Дел од парите за пругата Куманово-Бељаковце ќе бидат повлечени со ребаланс на Буџетот

При изборот на нов изведувач очекуваме веќе да не ни се јавуват вакви проблеми на трасата. 

Ниското ниво на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски се должи на застојот во изградбата на железничката делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија и дел од средствата ќе бидат повлечени со ребалансот на Буџетот, а кај другите проекти има добра реалзиација, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој истакна дека за проектот за пругата Куманово – Бељаковце треба сериозна анализа и посочи дека највереројатно ќе се оди со нова постапка поради спорот со изведувачот кој ги сопре активностите на терен.

-При изборот на нов изведувач очекуваме веќе да не ни се јавуват вакви проблеми на трасата. Тоа е делница на која се работи 25 години, нешто што е недозволиво и ако сакаме да бидеме држава која ќе биде пример за реализација на капитални инвестиции ова не смееме ова да го дозволиме, порача Бочварски.

Доизградбата на пругата од Куманово до Бељаковце е во приоритетите за работа што ги претстави денеска во кои е предвидено и да започнат и со втората и третата фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија, како најголем инфраструктурен проект, како и да ја пуштат во сообраќај новата пруга од Битола до Кременица.

Бочварски на прес-конференцијата потврди дека кај автопатот Скопје – Блаце има ниско ниво на експропријацијата, но, како што рече, изведувачот е воведен во работа, му течат роковите и може да почне да работи согласно законите, а експропријацијата да се случи понатаму бидејќи е објект од јавен интерес.

-Поради затекнатите пробеми кои во минатото се појавувале во реализација на капиталните проекти, со брзо почнување на одредени проекти за потоа да се увиди дека има низок проект на експропријација или пак избразно направенипроекти без целосно истражување како што е проектот за автопатот Кичево Охрид каде при почнувањето со градба почнуваат сериозни проблеми, мора да направиме систем којшто ќе овозможи на среден рок навистина кога ќе почнеме проект да има повисоко ниво на експропријација. треба да имаме добри проекти, нешто за што често ни реагира и Европската унија од каде ги добиваме голем дел од средствата. Целта е кога ќе почнеме одреден проект да се реалзира без проблеми, рече Бочварски, во одговор на новинарско прашање.

Претставувајќи ги приоритетите во работата и насоките и проектите од мандатното писмо од премиерот тој вети висока реализација на капиталните инвестиции. Упати повик за вклучување на градежни и сообраќајни инженери, правници и архитекти, професори и експерти од секоја област во поставување систем кој ќе биде мозокот и вистински координатор на оперативата за силни капитални инвестиции.

Во соработка со сите надлежните институции, истакна, продлжуваме со спроведување на десетгодишната Стратегија за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност, преку инвестиции од дополнителни две милијарди евра.

Најави дека ќе продолжат со поинтензивна изградба на автопатот Кичево – Охрид, како и дека во овој мандат целосно ќе го реконструираат патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан и ќе почнат постапка за проширување на автопатот од Тетово до Гостивар.

-Истовремено се врши проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево со што целиот Западен Коридор 8 ќе биде нова и модерна врска. Исто така, продолжуваме и со изградба на автопатот Скопје – Блаце, заради зголемување на трговската соработка и можност на нашите компнии за излез на пазарот во Косово. Понатаму, продолжуваме да ги градиме експресните патишта: втората фаза од Штип – Радовиш, втората делница од Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка и Градско – Прилеп. Започнуваме со изработка на проектна задача за Автопат Прилеп-Битола. Во овој мандат ќе работиме на започнуваме со изградба и на нови два експресни патишта: Смоквица – Струмица – Ново Село, како и Битола – граничен премин Меџитлија со обиколница Битола, вети Бочварски.

Се обврзуваме, рече, да спроведеме рехабилитација на преку 1000 километри магистрална и регионална патна мрежа.

-Дел од регионалните патишта веќе започнавме да ги реконструираме, за дел постапките за реконструкција ќе следат веќе следниот месец а останатите се предвидени во програмата на ЈП за државни патишта, за што морам да потенцирам дека веќе се обезбедени средствата. Во соработка со Владата и општините продолжуваме многу позасилено со реализација на инвестициите во локални патишта, нивна рехабилитација и санација, за што вложуваме 70 милиони евра. Тендерот за првите 27 проекти привршува и очекуваме по изборот на изведувач набрзо на терен да почне да се работи, информира Бочварски. Дополнително подготвуваат постапка за санација на уште 30 улици и патишта низа општините.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер