Делчев инспирација за уметноста на сликарот Ангел Петров

Во тремот на куќата, која живее преку карактеристичните обележја на староградската велешка архитектура, академскиот сликар Ангел Петров ја постави изложбата составена од 15 портрети на македонскиот револуционер Гоце Делчев што тој ги наслика во изминатите 20 години.

Овие дела со ликот на учителот, деец и борец за македонското национално ослободување се само дел од творештвото на овој сликар создадено во атељето, на неколку чекори од тремот. А таму, во тој простор на спокој и тишина, што сликарот дозволува само да го распараат звуците на музиката, класичната и изворната, 50 пати е нацртан или насликан, ликот на Делчев. Авторот вели, тоа е карактеристичен лик на кој многупати му се навракав.

„Бидејки има некоја внатрешна сила, некаква емоција, има некоја визија. Во тие очи има тајна која ја носи, желба некаква за овој народ напате“ вели Ангел Петров, академски сликар.

Најголем дел од портретите на Делчев сликани во техниките молив, туш, масло, акварел или пастел сега се сопственост на повеќемина колекционери и љубители на сликарската уметност, дома и во странство.

Петров претпочита ликовите да ги слика во пастел.

„ Можеш да постигнеш мекоќа и флуиднсот и цртите да ги изразиш да не бидат тврди. Тоа ми остана аманет од мојот професор Личеновски. Тој викаше ликот треба цртачки да биде добар, да не биде тврд туку ровит оти човекот е од месо“ вели сликарот.

Изложбата со портрети на Гоце Делчев е поставена по повод 110 годишнината од загинувањето на идеологот. Оваа изложба е во организација на Фондацијата Ангел Петров со која го започнува одбележувањето 55 години творештвото на академскиот сликар. Дома и во странство ќе бидат поставени повеќе тематски изложби од творештвото на Петров

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници

Ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово, вели Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска оствари работна посета на Центарот за обука во Идризово, со цел презентирање полициско тактичко теренска обука од страна на кандидатите за полициски службеници коишто се на обука во Центарот за обука во Идризово, по што беше изведена вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. По вежбата Бојмацалиев изврши увид во текот на реконструкцијата на комплексот Центар за обука.

Како што соопшти МВР, на средба со раководството на Центарот за обука, Бојмацалиев беше информиран за генерацијата која обуката ја започна на 23.04.2023 година а која завршува на 27 април 2024 година. Вкупно кандидати се 508, од кои 416 маши и 92 женски, и досега сите успешно ги имаат завршено сите тестови. Во моментот се реализира последната активност од обуката – Логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма.

Во оваа прилика беше презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите: BOLU – камера чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; Форд Рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница, стои во соопштението.

На крајот од посетата Бојмацалиев изврши убид во текот на реконструкција на 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата – целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово, по цели 53 години ги подобруваме условите во Управната зграда со мензата, двата павиљона за сместување и школски објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари со вклучен ДДВ.

Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд

Пет тинејџери на возраст од 16 до 18 години се повредени во пукање во парк и рекреативен центар во Гринбелт, во американската сојузна држава Мериленд, а еден од нив е во критична состојба, соопштија властите.

Околу 500-600 тинејџери се собраа во Гринбелт за да ја прослават својата завршна школска година, што е широко распространета пракса во многу американски училишта.

Тинејџерите започнале „прсметка“ со водени пиштоли кога одекнале истрели.

Сообраќајните полицајци кои биле во близина веднаш пристигнале на местото на настанот, каде им помогнале на повредените ученици, а стотици тинејџери побегнале од паркот, пренесува Еј Би Си Њуз.

- Ова е ужасен, бесмислен, трагичен чин... Тоа е хронично во нашето општество и мораме да направиме нешто за да го спречиме. Тоа беа деца кои сакаа само добро да се забавуваат во локалниот парк, изјави шефот на полицијата на Гринбелт, Ричард Бауерс.

Тој информира дека сите пет жртви биле пренесени во локалните болници.

- Полицијата верува дека напаѓачот побегнал со група средношколци и во моментов не е лоциран, изјави Бауерс./МИА

Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.

Информацијата за можна разделба на „Граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот Хорхе Пикон.

Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.

Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Жирона.

Сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.

Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено. /МИА

притисни ентер