Други спортовиДебранецот Јон Батку, кој живее во Швајцарија стана светски рекордер во стомачниСпортистот од Дебар, Јон Батку, кој живее и работи во Швајцарија, успеа да го собори светскиот рекорд во „sit-ups“, што до сега го држеше Давид Бегиашвили, од Грузија, кој во 2011 година имаше 1430 sit-ups, во рок од 30 минути.- Сега овој рекорд го држи дебранецот Јон Батку, кој за само 28 минути и 35 секунди успеа да направи 1430 sit-ups, додека за 1 час и 17 минути достигна бројка од повеќе од 3200, објавија албанските медиуми. Дваесет и седумгодишниот Батку дипломирал на Факултетот за физичко образование и 20 години се занимава со карате, а поседува и професионална лиценца за спасител на вода. Со ова достигнување Јон Батку влезе во историјата на рекордите каде се чини дека овој рекорд уште долго ќе го држи тој. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањетоМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на 21 меѓународна конференција – Бледски стратешки форум во Словенија.Како што информираат од МНР, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и југоисточна европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разговара за геополитичките промени што ги менуваат меѓународните односи. Од МНР информираат и дека во рамки на форумот, шефот на дипломатијата ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан, а на маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во СкопјеТранспортерите пред седиштето на Европската Унија во Скопје ќе одржат протест испраќајќи пораки од Унијата да им го олесни пристапот на транспортерите од Западен Балкан, откако беа воведени посебни правила во Шенген зоната.Транспортерите бараат престојот да не им биде ограничен на 90 дена во последните 180 денови како што тоа е случај со граѓаните. Утре, според најавите од превозниците, треба да имаат состанок во Брисел, а со денешниот протест сакаат да испратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат. ТИЕ со барање дека ако не можат да има измени, како што е случајот со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути. Протести во исто време ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..Тагови: ЕУ протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и топлоВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook