Дејвис куп: Победа за Македонија, Мицов го донесе вториот поен против Малта - Канал 5

Дејвис куп: Победа за Македонија, Мицов го донесе вториот поен против Малта

Репрезентацијата на Македонија со победа стартуваше на годинашново издание од Третата Европска група од Дејвис купот. Во вториот сингл меч Стефан Мицов донесе втор поен за нашиот национален тим и со тоа победа во првото коло за Македонија.

Дејвис куп: Победа за Македонија, Мицов го донесе вториот поен против Малта

Мицов по 2 часа и 30 минути игра го совлада Алекс Де Габриеле со 2-1 во сетови (4-6 6-0 7-6(3)).Во првиот сет се водеше голема борба и по 3:2 во гемови во шестиот гем беа одиграни 20 поени, а Мицов не реализираше две брејк топки. Потоа во следниот гем на сервис на ривалот не искористи три брејк топки и во деветтиот гем Де Габриеле успеа да направи брејк и со тоа да поведе со 5:4 и сетот го заврши со 6:4.

Во вториот сет Мицов имаше целосна контрола. Во овој сет при обид да врати една топка Де Габриеле се повреди и откако му беше укажана лекарска помош го продолжи мечот, но тешко се движеше. Мицов сетот го заврши без загубен гем со 6:0.

Во решвачкиот сет Де Габриеле се врати и во третиот гем направи брејк за водство од 2:1, но Мицов во следниот гем имаше ри-брејк за 2:2. До крајот на сетот немаше брејкови и мечот беше решен во тај брејк. Мицов одигра одлично и го доби со 7:3 на поени.

Македонија ја победи Малта, а во мечот во двојки ќе играат: Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ кај Македонија, додека кај Малта на местото на Де Габриеле ќе настапи Стархиња Ѓукиќ со Лиам Деликата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“.

„Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп.

Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание.

„Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој.

Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Официјална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков.  

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање.

Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика.

Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер