Дејвис Куп: Максимални 3:0 и против Азербејџан

Тениската репрезентација на Македонија денеска ја постигна и третата победа од 3:0 во рамките од Д групата од Дејвис купот што се игра во Сан Марино.



Нашите тенисери го совладаа Азербејџан и на убедлив начин го освоија првот место во групата и се пласираа за утрешното полуфинале, каде противник ќе ни биде Норвешка или Грција. Противникот ќе биде одреден со извлекување. Претходно Македонија ги победи Турција и Албанија.

Во првиот меч денеска Давид Мицевски го победи Ариф Гулиев со 6:0 и 6:1 во сетови. И во вториот меч Стефан Мицов на противникот Ајхан Манафли му препушти само еден гем беше 6:1 и 6:0 по сетови.
Третиот меч во двојки, Мицевски и Мицов ги победија Гулиев и Манафли со 6:1 и 6:0.

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот

Во вторниците 23 април и 7 мај, т.е. деновите пред одржувањето на изборите во државава, наставата во училиштата ќе се реализира вообичаено согласно распоредот, а училиштата во кои утредента ќе се организира гласање ќе работат од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија односно класови, соопшти Министерството за образование и наука.

Деновите на изборите, средите 24 април и 8 мај 2024, се неработни за сите училишта. МОН денеска во сопштение наведува дека и покрај овие два неработни дена, наставата од учебната 2023/2024 ќе се реализира во целост, како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта.

-Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, посочува МОН.

МОН во соопштението потсетува на утврдените календари според кои наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни, така што учебната година нема да биде продолжена поради двете неработни среди.

Со одлука на Владата од седницата во вторникот, заради непречено спроведување на првиот и вториот круг на Претседателските избори и на Парламентарните избори 2024, деновите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани на целата територија на државава, и тие нема да се одработуваат.

Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно

Британскиот пилот, Луис Хамилтон најави учество во трките во Формула 1 уште неколку сезони откако ќе наполни 40 години.

Во пресрет на кинеското Гран при, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека не е загрижен за коментарите за неговиот „доцен“ трансфер во Ферари во 2025 година.

- Мислам дека мојата одлука не треба да биде оправдана. Знам дека ова е вистинскиот избор за мене и откако ја донесов одлуката, ситуацијата не се промени. Никогаш немало момент да се посомневам, а туѓите коментари не ме тераат да се двоумам. И денес има луѓе кои се уште зборуваат глупости и тоа ќе продолжи до крајот на годината. И само ќе треба да го направам она што го направив минатиот пат. Ме чекаат возбудливи времиња. Ќе се тркам добро откако ќе наполнам 40 години. Ферари не е нешто краткорочно. Јас не сум најстариот пилот. Ќе се тркам подолго време и прекрасно е што Алонсо е сè уште тука, рече седумкратниот шампион во Формула 1.

Ф1 трката во Кина ќе се вози в недела (21 април).

Во тек преговори за формирање нова хрватска Влада, Пленковиќ најавува парламентарно мнозинство

Во Хрватска денеска се очекува да започнат преговорите за формирање на владејачкото мнозинство, бидејќи ниту една партија на вчера одржаните парламентарни избори, не освои доволно мандати самостојно да формира влада.

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои најмногу гласови, што на таа партија и дава најголеми шанси да формира ново мнозинство, но изборните резултати сугерираат дека ќе има тешки преговори за тоа.

„Наскоро ќе дознаете со кого ќе го формираме мнозинството во Саборот. Со некои колеги разговаравме во изборната ноќ, разговорите ги продолжуваме денеска“, објави на Фејсбук премиерот и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Според последните податоци на Државната изборна комисија речиси од сите обработени избирачки места, ХДЗ освоила 61 мандат, односно 58 мандати во десет изборни единици во Хрватска и три во посебната 11-та изборна единица за дијаспората.

Тоа е вкупно пет мандати помалку отколку на последните парламентарни избори, кога Пленковиќ брзо дојде до мнозинство од 76 гласа во Парламентот со поддршка од осум претставници на националните малцинства, меѓу кои и тројца од Независната демократска српска партија (СДСС) и двајца претставници на мали либерални партии.

Коалицијата на левиот центар предводена од опозициската Социјалдемократска партија (СДП) освои 42 мандати, еден мандат повеќе отколку на изборите во 2020 година Таа партија немаше листа во 11-тата изборна единица.

На трето место е десничарското Движење Татковина со 14 мандати, Мост освои 11, а зелено-левичарската партија Можемо десет мандати.

Во Саборот ќе влезат и неколку помали партии од левиот центар, регионалниот Истарски демократски сабор и Независната платформа Север имаат по два мандата, а еден има коалицијата Фокус-Република.

притисни ентер