Дел од родителите на настраданите во пожарот во дискотеката Пулс добиваат закани преку интернет - Канал 5

Дел од родителите на настраданите во пожарот во дискотеката Пулс добиваат закани преку интернет

Закани и навреди на социјалните мрежи, тврдат дека добиваат дел од родителите на настраданите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. 

Дел од родителите на настраданите во пожарот во дискотеката Пулс добиваат закани преку интернет

Верица Трифунова, мајка на трагично загинатата Моника Спасова, на својот фејсбук провил сподели дел од пораките кои еден од родителите ги добил од профил под име Благојче Велков кој им се заканувал, како што велат, дека ќе останат и без децата кои им останале живи, а подоцна и таа лично добила слични закани. Велат дека ги пријавиле заканите во полиција, а од МВР за Канал 5 велат дека пријава не добиле, но постапуваат по допрен глас.

-Секторот за компјутерски криминал врз основа на своите законски надлежности, интензивно презема дејствија за испитување на наводите и веќе постапува по однос на откривање на идентитет на лицето кое испраќа вакви пораки и утврдување на веродостојноста на информациите во врска со истото.- МВР

Инаку родителите на настраданите во трагедија вчера доставија и официјално барање до кочанското обвинителството за средба со обвинителите. Тие бараат образложение околу поднесеното обвинение и неговата содржина, односно кои физички и правни лица се опфатени, кои се изземени од оговорност и зошто. Од обвинителството пак одговорија дека се бара соодветна локација за таква средба.

Инаку и денеска продолжуваат партиските обвинувања за трагедијата. Опозициската СДСМ бара одговорност и оставки од првите луѓе во МВР, а прашуваат и зошто во истрагата не била опфатена главната инспекторка за економски криминал.

-Главната инспекторка за економски криминал Кристина Јованова да не е опфатена со истрагата. Како е тоа можно? Таа имала надлежност да постапи, а не презела ништо, иако дискотеката „Пулс“ работела нелегално повеќе од една година – без лиценца, со блокирана сметка. – Миле Талески – СДСМ

Од ВМРО ДПМНЕ пак порачаа СДСМ да не ја политизира трагедијата во Кочани.

-За разлика од нивното владеење, каде што освен Влада, беа и судии и обвинители, сега тие се оставени да си ја вршат сопствената работа и не им се врши никаков политички притисок. Судиите и обвинителите коишто се занимаваат со овој несреќен случај, се истите тие кои СДС и ДУИ, во нивно време си ги бираа во своите штабови во Зајас и Муртино, велат од ВМРО ДПМНЕ.

YouTube video

Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес

 Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на половина од 4.000 припадници на Националната гарда, кои беа распоредени во Лос Анџелес за да го заштитат федералниот имот и персоналот за време на серијата протести .

Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на половина од 4.000 припадници на Националната гарда, кои беа распоредени во Лос Анџелес за да го заштитат федералниот имот и персоналот за време на серијата протести минатиот месец, соопшти вчера Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека одлуката е донесена поради успешноста на мисијата.

- Благодарение на нашите војници кои се одзваа на повикот, беззаконието во Лос Анџелес се намалува, рече Парнел во изјава. „Поради тоа, министерот нареди ослободување од мисијата на 2.000 припадници на калифорниската Национална гарда“, додаде тој.

Претседателот на САД Доналд Трамп ја распореди Националната гарда на Калифорнија во Лос Анџелес во јуни, спротивно на желбите на демократскиот гувернер Гавин Њусом, со цел да ги спречи протестите предизвикани од имиграциските рации на работни места извршени од агенти на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ). Покрај тоа, на улиците на градот беа испратени и околу 700 маринци.

И покрај правните предизвици, американскиот апелациски суд му дозволи на Трамп да ја задржи контролата врз Националната гарда на Калифорнија.

Но, неговата одлука за испраќање трупи во Лос Анџелес поттикна национална дебата за користењето на војската на американско тло и ги заостри политичките тензии во вториот најнаселен град во земјата. Пентагон го оправда распоредувањето, велејќи дека заштитата на агентите на ИЦЕ им овозможува да ја вршат својата работа.

По повлекувањето на дел од воените сили од Лос Анџелес, 2000 припадници на Националната гарда ќе останат во градот, заедно со околу 700 маринци. Трупите во Лос Анџелес имаат овластување да приведуваат лица кои претставуваат закана за федералниот персонал или имот, но само додека не бидат уапсени од полицијата. Воените службеници немаат овластување сами да спроведуваат апсења.

Трамп изјави дека ќе депортира милиони луѓе од земјата и спроведе рации на работни места, вклучувајќи и фарми кои претходно беа поштедени од такви мерки во неговиот прв мандат. Администрацијата се соочи со десетици тужби низ земјата кои ја оспоруваат нејзината тактика.

Трамп сè повеќе се потпира на војската во неговите имиграциски акции. Освен испраќањето трупи во Лос Анџелес, илјадници активни војници беа распоредени на границата со Мексико, а Пентагон воспостави воени зони во пограничниот регион.

Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки.

Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји.

Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за воспоставување општи царини за повеќе од 20 земји, јавија британските медиуми.

-Наскоро ќе објавиме писмо каде што ќе зборуваме за многу земји што се значително помали. Веројатно ќе ставиме една царина на сите нив... Веројатно малку над 10 проценти, рече тој.

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук.

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук во состав Сузан Мерт-Томази на виолина, Андреј Јаблоков на виолина, Елеонора де Пои на виола, Леонардо Сесена на виолончело и Драган Трајковски на контрабас.

Тиролскиот симфониски оркестар го сочинуваат виолинистите Сузане Мерт-Томази која е член на оркестарот од 1998 година и често ја остварува функцијата на трет концерт-мајстор на оркестарот и членува во Тиролскиот ансамбл за нова музика, нејзиниот колега од групата втори виолини Андреј Јаблоков од Братислава кој е член на оркестарот од 2012 година. Покрај нив, движечка сила на квинтетот е Драган Трајковски, контрабасист со потекло од Македонија кој е водач на групата контрабаси на ТСОИ повеќе од 15 години, како и двајца нови членови на ТСОИ- водачот на групата виоли Елеонора де Пои и соло виолончелистот Леонардо Сесена. Де Пои има настапувано како оркестарски музичар во театрите во Фиренца, во „Ла Фениче“, како и во оркестарот на Националната академија „Санта Чечилија“, додека пак Сесена бил член на оркестарот на Миланската „Ла Скала“, како и заменик-водач на групата виолончела на Лондонската филхармонија.

На програмата на вечерашниот концерт во „Света Софија“ се дела на Гулда, Дворжак и Трајовски-Фис.

притисни ентер