Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ЖивотПразнел автоматот за кафе и наеднаш вреснал од среќа- станал побогат за 15.000 долариСопственикот на автоматот во Западна Вирџинија, Келвин Вестфал (59), неодамна добил изненадување додека ги вадел парите од една од неговите машини.Меѓу купот долари пронашол банкнота со необичен сериски број и решил да ја стави во џеб. Малку подоцна можело да остане без неа, но среќата била на негова страна. Вестфал изјавил за локалните медиуми што се случило откако од машината извадил банкнота од 1 долар со сериски број G00000001I. „Поседувам неколку машини и секогаш внимавам кога ги празнам. Ја ставив бакнотата во џеб, а малку подоцна еден пријател ме замоли да му го позајмам камионот. Се согласив и го замолив да наполни гориво. Ги извадив парите и сфатив што може да се случи“, рече тој. Вестфал за малку ќе му ја подарел на својот пријател банкнота со необичен сериски број, за што сигурно би зажалил, пренесува Newsweek. Решил да дознае повеќе и на интернет нашол многу информации. Тогаш сфатил колку навистина вреди банкнотата. Излегува дека уникатните сериски броеви на американската валута долго време ги фасцинирале колекционерите. „Банкнотата од еден долар со ознака G00000001I може да биде исклучително вредна. Редок е број што започнува со повеќе нули. Кој знае, можеби колекционерите би платиле 15.000 долари за тоа“, изјави Сурил Арелано, еден од поранешните директори на IBM. Вестфол признава дека не знае колку би можела да вреди банкнотата. За време на неговото истражување, тој открил дека слични примероци се продаваат за 25.000 долари (околу 24.000 евра).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамИџе во Словенија ја отвора новата тркачка ераОвој викенд во Илирска Бистрица - Словенија, Игор Стефановски - Иџе го има својот прв официјален настап со новиот болид, отворајќи ново поглавје во својата европска тркачка приказна. Иако Иџе претходно го тестираше болидот, Илирска Бистрица е неговото вистинско „огнено крштевање“ во живо, лице в лице со европската елита. На претпоследниот викенд во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки во Словенија, ќе се случи првото сериозно мерење на новиот болид. Игор Стефановски - Иџе на оваа трка настапува во најпрестижната и најбрзата категорија на Европскиот шампионат -Категорија 2, категоријата на болиди и прототипи, која ги обединува најбрзите машини на ридските патеки. Ова е историска сезона за него бидејќи по трите европски титули во Категорија 1 со затворени автомобили, Иџе направи огромен чекор напред. Тој сега вози ултрамоќен, специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван и Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула. „Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да тркам вo Илирска Бистрица. Патеката e интересна, важи за една од најпрепознатливите и можам слободно да кажам дека ми лежи. Словенците со години докажуваат дека се одлични организатори, што трките ги прави особено интересни и за публиката и за натпреварувачите. Голема е бројката на пријавени учесници во сите категории, смета Стефановски кој не ја крие возбудата и адреналинот дека прави историски чекор. Влегувањето во нова категорија, ќе бара и сосема поинаков стил на возење, огромна физичка подготвеност и максимална концентрација, вели Стефановски, кој не ја крие возбудата пред првиот голем тест со новата машина. Трката се вози на познатата патека Илирска Бистрица - Шембије, која е со должина од 5.010 метри и важи за исклучително брза. И годинава листата на учесници е импозантна, пријавени се 242 натпреварувачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМората пред сензационално враќање во Шпанија – ќе игра во втора лига?Долгогодишниот капутен нна Шпанија, Алваро Мората можеби е пред еден од најнеочекуваните потези во својата кариера. Шпанскиот напаѓач е блиску до трансфер во Леганес, клуб што се натпреварува во втората шпанска лига. Договорот предвидува позајмица од Комо, а клубовите допрва треба да ги финализираат последните детали. Мората пристигна во Комо минатата сезона, но не успеа да фати ритам. Тој не постигна ниту еден гол во Серија А, иако одигра 26 натпревари и забележа вкупно 924 минути игра. За 33-годишниот напаѓач – кој настапувал за Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид и Милан – преселбата во шпанската втора лига би претставувала сосема поинаков вид предизвик. Леганес го гледа Мората како големо засилување во обидот да се вратат во Ла Лига. Клубот од предградието на Мадрид не може да ја покрие платата што тој моментално ја заработува во Италија, па за реализација на позајмицата ќе биде потребно Комо да покрие дел од неговите примања. За Мората, ова би значело враќање во позната средина. Роден во Мадрид и производ на младинската школа на Реал Мадрид, тој во текот на кариерата играл на највисоко ниво и за Реал Мадрид и за Атлетико Мадрид. Тој исто така ја предводеше шпанската репрезентација како капитен до титулата на Европското првенство во 2024 година. Неговото доаѓање би донесло едно од најголемите имиња во историјата на клубот во Леганес. Во текот на својата кариера, Мората освои две титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, титула во италијанското првенство со Јувентус, англиски ФА Куп со Челзи и европска титула со Шпанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната годинаСо почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава. Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали. Ова е трета година по ред како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година, со цел да им го олесни месец септември на родителите, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Заштедата е од особено значење за семејствата со повеќе од едно дете. Со оваа мерка, целта е родителите да им го обезбедат потребниот училишен прибор по пониски и попристапни цени, а септември да биде момент на радост и подготовка за новата учебна година. Со вакви конкретни мерки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики кои носат директна корист за граѓаните и придонесуваат кон заштита на животниот стандард. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26