Делчево и Крушево без директна автобуска линија со Скопје

Крушево автобуски е отсечен од Скопје -  причина, пред две недели превозниците не се сообраќаат на оваа локација.

Во пресрет на летната туристичка сезона кога во Крушево се организартаат голем број настани, ова секако е лоша вест и за организаротите и за крушефчано, но и за туристите. Проблем имаа и сите оние кои поради работните обрски мораат да патуваат до главниот град. За да го направат тоа сега мораат да одат прво до Прилеп, па таму дополнително да чекаат автобус за до Скопје.

Еден од превозниците, за Канал 5 вели дека главната причина за прекинувањето на линијата е зошто не можат да најдат возачи кои се дефицитарни и покрај добрата плата што им ја нудел.

„Одлуката за прекинување на линијата е не поради тоа што нема патници и нема работа. Има патници, има интерес, има добивка, нема загуби, но нема шофер. Нудиме плата 40.000 денари. Имавме еден шофер, во петокот му текна и си откажа. Инаку јас ја работам таа линија шест-седум години. Јас стопанисувам со повеќе од 20 возила и не може да ставиш човек од друг град да работи во друг град. Во денешницава малце проблем е тоа.- Сеат Топалоски, сопственик на автобуска компанија

Освен до Крушево, директна автобуска линија од Скопје нема ни до Делчево, па и таму патниците се снаоѓаат како знаат и умеат. За иронијата да биде поголема, од Делчево редовно транзитираат комбиња и автобуси кои одат кон Италија, Германија и Швајцарија, но не и кон Скопје.

Од Државниот инспекторат за транспорт велат дека ниту една од линиите за овие градови не е укината, а веќе се постапува за линијата Берово-Делчево-Скопје, односно таа да се додели на некој што ќе си ги исполнува преземените обврски да превезува петници.

„За Крушево имаме добиено известување од страна на еден превозник кој врши меѓуопштински линиски превоз на патници дека се откажува од редовната линија со релација Крушево-Скопје-Крушево. За Делчево поднесена е претставка и по истата се постапува. Ве известуваме дека ниту една линија не е укината, туку превозниците не ги одржуваат. Државниот инспекторат за патен сообраќај поднесе предлог за одземање на меѓуопштинска линија на релација Берово – Делчево – Скопје и истата е во постапка во Министерството за транспорт и врски“, соопштија од Државниот инспекторат за транспорт.

Засега нема најава дека за брзо време ќе се реши проблемот со кој живеат Крушево и Делчево, а дотогаш останува оние коин немаат автомобил, а имаат потреба да патуваат, да се снаоѓаат сами, како што знаат и умет.

Коалицијата „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“

 „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“, ветуваат минимална плата од 800 евра

Нов устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата се дел од десетте точки на изборната програма „План 2030“ на Коалицијата „Вреди“.

Коалицијата денеска во Тетово ја презентираше изборната програма со која се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител.

Десетте точки од „План 2030“ ги презентираа носителите на листите во изборните единици.

- Ние сме сигурни дека ја имаме најдобрата листа, имаме листа која ќе ги направи промените. Исто така, нашата програма се однесува на економскиот развој, интегрирање на државата во Европската Унија, како и на подобрување на меѓуетничките односи, подобрување на правата на албанците кои ги претставуваме. Сигурни сме дека на 8 мај оваа листа, и оваа програма ќе биде победничка и после 8 мај ќе биде дел од владината коалиција, истакна Биљал Касами, носител на листата во ИЕ6 и претседател на Движење Беса.

На новинарско прашање кој кандидат ќе се поддржи во вториот круг од изборот за претседател, Арбен Таравари, истакна дека нема дефинитивна одлука и таа ќе биде донесена во текот на наредните денови.

За можното коалицирање со ВМРО ДПМНЕ за состав на Влада, Биљал Касами рече дека се подготвени за разговор.

- Кажуваме дека сме подготвени да седнеме да разговараме за составување на идната влада со тоа што цениме дека сме единствени претставници на Албанците затоа што сме единствена коалиција која ги претставува Албанците, рече Касами.

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Иако за една недела има намалување на бројот на ново заболени со голема кашлица, докторите и денеска на одбележувањето на европаската недела на измунизација едногласни во поракта до родителите, навреме да ги вакцинираат совите деца. 

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, изминатата недела регистирирани се 27 нови случаи со пертусис, и четири нови хоспитализации, а најголем број од новозаболените се на возраст од 10 до 14 години. Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи.

Иако според последните податоци од здравствените власти, има раст во бројот на вакцинирани деца со речиси сите вакцин, докторите велат далеку сме од препорачаните 95 % на имунизација на национално ниво.

„Прв пат од ваков тип теренска вакцинација каде се вклучени сите здравствени домови и се планира да посетат повќее од 3 000 семејства, фокусот е даден на вакцинација со вакцини кои имаат копмонента на пертусис, поради зголемениот број моментално со голема кашлица. Како и за вакцини со МРП вакцина, бидејќи станува збор за едно заразно заболување а за жал имаме далеку од потребниот опфат од вакцинација... “-изјави Бранка Величковска Тенева – министерство за здравство.

Со порака родителите навреме да ги вакцинираат своите деца, со цел создавање на колективен имунитет испратија и од УНИЦЕФ. Велат земјата мора да оди напред во процесот на имунизација, а граѓаните да внимаваат какви информации добиваат.

Граѓаните велат не дозволиво е во 21 век да имаме епидемија за болест за која имаме вакцина.

По прогласувањето на епидемија на голема кашлица на територија на Скопје, здравствените власти препорачаа во градинките се примаат само деца кои изминативе шест месеци имаат примено три дози од Ди Те Пер вакцината, под услов во следните 6 да примат и ревакцина. Но согласно насоките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, оние деца кои имаат закажан термин за ревакцина по истекот на 6 месечниот период и натаму не смеаат да посетуваат градинка, мора да ја чекаат ревакцината.

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

притисни ентер