Дејвид Бекам: Приказната на мојот живот е напишана на мојата кожа - Канал 5

Дејвид Бекам: Приказната на мојот живот е напишана на мојата кожа

Дејвид Бекам кој се доближува до петтата година откако сe повлече од фудбалските терени, реши пред своите фанови да ја објасни својата пасија за тетоважи.

Дејвид Бекам: Приказната на мојот живот е напишана на мојата кожа
- Орелот е мојата омилена птица, зборот Бастер на вратот е врежан поради најстариот син Бруклин кого јас го нарекувам Бастер, а детскиот цртеж на дланката е инспириран од цртеж на мојата ќерка Харпер - објаснува Бекам.

- Ја гледав Харпер како црта еден ден, и си помислив - ова морам да го истетовирам на себе!

Playful: The former sportsman also highlights the childlike stick design on his left palm, inspired by one of his young daughter's drawings...

Семејството е голема инспирација за тетоважите на Бекам. Под градите тој ја има реченицата „Те сакаме тато“ напишана со детски ракопис.



Tribute: Family proves to be a motivating factor behind many of Beckham's new designs

Ова се само некои од бројните тетоважи на Бекам, а зад секоја од нив стои по некоја приказна од неговиот живот.

Related image

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ.

Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости.

Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија.

Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер