Дебата за кредитирање на земјоделството и агро-биснисот - Канал 5

Дебата за кредитирање на земјоделството и агро-биснисот

Стручна дебата на тема „Кредитирање на земјоделството и агро-биснисот - Усогласување и полесен пристап“ ќе се одржи денеска во рамки на Втората сесија на Работната група - 1, Земјоделство и рурален развој (П

Дебата за кредитирање на земјоделството и агро-биснисот

Сесијата, пак, е дел од Националната конвенција за ЕУ во Република Македонија (НКЕУ-МК).

Како да се оствари поголема информираност на земјоделците за кредитните можности, кои се начините за насочување на земјоделството преку кредитирање, како да се создадат поволни услови за кредитирање на младите земјоделци, особено на жените, кои се можностите за поголема државна подршка на кредитирањето на земјоделците и агро-бизнисот, како земјоделците да остварат редовна наплата на испорачаните реколти, се само некои од прашањата што ќе бидат отворени на дебатата.

Најавени се воведни излагања на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на Маријана Чертикова, специјалист за агро-клиенти од Чешката комерцијална банка, по што ќе биде презентирана експертската анализа на Работна група - 1 на НКЕУ-МК.

Сесијата треба да заврши со дефинирање препораки кои треба да бидат усвоени од страна на членовите на Работната група.

НКЕУ-МК е демократски континуиран форум, односно модел на вклучување на стручната јавност во евроинтеграциските процеси на Македонија. Официјално почна со работа со Пленарната конференција на 9 ноември 2017 година. Форум од ваков вид бил најпрво применет во Словачка, а потоа и во повеќе држави на Балканот.

Во НКЕУ-МК моментно се активни четири работни групи: Земјоделство и рурален развој (РГ-1), Социјална политика и вработување РГ-2), Правосудство и основни права (РГ-3) и Правда, слобода и безбедност (РГ-4). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер