Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
1Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
ФудбалДебитантот Гираси најдобар стрелец во Лигата на шампиониИако првпат во кариерата настапува во Лигата на шампиони, 29-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Серху Гираси, сезонава е најдобар стрелец во елитното европско клупско натпреварување со 13 голови.Зад него се ѕвезди како Рафиња, Роберт Левандовски (Барселона), Хари Кејн (Баерн), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Винисиус Јуниор и Килијан Мбапе (Реал Мадрид). Репрезентативецот на Гвинеја ја потврди својата голгетерска форма во вторникот во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампиони постигнувајќи хет-трик за победа од 3-1 против Барселона. Роден во француски Арл, минатата сезона Гираси постигна 30 голови во дресот на Штутгарт, привлекувајќи го вниманието на раководството на Борусија Дортмунд, која за него во јули минатата година плати отштета од 18 милиони евра и потпиша четиригодишен договор. Доаѓањето на „Вестфален“ се покажа како вистински потег за Гираси, кој во Лигата на шампиони забележа 13 голови и пет асистенции, а во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања постигна вкупно 28 голови и на тоа додаде девет асистенции. Тагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварскоДо 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДвајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во ТајландВо пукотница во училиште во Тајланд двајца се убиени, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач,, соопштија официјални лица.Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и четворица ученици, рече тој.инцидентот се случил северно од бангкок. Во февруари во слично вакво пукање еден наставник почина, а еден ученик беше повреден во јужен тајланд, откако вооружен човек отвори оган во училиште .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот. Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра. Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра). Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter