Дејли Меил: Абрамович го купува клубот Валенсија - Канал 5

Дејли Меил: Абрамович го купува клубот Валенсија

Рускиот олигарх Роман Абрамович ги минува најтешките денови во професионалната кариера.

Дејли Меил: Абрамович го купува клубот Валенсија

Сопственикот на Челзи е еден од најистакнатите протагонисти на руската инвазија на Украина, имајќи предвид дека многу тесно соработувал со државата, но и со претседателот Владимир Путин.

ЕУ и Велика Британија ги замрзнаа сите средства на Роман Абрамович, кој се најде отсечен од поголемиот дел од неговото богатство, кое изнесува околу 6,5 милијарди фунти. Според таблоидот Дејли Меил, оваа недела работите станале толку лоши, што Абрамович побарал од своите богати пријатели да му позајмат пари.

Сепак, многу интересни вести доаѓаат од Англија. Тие преку извори на шпанските медиуми потврдија потенцијална огромна вест за фудбалот. Абрамович е во процес на продажба на Челзи, а во моментот кога ќе ја склучи зделката и ќе ги прекине сите врски со Островот, се подготвува да ја купи шпанска Валенсија.

Поранешниот шпански шампион и освојувач на Купот на УЕФА е во големи финансиски проблеми. Во ноември забележале дефицит од 31 милион евра за изминатата финансиска година, а проекциите велат дека годинава состојбата ќе биде уште полоша со загуба од околу 36 милиони евра.

Сопственикот на клубот, Сингапурецот Питер Лим веќе му позајмил на клубот 40 милиони евра, но бара излез од оваа ситуација и сака што поскоро да ја продаде Валенсија. Мигел Зорио, шпански претприемач, јавно изразил интерес, тврдејќи дека Валенсија намерно ја објавила понудата на Абрамович до медиумите.

Се очекува Зорио да одржи прес-конференција некаде кон крајот на овој месец на која ќе ја претстави својата понуда. Питер Лим се обидел да го продаде клубот за 250 милиони евра, но не успеа, изјави Зорио за локалните медиуми и додаде: „Во последно време протекуваат информации за понуди, и мои и на Абрамович“.

Не се знае точно колкави понуди стигнале до Лим. Шпанските медиуми шпекулираат со бројки од околу 150 милиони евра. Валенсија направи големи кратења во последните неколку сезони, па денес е на долниот дел во лигата кога е во прашање распределбата на платите на играчите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Георгиевски: Ја зголемивме еднократната финансиска поддршка за новороденчињата и сега изнесува 6.000 денари

Инвестираме во спортот – се реновираат спортските сали во училиштата, стадионот во Илинден добива нова трибина.

Георгиевски: Ја зголемивме еднократната финансиска поддршка за новороденчињата и сега изнесува 6.000 денари

Пред една година, по вторпат ја добив вашата доверба да ја предводам Општина Илинден. За мене, таа доверба претставува голема чест, но и голема одговорност и обврска да продолжиме таму каде што застанавме, да работиме со уште посилно темпо, да бидеме присутни во секое населено место и потребите на граѓаните секојдневно да ги претвораме во конкретни решенија, нови проекти и подобри услови за живот. Денес, кога правиме пресек на првата година од новиот мандат, можеме да зборуваме за конкретни резултати во сите области од општественото живеење.

Еден од нашите најголеми приоритети и во овој мандат останува патната инфраструктура. Во изминатиот период целосно го реконструиравме локалниот пат Мршевци–Дељадровци, во должина од околу 1.900 метри, со проширен коловоз и нов тротоар долж населените делови. Во населбата Јака ги изградивме улиците „103“ и „111“, со повеќе од еден километар нов коловоз, завршен е и капиталниот проект за изградба на нов плочест мост и сервисната улица „500“, во должина од околу 260 метри и широчина од 6 метри, со кој се создава нова сообраќајна врска и се подобрува пристапот кон централниот дел на Општината.

Во Кадино целосно ја реконструиравме улицата „11“, во должина од околу 500 метри. Целосно ја реконструиравме улицата „6“, во должина од околу 350 метри, а се изведуваше и асфалтирање на улицата „5“, во должина од околу 310 метри. Во населено место Илинден го реконструиравме коловозот на улицата „30“, во должина од околу 600 метри, додека во завршна фаза е и реконструкцијата на една од најзначајните сообраќајници во централниот дел на општината – улицата „9“ во должина од околу 1.200 метри и изградба на тротоари од двете страни. Исто така, започнаа и градежните работи за реконструкција на дел од локалниот патен правец Илинден–Јурумлери, во вкупна должина од околу 500 метри.

Покрај поголемите инфраструктурни проекти, во текот на годината реализиравме и бројни санации и реконструкции на помали улици, краци и пристапни патишта во сите населени места, при што се опфатени повеќе од 4.500 метри локална патна инфраструктура.

Посебно внимание посветивме на инфраструктурата во локалните економски зони. Во Стопанскиот комплекс Илинден ја изградивме и асфалтиравме улицата „6“, во должина од 450 метри, а започнавме и со изградба на улицата „3“ во локалната економска зона Марино–Кадино, во должина од околу 400 метри.

Општина Илинден, исто така, потпиша и Меморандум со бизнис секторот за изградба на нов мост во Стопански комплекс „Илинден“, со чие остварување ќе се изврши проширување на коловозот и ќе се подобри пристапноста до оваа локална економска зона.

Во делот на економскиот развој се одржа и вториот Регионален саем „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“, на кој се претставија повеќе од 70 компании од различни области. Продолжи и директната финансиска поддршка за младите претприемачи, занаетчиите и малите локални бизниси, а за земјоделците повторно обезбедивме бесплатни агрохемиски анализи на почвата.

Продолживме и со проектот „Илинден – Светла Општина“, преку кој во текот на оваа година поставивме околу 6.000 метри нови линии за јавно осветлување.

Значајни инвестиции во оваа прва година реализираме во областа на животната средина. Во Кадино се изградени повеќе од пет километри примарна канализациска мрежа, потисен цевковод и нови краци. А започна и изградбата на нов препумпен уред за фекалната канализација во овој дел од општината.

Во Миладиновци започнавме со изградба на уште еден капитален проект за изградба на нова фекална канализациска мрежа во вкупна должина од околу 4.600 метри. Во Илинден го завршивме новиот препумпен уред на ул. „19“ и продолживме со проширување на канализациската мрежа на повеќе локации. Нови канализациски линии и приклучоци реализиравме и во Илинден, Марино, Кадино и Јака, со што продолживме со постепено проширување на системот и приклучување на околу 150 нови домаќинства и објекти.

Со истата посветеност работевме и на подобрување на водоснабдувањето. Во текот на годината ја проширивме и реконструиравме водоводната мрежа во Кадино, Ајватовци и Илинден, со нови секундарни линии и приклучоци. Еден од најзначајните проекти во овој дел е целосната реконструкција на водоводната мрежа долж улицата „9“ во Илинден, во должина од приближно 1.200 метри. Со оваа инвестиција, по повеќе од четири децении, се заменува дотраената инфраструктура, се подобрува притисокот и сигурноста на водоснабдувањето и се намалува ризикот од дефекти и загуби на вода.

За квалитетни јавни услуги потребни се и современи и добро опремени јавни претпријатија. Затоа за ЈКП „Илинден“ набавивме нова градежна машина – ровокопач, како и нова модерна опрема: батериски тримери, телескопска пила, батериска дувалка, косилка, машина за чистење на подна површина, апарати за заварување и батериска брусилка, противпожарни метли, грбни прскалки, моторни косилки – тримери, моторна пила, бензинска косилка и моторна прскалка – дувалка.

Образованието и во новиот мандат останува еден од најважните столбови на нашата работа. Започнавме со капитална инвестиција за изградбата на новата училишна зграда во рамките на ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден, на површина од над 900 квадратни метри на два ката, која ќе располага со 10 училници, шест санитарни јазли, лифт за непречена мобилност, две простории за складирање и наставничка канцаларија.

Во СОСУ „Илинден“ изградивме целосно нов паркинг простор со капацитет за над 30 возила за потребите на училиштето, како и заштитната ограда кај спортскиот комплекс „Драго Маневски“. Исто така, набавена е и текбол маса, со што СОСУ „Илинден“ стана првото училиште во државата со ваков тип спортска опрема.

Во подрачното училиште на ООУ „Ристо Крле“ во Бунарџик адаптиравме просторија за одделенска настава и мини сала за физичко и здравствено образование. Во централното училиште во Кадино ги реновиравме санитарните простории и опремивме нов кабинет по македонски јазик, партерно го уредивме дворот со бетонски маси и клупи за шах. Додека во Мралино целосно го реконструиравме спортското игралиште при училиштето.

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ целосно го опремивме кабинетот по информатика, реновиравме училници и целосно опремивме просторија за продолжен дневен престој. Во подрачното училиште во Мршевци ги реконструиравме санитарните јазли, отворивме нов влез и ги заменивме старите метални врати, додека во подрачното училиште во Текија целосно ги заменивме клупите и столчињата и партерно го уредивме дворот со бекатон плочки.

Продолживме и со системската поддршка на учениците. На најуспешните пеесетина ученици им доделивме признанија и продолживме со организација на летниот камп во Охрид. Од учебната 2026/2027 година, покрај училишниот ранец и приборот што традиционално ги обезбедуваме, воведовме и нова мерка за еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче.

Грижата за најмладите продолжува и преку детската заштита. Во употреба ја пуштивме новата современа централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, со површина од околу 300 квадратни метри и капацитет за подготовка на повеќе од 800 оброци дневно, при што со адаптација на постојната кујна во две нови занимални ќе создадеме место за уште 50 деца и капацитетот на градинката ќе се зголеми на околу 650 дечиња.

Истовремено, ја зголемивме и еднократната финансиска поддршка за новороденчињата, која сега изнесува 6.000 денари.

Продолжуваме и со значајни инвестиции во спортот. На фудбалскиот стадион во Илинден се гради нова трибина со капацитет од околу 1.100 гледачи, со современи подтрибински административни и технички простории, соблекувални, санитарни јазли, простории за судии и официјални лица, магацински простор и паркинг. Веќе е поставен и современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, со што се создаваат современи услови по УЕФА стандарди за тренинзи и натпревари и во вечерните часови.

Се реновираше и спортската сала „Гоце Делчев“, која по речиси две децении користење ќе добие обновен под, реновирани трибини и соблекувални, заштитна ограда и подобрени услови за осветлување. Во Мралино пуштивме во употреба целосно реконструирано спортско игралиште со нова вештачка трева, ЛЕД осветлување, нова заштитна ограда, голови и мини трибина. Во Марино целосно е реконструирано мултинаменското спортско игралиште, при што се обновени фудбалскиот терен со нова вештачка трева, голови и заштитна мрежа, како и кошаркарскиот терен со нови подни плочки, табли и обрачи, а дополнително е поставена и нова заштитна ограда.

Продолживме и со изградба и обновување на детските катчиња. Ново современо детско игралиште изградивме во Марино. Нови детски содржини поставивме и кај Домот на култура во Кадино, на игралиштето помеѓу улиците „525“ и „500“, како и долж пешачката патека Марино–Кадино и на улицата „30“ во Илинден.

Ги поддржавме и спортските клубови, младинскиот спорт и индивидуалните спортисти, а објавивме и јавен повик за финансиска поддршка на најуспешните спортисти од Општина Илинден.

Продолживме со уредување и збогатување на јавните простори во населените места. По изградбата и уредувањето на новиот урбан парк-плоштад во Марино, со зелени површини, фонтана, урбана опрема, детско игралиште, улично осветлување, паркинг простор и сервисна улица, започнува реализацијата на нов парк и во Миладиновци, простор кој ќе биде наменет за одмор, рекреација, прошетки и дружење.

Во рамките на проектот „Зелена Општина Илинден“, во текот на оваа година засадивме над 1.000 садници. Активно продолживме со чистењето на дивите депонии на територијата на Општината. Континуирано работевме и на чистење, нивелирање и регулирање на атмосферските канали и речните корита, во вкупна должина од над 43.000 метри.

Продолживме и со мерките со кои граѓаните директно ги вклучуваме во зелената трансформација. Доделивме решенија за субвенции за набавка на инвертер-клими или соларни панели, како и решенија за набавка на велосипеди. Во Јака, започнавме и со пилот-проект за примарна селекција на пластичен отпад, преку кој дел од домаќинствата добија посебни садови за селекција на отпад.

Паралелно инвестиравме и во културната и општествената инфраструктура. Се изврши реновирање на домовите на култура во населените места Мралино, Кадино, Текија, Марино и Миладиновци. На новиот урбан парк-плоштад во Марино поставивме бесплатна јавна Ви-Фи мрежа. Изработивме и нов виртуелен водич преку кој ја мапираме општината и на современ начин ги промовираме природните, културните и историските богатства.

Почитувани сограѓани,

За помалку од една година од почетокот на новиот мандат, реализиравме значаен број проекти. Дел се целосно завршени и граѓаните ги користат, дел се во тек, а за следните капитални инвестиции ја подготвуваме потребната документација. Продолжуваме со јасна визија за модерен, европски и економски силен Илинден, со подобра инфраструктура, квалитетно образование, повеќе простор за спорт и култура и силна локална економија!

YouTube video

Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Поддржуваме инвестиции што значат повеќе енергија и почиста животна средина

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Поддржуваме инвестиции што значат повеќе енергија и почиста животна средина

„Добар ден и од мене.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на сопственикот на овој објект, којшто ќе биде наскоро, денеска пуштен во употреба. Приватна инвестиција во делот на енергетиката, когенеративна централа. Што значи когенеративна централа? Дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни престојат оваа зима. Можевме да го разгледаме самиот објект, да се увериме во тоа што е инсталирано, во гасните мотори, во автоматиката, во сè она коешто инвеститорот го подготвил за следната грејна сезона. Се запознавме со неговите планови за проширување на инвестицијата.

Јас му честитам, ова е во насока на подобрување исто така и на квалитетот на животната средина, намалување на емисиите на штетни честички во воздухот и јас убеден сум дека вакви проекти се само додадена вредност во квалитетот на животот на нашите граѓани. Уште еднаш му честитам. Ние како влада ќе продолжиме да поддржуваме вакви проекти и нека е аирлија и да ни се множат уште повеќе вакви проекти.

Ви благодарам.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Мислам дека луѓето во Европа разбираат што се случува

Рускиот претседател Владимир Путин доцна синоќа изјави дека настаните во Европа, вклучително и победата на „AfD“ на германските покраински избори, се резултат на „системски грешки“ на глобалистите на Запад.

Путин: Мислам дека луѓето во Европа разбираат што се случува

Алтернатива за Германија (AfD) во неделата оствари убедлива победа во источногерманската покраина со околу 2,14 милиони жители, но без доволно водство за самостојно формирање влада. Путин рече дека нема да коментира за „AfD“ во покраината Саксонија-Анхалт, но потоа додаде дека западните елити се виновни за настаните на континентот, вклучително и изборите.

„Мислам дека сè што се случува во Европа сега е во суштина резултат на системските грешки на таканаречениот Запад, западните глобалисти во политиката, безбедноста и економијата“, изјави Путин пред новинарите на првиот ден од неговата посета на Индија.

Путин, исто така, рече дека Западот е виновен и за конфликтот во Украина бидејќи постојано врши притисок врз Москва и се обидува да ја „вовлече“ Украина во НАТО. Западните земји, рече тој, го игнорираат фактот дека Русија се спротивставува на проширувањето на НАТО кон исток.

„Тие постојано се обидуваат да ја префрлат вината врз нас“

Путин истакна дека откако прорускиот претседател беше принуден да ја напушти Украина во 2014 година, Западот „веднаш си постави цел да ја вовлече Украина во НАТО“. „Ова на крајот се покажа како главна причина за денешните трагични настани во Украина“, тврдеше тој.

„Западните глобалистички елити се виновни за ова, иако постојано се обидуваат да ја префрлат вината врз нас. Мислам дека луѓето во Европа разбираат што се случува. Затоа денес има такви резултати во Германија и такви тенденции низ цела Европа“, повтори Путин.

Тој ги обвини западните земји дека „ги плашат своите граѓани со лажна закана од Русија, која наводно датира од времето на Советскиот Сојуз“. „Таква закана не постои и никогаш не постоела“, рече тој.

Си Џинпинг исто така на самитот

Рускиот претседател дојде во Индија на самитот на групата БРИКС, акроним формиран од иницијалите на имињата на првите пет членки: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Организацијата е создадена како противтежа на Западот и оттогаш се прошири и ги вклучува Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија.

Самитот во Њу Делхи, кој започнува денес, ќе се фокусира на трговијата, технологијата и регионалните конфликти. Кинескиот претседател Си Џинпинг е меѓу лидерите што присуствуваат на собирот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер