Дебрца ја доби првата битка во борбата против изградбата на регионална депонија кај Годивје

Општина Дебрца ја доби првата битка во активностите што ги спроведува против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје.

Како што појаснува градоначалникот на општината Зоран Ногачески, добиено е позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје.

Ногачески во име на општината го оспорил проектот за „Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад вo Југозападниот плански регион", во кој токму атарот на селото Годивје беше посочен како локација на регионалната постројка за третман на цврст отпад.

Тој испратил жалбено барање до Државната комисија за одлучување во управна постапка, во кое посочува оти Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и другата потребна документација од страна на ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање се донесени во нетранспарентна постапка, без да се земат во предвид мислењета на засегнатите страни и со непочитување на одредбите на Законот за животната средина.

Комисијата за одлучување во управна постапка го уважило жалбеното писмо, донела одлука за поништување на решението на МЖСПП и предметот го враќа на повторно разгледување.

– Она што го тврдевме сега доби и правна потврда од надлежен државен орган. Борбата продолжува, е коментарот на градоначалникот на Дебрца по таквото решение.

Инаку, граѓаните на Дебрца се спротивставија на предлог-локацијата за изградба на депонија кај Годивје уште од самото презентирање на проектот, најавувајќи дека нема да дозволат изградба на депонија во еколошка чиста средина. Нивната решеност ја потврдија на референдумското изјаснување спроведено во октомври 2017 година заедно со локалните избори. На референдумот против изградба на депонија на нивна територија се изјаснија дури 87 отсто од оние граѓани на Дебрца што излегоа на гласање./МИА

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер