Дебитираше освежениот Фолксваген Артеон - Канал 5

Дебитираше освежениот Фолксваген Артеон

Претставена е и „Shooting Brake“ верзија.

Дебитираше освежениот Фолксваген Артеон

Фолксваген објави фотографии и технички детали од рестилизираниот Артеон, кој од сега е достапен и во караванска изведба, но и со хибриден погон.

Изгледот на освежениот Артеон и неговата „Shooting Brake“ верзија не е изненадување со оглед на тоа дека во изминатите недели се појавија цртежи и фотографии од моделот за кинескиот пазар.

YouTube video

Купе-лимузината е дискретно рестилизирана, пред се на предниот дел. Маската, браникот и ЛЕД фаровите претрпела мали измени, па автомобилот изгледа за нијанса помодерно од претходната верзија.

Заедно со рестилизираната купе-лимузина доаѓа и Артеон „Shooting Brake“. Практичен караван со спортски изглед кој нуди голем багажен простор ( дури до 1.632 литри со спуштени задни седишта).

Кога е во прашање внатрешноста на возилото, Фолксваген го промени управувачот и одредени елементи на централната конзола, како сетот за команда на клима уредот.

Редизајнирани се и вентилационите отвори, а отстранет е и аналогниот часовник кој се наоѓаше на средината на командната табла.

YouTube video

Германскиот произведвуач наведува дека Артеон за 2021 е опремен со нов „MIB3“ мултимедијален систем кој подржува поврзување со паметен телефон.

Системот за амбиентално осветлување во кабината располага со дури 30 бои, а возачот и патниците можат да ги полнат своите паметни телефони преку безжичен полнач.

Рестилизираниот Артеон е опремен и со некој од најсовремените технологии кога се во прашање системите за асистенција на возачот.

Најинтересен е системот за полуавтономно возење кој е оперативен до брзина од дури 210км/ч.

Освен тоа, тука е и новата задна камера која покрива значително поголем агол од 170 степени.

Најголем новитет во полето на моторизацијата на Артеон за 2021 година е „plug-in“ хибридната верзија.

Фолксваген за сега не објави многу детали, но е познато дека хибридниот систем произведува вкупно 218 коњски сили.

Не се исклучени ни купувачите кои сакаат автомобил со високи перформанси.

За нив е предвиден Ареон „R“ со 320 коњски сили, агресивен дизајн и погон на сите 4 тркала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти.

Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала.

Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија.

Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер