ЖивотДеца јаваат тигар, а родителите плаќаат – по шокантната снимка циркусот е затворен (ВИДЕО)Видеото е снимено на 6 декември за време на посета на циркус во кинескиот регион Гуангкси, а предизвика реакција кај властите.На почетокот се гледа тигар, врзан за метален држач и човек како става момче на грбот на животното. Друго лице го фотографира малото дете. И покрај тоа што тигарот бил врзан со ремени, тој успеал да ги придвижи предните нозе и опашката, навестувајќи ја неговата нескротлива природа, пренесува АП. Во меѓувреме, љубопитните малечки го чекаа својот ред за уникатно искуство. Оваа атракција се наплаќала 20 јуани (2,5 евра) по фотографија. #China On December 7, 2023, the Guangxi Circus performed. Children could pay $2.79 to ride on the back of a tiger and take a photo. The circus denied that the tiger was anesthetized and only stated that it was tied up.#tiger #AnimalCruelty #BoycottChina pic.twitter.com/NH2YCNhfLX — 日光之下CNAnimalRightsAlert (@animal_cn) December 9, 2023 Неколку дена подоцна реагираше и Секторот за култура, спорт и туризам, при што беше утврдено дека циркусот организирал претстави без соодветно одобрение. Почитувајќи ги законските и регулаторните стандарди, надлежните наредиле итно прекинување на изведбите, што било сторено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook