Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
2Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
АвтомобилизамДелчевци ги извадија олд-тајмерите од гаражите и дефилираа низ градските улициСо почитување на сите мерки за заштита од Ковид-19, денеска членовите на здружението „King’s of the roads" од Делчево, направија спонтан мини собир на кој се претставија со своите возила од кои повеќето спаѓаат во категоријата олд-тајмери. Едно од постарите возила кои денес учествуваа на собирот е автомобилот Алфа Ромео Суд, возило прозиведено 1978 година кое е сопственост на делчевецот Емил Илиевски. -Се работи за оригинален модел каков што го гледате каква што ја гледате, колата е во добра состојба потребна и е само каросериска реставрација. Возилото го имам 6 години, а љубовта кон авотмобилите стари ми се јави уште од мали нозе. Во моментот имам неколку возила кои едно по едно гледам да ги реставрирам. На оние кои имаат желба за купување стари возила, а мислат дека ова е скапо хоби можам да им кажам дека има и поевтини возила кои можат да ги набават доколку сакаат да се дружиме, вели Илиевски. Еден од оние кои пасионирано се занимава со реставрација на олдтајмери е Ангелчо Лефковски кој денес на собирот дојде со својот малку понов модел на БМВ кој е произведен 1987 година. -Колата е БМВ, Е-30 од 1987 година. Целата е реставрирана со доста доработки по неа. Автомобилот е на мојот помал син и не е баш олдајмер туку е тјунинг возило и искрено заради тоа што уште се реставрира слабо ја возиме. Во однос на реставрирањето можам да кажам дека чини доста, колку една нова кола да си купиш, но како што велиме ние овде „секој ќеиф се плаќа", па така доста финансии се вложени и доста има по неа уште да се прави. Планираме да ставиме нови амортизери со друг систем на спуштање и дигање. Возилото има специјално направен издув така што колата е постара ама убава, вели Лефковски. Претседателот на клубот Лоренцо Трајановски изрази задоволство што и покрај пандемијата денеска членовите се собраа после подолго време и ги извадија своите возила од гаражите. -Целта на денешниот собир ни е да се видиме со членовите на клубот, поради тоа што поради пандемијата долго време не се дружевме. Доколку се олабави ситуацијата денес разговараме за можноста кога да го одржиме нашиот собир кој требаше да биде од балкански карактер затоа што имавме најавено учесници од Бугарија Србија, Грција, а имавме конаткти и со членови од Албанија и Косово. Се надеваме дека брзо ќе заврши оваа пандемија за да можеме да го организираме собирот, рече Трајановски. Иако денешниот собри бил спонтан Трајановски најави почесто дружење на делчевските олд-тајмерџии особено со сопствениците на познатите Т-3 комбиња кои оваа година требаше да учествуваат на Балканското мини-бус шоу во Ниш кое поради пандемијата исто така се одложи. -Ќе се дружиме почесто затоа што тоа е нашо хоби, затоа што сите се мераклии и не исполнува. Денес имаме и некои нови членови кои првпат се дружат со нас и со нив разговаравме за нивно вклучување во клубот со потпишување пристапници со што и официјално ќе можат да се зачленат. Да напоменам и една друга работа поврзана со Т-3 комбињата кои во нашиот град ги има во доста добра бројка, негде околу 12-13 такви возила. Годинава со дел од сопствениците на тие возила требаше да учествуваме на Балкан-бус собирот во Ниш на кој беа најавени учесници од 120 земји. Тоа требаше да биде 10-ти собир по ред, а ние бевме пријавени како единствени учесници од Македонија. Со организаторите доколку се подобри ситуацијата со пандемијата ќе разговараме за можноста овој собир следната година да се одржи во Делчево за што благовремено ќе бидете известени, додаде Трајановски. Еден од оние кој денес учествуваше со такво Фолксваген Т-3 комби е и делчевецот Ванчо Цоневски кој планира активно да учествува на бус-митинзите кои ги најави Трајановски. -Денес сум тука со возило Т-3 „фолксваген", комби кое го имам го околу 8 месеци. Имав желба за постари возила одамна, имав застава 750 – фиќо претходно, но немав услови да го средам и затоа го продадов. Лоренцо ми даде идеја за да го средам, повеќе време траеше, но се исплатеше. Возилото ќе ми служи за личен транспорт, но и како олдтајмер кој е во малкју помодерен стил, со додатоци од украсни диоди, додатни фарови и слично, објаснува Цоневски. Сите возила кои денес дојдоа својата убавина ја претставија на дефилето пред своите сограѓани кои пиеја кафе во блиските локали, но уживаа во глетката на булеварот каде што се движеа возилата. За одбележување на денешниот настан е и тоа што учество зедоа младите Матеј Левковски и Никола Тодоровски кои како вљубеници во овој спорт во идниан планираат да учествуваат на разни собири како најмлади членови на Здружението „King’s of the roads" од Делчево./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44