не е држава во која што владее правото.

Практично, се тргува со правото и правдината за реализирање на политички амбиции истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека има основани сомневања дека ваквото владеење на власта може да резултира со нерегуларности и фалсификување на претстојните избори.

-Ги запознав моите соговорници за нашите стравувања дека Зоран Заев бегајќи од предвремени озбори сака да ги украде претседателските избори, односно истовремено сето она кое што се случуваше изминатиот период да биде определен вид доказ за неговите намери да ги украде претседателските избори. Организирањето на фер избори мора да стане услов за напредок на европските интеграции, истакна Мицкоски. /МИА

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер