ЖивотДеца испразнија автомат полн со играчки: казнете ги нивните родители (ВИДЕО)Неодамна на платформата ItemFix беше објавено видео, кое го привлече вниманието на корисниците, а е придружено со опис: „Начин да не се плаќаат награди“.Не беше откриено кога е снимено, ниту каде, но јасно е дека необичната сцена е „фатена“ од камера за надзор, објави ItemFix. Што се случи? Гледаме три малолетни момчиња, од кои едното завршува во автомат полн со играчки! Наместо да вметнат жетон и да си ја пробаат среќата, најмалите решија да ги добијат своите награди на поедноставен начин. За време на нивната „акција“, луѓето им се приближуваат, но останува нејасно дали се познаваат. На крајот, најмладиот е извлечен од машината, па ги земаат играчките (снимката е прекината и епилогот е непознат). Врз основа само на снимката, и без проверени информации, не можеме да кажеме што всушност се случило. Различни реакции од гледачите Видеото брзо стана вирално и беше објавено на бројни социјални мрежи, каде што, меѓу другото, се шпекулира дека е снимено во Русија. Корисниците реагираа различно. Некои со сочувство ги гледаа момчињата, додека други ја гледаа ситуацијата поинаку. „Крадењето на една играчка е смешно, празнењето на целата машина е кражба. Казнете ги родителите, одземете им ги играчките на децата“, напиша едно лице.Тагови: автоматот играчки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска на „Табановце“презентација на системот на телесните камери за царинските службенициСпоред најавата, воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите насочени кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници.Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден како донација преку меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги во рамки на кривичниот оддел при министерството за правда на САД, денеска официјално ќе биде промовиран на Граничниот премин Табановце. Како што соопшти царинската управа, на промоцијата ќе се обратат директорот на царинската управа Бобан Николовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и вршителот на должност амбасадор на САД во земјава Никол Варнс. Според најавата, воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите насочени кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерствоСо средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката. На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностВремето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter