Дефанзивецот на Аугсбург, Бенкс, одби повик во репрезентацијата на САД - Канал 5

Дефанзивецот на Аугсбург, Бенкс, одби повик во репрезентацијата на САД

Дефанзивецот на Аугсбург, Ноакаи Бенкс, нема да се приклучи на репрезентацијата на САД за претстојниот меѓународен прозорец. Тој сè уште не донел конечна одлука дали да игра за Германија или за САД на сениорско ниво, објави „ESPN“.

Дефанзивецот на Аугсбург, Бенкс, одби повик во репрезентацијата на САД

Германското издание Кикер објави дека 19-годишниот Бенкс нема да учествува во тренинг кампот на американската репрезентација. САД ќе играат против Белгија на 28 март, а потоа против Португалија три дена подоцна.

Деветнаесетгодишниот дефанзивец, кој дебитираше во сезоната 2024/25, постигна еден гол и имаше една асистенција на 21 натпревар оваа сезона. Тој има двојно државјанство: неговиот татко е Американец, а неговата мајка е Германка. Ноакаи е роден на Хаваи, но неговото семејство се врати во Германија на седум недели. Неговите родители се разведоа, но тој одржуваше контакт со својот татко. На осум години, тој се приклучи на академијата на Аугсбург и оттогаш живее во Германија.

Бенкс играше за репрезентацијата на САД на Светското јуниорско првенство во 2023 година и учествуваше во тренинг кампот на сениорскиот тим во септември, но не играше. Со помалку од 100 дена што остануваат до Светското првенство и со неговото отсуство од тренинг кампот во март, неговото вклучување во конечниот состав на САД е малку веројатно. Изворот, исто така, додаде дека дефанзивецот се опоравува од повреда на стапалото поради која го пропушти последниот натпревар.

Во интервју за ESPN минатиот месец, Бенкс зборуваше за своето искуство со американскиот тим и призна дека неговите контакти со Германија претставуваат тежок избор. Правилата на ФИФА му дозволуваат да ја промени својата спортска националност ако одлучи да игра за Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови превирања околу изборот на македонскиот судија во Стразбур

Продолжуваат конторверзите и превирањата околу изборот на нов судија во Стразбур, откако Советот на Европа по втор пат врати еден од предлозите на националната комисија – адвокатката Ана Дангова – Хуг..

Нови превирања околу изборот на македонскиот судија во Стразбур

Поранешната уставна судијка – Наташа Габер – Дамјановска која беш дел од пријавените кандидати, но не влезе во потесниот избор, во објава на социјалните мрежи ја нападна Комисијата, која според неа не ги спроведува постапките соодветно.

„За да се враќа листата толку пати, значи Комисијата не си ја завршила работата како што треба, според Упатството на Советодавниот панел. Срамота.“ – Стои во нејзината објава.

Иако не го наведоа името на Дамјановска – Габер, од Комисијата сепак и одговорија. Оваа практика на враќање на листи не е невообичаена во Стразбур, велат од таму и посочуваат дека Експертскиот панел немал никаква забелешка за работата и постапките на Комисијата. Па, оттаму додаваат, неприфатливо е кандидат кој е незадоволен од нивната работа, истата да ја квалификува на недостоен начин.

-Во таа смисла, доколку и Комисијата одговори на истиот начин, одговорот би бил дека тој кандидат е подобро да се соочи со срамот од неговата работа, кој е нотиран во извештај на Државниот завод за ревизија, наместо да дава неумесни квалификации за работата на Комисијата. – стои во реакција на Комисијата од каде алаудираат на извештајот на ДЗР за утврдените состојби во Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година, каде меѓудругото, пороблематични беа некои исплати на надоместоци, процедури за јавни набавки и контролата на трошењето на јавните средства, во време на директорувањето со Академијата на Габер Дамјановска.

Инаку, Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа оценил дека предложената кандидатка Дангова – Хуг не ги исполнува во целост критериумте за судија во Стразбур, па на нејзино место едногласно била предложена адвокатката Јелена Ристиќ, кандидат кој за Канал 5 го потврди претседателот на Уставен и на комисијата за избор – Дарко Костадиновски.

Хуг беше предложена, на местот на адвокатот Јордан Апостолоски, кој исто така беше вратен како несоодветен предлог. Свен Ристиќ, во игра остануваат и адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет – Сашо Георгиевски, а конечниот избор се очекува најдоцна во јануари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска два нови пожари, ер тракторите се на терен

Во текот на вчерашниот ден имало 30-тина пожари на отворен протстор.

Денеска два нови пожари, ер тракторите се на терен

Речиси сите се изгаснати или ставени под контрола информира Ангелов

Пожарот на Китка е ставен под целосна контрола, последната огнена бикта на кракот кон Палиград е ставена под контрола, чадење има само уште во еден дол, но е опкружен од сите страни и очекува денеска да го прогласат за исгазнат.

Денешен ден има 2 нови пожари, во с.Копаница- Сарај кон Тетово, на планината Жеден, ер тракторите се на терен, линијата е голема и поради ветрот и сувата вегетација има шанси да се прошири

Втор голем пожар е во Тетовско некаде кај православните гробишта и се шири кон Шар Планина, на терен се тетовски пожарникари и полицискиот хеликоптер и се очекува наскоро да биде ставен под контрола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов план за проширување на ЕУ – ќе се спречат ли нови билатерални условувања?

Не се предвидуваат нови критериуми за членство во Унијата во планот кој еврокомесарката Марта Кос го претстави пред Конференцијата на амбасадори во Загреб

Нов план за проширување на ЕУ – ќе се спречат ли нови билатерални условувања?

Не се предвидуваат нови критериуми за членство во Унијата во планот кој еврокомесарката Марта Кос го претстави пред Конференцијата на амбасадори во Загреб, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тоа што е наша обврска надвор од билатералните услови ќе го испорачаме и ќе бидеме најдобри во тоа, уверува тој.

-Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување кон Европската унија на земјите кандидатки, сега за сега, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Има неколку предизвици кои што стојат на располагање и се пред нас не само како држава туку и на самата Европска Унија,- -Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Планот на Кос за сеопфатна реформа на проширувањето за Македонија подразбира етапен процес на интеграција каде од нас се бара целосна усогласеност со европските политики и активно исполнување на реформската агенда, оценува аналитичарот Тони Поповски. Според него, не се работи за предлог кој предвидува т.н. членство од втор ред, туку како што вели, се нудат можности за постепено интегрирање до финалната цел – подготвеност за полноправно членство.

-Европската комисија прави напор да формулира еден концепт кој би овозможил некакви заштитни механизми во услови на т.н постепено интегрирање на државите кандидатки за членство. Истовремено се тангира и процесот на одлучување од причина што Комисијата смета дека на тој начин би се зголемила ефикасноста во носењето на одлуките што за нас е особено значајно бидејќи како што сите знаеме, не само за нашата држава, има процеси каде што постојат тенденции за билатерални условувања,- - Тони Поповски, Аналитичар.

Според Поповски иако за нас новиот план нема да го промени условот за уставни измени, сепак, тој може да предвиди политички механизам кој би спречил билатерални условувања надвор од Копенхашките критериуми.

Во таа смисла , може да се дадат политички насоки, да се овозможи повлијателна улога за Европската Комисија како чесен брокер и оценувач на напредокот на секоја држава кандидат и кога ЕК ќе препорача да се отвараат поглавја од преговорите па се до финалето, тие препораки да се примарно испочитуваат,- - Тони Поповски, Аналитичар.

Според планот еврокомесарката Кос кој се очекува да биде усвоен кон крајот на следниот месец, ЕУ треба да се прилагоди на идното проширување, преку внатрешни реформи во Унијата, посилни заштитни механизми против назадувањето на демократијата во новите земји членки , како и поамбициозен пристап кон постепената интеграција за земјите-кандидатки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер