Дебата во ООН за Украина: Европа и Америка за прв пат со различни гледишта - Канал 5

Дебата во ООН за Украина: Европа и Америка за прв пат со различни гледишта

На три годишнината од почетокот на војната во Украина, во Обединетите нации, во тек е дискусијата во Генералното собрание на чиј дневен ред се двете резолуции – американската, чиј коспонзор е и Македонија, и Украинската, зад која застанаа 23 ЕУ членки

Дебата во ООН за Украина: Европа и Америка за прв пат со различни гледишта

„Нашиот предлог бара итен прекин на конфликтот и траен мир меѓу Украина и Русија. Ова е потребно сега и ги повикуваме сите земји-членки вклучително и Украина и Русија да ни се придружат во овој напор.Едноставна, историска изјава од генералното собрание која гледа напред, а не назад. Резолуција која е фокусирана на една едноставна идеја – ставање крај на војната. Пат кон мирот е можен.Господине претседателе, затоа САД се противи на друга резолуција и затоа не можеме да ја поддржиме резолуцијата на Украина, и бараме таа да биде повлечена во замена за силна изјава, која не обврзува да ставиме крај на војната и да работиме на траен мир. “-Дороти Шеа Амбасадор на САД во ОН

„Многу од нас, прашуваат кој би бил правилниот начин да се гласа, да се избере меѓу двата текста, на ЕУ и Украина и американскиот текст. Секој кој ќе го притисне копчето при процесот на гласање има избор, или ќе играте со Зеленски и неговите спонзори и ќе ги поддржите нивните барања кои се раздвоени од реалноста или ќе направите избор со практични и реалистички чекори кои можат да стават крај ан непријателствата во Украина во блиска иднина, немојте да се залажувате и доенсете вистински избор. Втората предлог – резолуција беше поднесена од нашите американски колеги и овој текст е чекор во права насока.“ - Василиј Небензја Амбасадор на Русија во ОН

„ Ги повикуваме сите нации да останат цврсти и да застанат на страната, на страната на повелбата, на страната на човештвото и на страната на праведен и траен мир, мир преку сила, бидејќи агресорот никогаш нема да застане додека гледа слабост.“- Маријана Беца – заменик министерка за надворешни работи на Украина

„Ги повикуваме сите земји членки да гласаат за овие три амандмани кои потсетуваат дека во овој конфликт постои држава агресор и држава која е подложена на таа агресија.“- Никола Де Ривиер амбасадор на Франција во ОН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис

Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец

Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места.

Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски.

Маченичка смрт на 84-годишна возраст

Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.

Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина новинарот Бранко Радовановиќ

Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.

Почина новинарот Бранко Радовановиќ

Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ.

Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција.

Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанок

Полскиот претседател Карол Навроцки свика итни консултации со претставници на парламентарните партии поради ескалацијата на конфликтот околу Уставниот суд, што предизвика сериозна политичка криза во земјата.

Хаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанок

„Поради заканата по внатрешната безбедност на Република Полска, денеска свикувам итни консултации со учество на претставници на парламентарните сили, со цел да се стабилизира политичката состојба и да се воспостави уставниот поредок“, изјави шефот на кабинетот на Навроцки, Павел Шефернакер, пренесува полската телевизија „Република“.

Засега не е прецизирано кога ќе се одржат консултациите.

Навроцки вчера ја прекина својата официјална посета на Сенегал и се врати во Полска, откако полицијата влезе во просториите на Уставниот суд, а претседателот на таа институција, Богдан Свјенчковски, беше суспендиран.

„Во ваков момент, претседателот мора да биде во Полска. Ја прекинувам посетата на Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата „Икс“ (X).

Од полицијата соопштија дека нејзини припадници влегле во зградата на Уставниот суд по инцидентите пред оваа институција, при што кон полициските службеници биле фрлани опасни предмети. Демонстранти се собраа пред зградата на судот и се обидоа да ја пробијат заштитната ограда, поради што беа распоредени дополнителни полициски сили.

Уставниот суд на својата веб-страница објави дека Свјенчковски е суспендиран, додека министерот за правда Валдемар Журек поднесе барање за негово разрешување од функцијата вршител на должноста претседател на судот, како и за одземање на неговиот имунитет.

Во Варшава, повеќемесечниот судир околу контролата врз полското правосудство синоќа ескалираше. Сè започна кога судијката Ана Корвин-Пјотровска најави едномесечна суспензија за претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик, Бартломеј Сочански.

Овој потег доведе до присуство на полиција за разбивање демонстрации пред зградата на судот, предизвика протести на улиците и го принуди полскиот претседател Карол Навроцки да ја прекине официјалната посета на Сенегал – додека сè уште беше во авион – и да се врати во земјата.

Демонстранти и политичари од десничарската опозиција – предводени од Јарослав Качински, лидер на партијата „Право и правда“ (PiS) – се собраа пред Уставниот суд. Полицијата распореди сили околу комплексот по барање на судијката Корвин-Пјотровска, која проценила дека постои потенцијална безбедносна закана. Во текот на вечерта дојде до помали судири, некои поединци фрлаа предмети кон полицајците, а три лица беа приведени откако се обидоа да ја преминат заштитната бариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер