Дел од трговиците се уште употребуваат пластични кеси и покрај тоа што се забранети со закон

Пластичките кеси законски една година се забранети за употреба, но во пракса и ден – денеска се користат. На ова предупреуваат од Иницијативата за ослободување од еднократна пластика.

Тие забележале дека кесите кои на каса се продаваат за 15 денари и треба да се биоразградливи се продаваат помалку, но затоа повеќе се користат кеси без рачки, наменети за овошје и зеленчук. Според нив, тие повеќе ја загадуваат околината – не се практични, полесно се кинат, а граѓаните ги фрлаат и има повеќе пластично ѓубре.

„Тие се пластични кеси, бидеќи Законот забранува пластични кеси, тие треба да бидат исфрлени од употреба т.е. да ги нема. Но, се изигрува законикот. Големата причина е што граѓаните не знаат за алтернатива на користење на тие кеси, како што знаеа пред забраната за платнените торби. Постојат мрежи за размерување на овошје и зеленчук кои може да бидат користени повеќекратно. Но, тие не се користат на македонскиот пазар“, изјави Здравко Савески од Иницијативата за ослободување од еднократна пластика.--Здравко Савески, Иницијатива за ослободување од еднократна пластика.

Од Иницијативата му порачуваат на Министерството за екологија дел од парите од кесите кои ги собираат во специјалниот фонд да ги инвестираат и во производсво на мрежи за овошје и зеленчук. Од екологија велат дека досега се собрани речиси 2 милиони евра од наплатата на кесите од 15 денари кои треба да се биоразградливи. Годинашниот фонд, екологија, планира да го инвестира во набавка на контејнери и садови за селекција кои би се инсталирале во општините. Со тие пари, Министерството ќе прави и кампања за да ги едуцира граѓаните јаји да ги секејтураат отпадот од домаќинствата.

Последните анализи на Државниот завод за статистика, покажуваат дека само во 2021 година се произвеле 5 800 тони пластички кеси и вреќи. Според Иницијативата заослободување од еднократна пластика, проблемот на загадувањето од пластика е сериозен, бидејќи не се рециклира целата пластика. Анализите покажале дека глоблано само 9% од пластиката се рецклира, 12% се гори, а останатите 79% се трупаат во ѓубришта и завршуваат во водите. Затоа, од граѓаните се бара помала употреба на пластиката, а институциите целосно да ја забранат употребата на пластичните кеси.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер