3Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп
„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
МакедонијаДебата „разговори за иднината во 12 и 5“ – меѓу присутните поранешни и актуелни функционери од СДСМ Во најголема тајност и зад затворени врати одбрано друштво од поранешни и актуелни функционери од различни генерации на СДСМ и членови на невладини организации ги одржаа „Разговорите за иднината во 12:05“.Во најголема тајност и зад затворени врати одбрано друштво од поранешни и актуелни функционери од различни генерации на СДСМ и членови на невладини организации ги одржаа „Разговорите за иднината во 12:05“, како што го насловија настанот организаторите, кои велат симболизира дека веќе е доцна, но не смее да се дозволи да стане предоцна за Македонија. Модератор на разговорот беше екс високиот функционер, близок на т.н. скопско крило на СДСМ, Игор Ивановски – Шема, а меѓу присутните беа и поранешни истакнати членови на СДСМ, како Андреј Петров, Гордан Георигиев, Емилијан Станковиќ актуелниот градоначалник на Крива Паланка – Сашко Митовски, а посебно внимание привлече присуството на актуелната пратеничка Славјанка Петровска. Организаторите негираа дека се фракција на СДСМ и посочија дека станува збор за нова демократска платформа за подигнување на нивото на општествената дебата. -Граѓаните денес живеат во реалност на неефикасна власт која за наводен политички противник си избира виртуелна опозиција. Сите истражувања на јавното мнение укажуваат дека македонската политичка сцена нуди, на едната страна силна владејачка партија и коалиција, а на другата страна смислено фрагментирана опозиција. Опозицискиот простор не се пополнува со нови партии туку со идеолошка и вредносна (р)еволуција. На Македонија и е потребен Нов општествен договор како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени. Петровска пак, вели била повикана и поканата ја прифатила како и секоја друга која е во насока на унапредување на демократските процеси во земјава. Тема на разговор СДСМ, уверува не биле. -Ниту јас, ниту пак било кој ќе дозволам да зборувам на друго место, разговрите за СДСМ, место каде што се разговараат е на Бихаќка, во седиштето на партијата и во рамките на органите на партијата. Но, се разбира овој состав беше да речам замена за било какви кулари или било какви собиранки на места на кои не им е местото да се зборува за иднината на државата, така што мислам дека нема ништо спорно. - Славјанка Петровска – Пратеничка на СДСМ Дел од гостите пристигнаа преку главниот влез, но дел од нив преку спореден влез, преку гаражите директно со лифт се упатија до местото на настанот, а пред хотелот ги пречекаа од социјалдемократската младина, со порака дека иднината нема да се крои зад затворени врати. Средбата ја поврзаа со премиерот Мицкоски. -Денеска ќе бидеме тука да ги погледнеме во очи оние кои зад затворени врати ја кројат нашата иднина, да ги видиме луѓето без имиња, политиката на иднината без лице, односно иднината што ни ја подготвува Христијан Мицкоски. Ние младите ќе бидеме тука да видиме кој во наше име, зад затворени врати, под превезот на тајноста и странските принципи на доверливост ја крои нашата судбина. Меѓу 20тината поканети, беа и унверзитетскиот професор Ненад Марковиќ, адвокатот Звонко Давидовиќ, пратеничката Моника Зајкова, граѓански активсти, како и екс-партиските функционери Александар Бајдевски и Костадин Ацевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата неделаЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекордИако натпреварот во МЛС-лигата меѓу Интер Мајами и Сан Дијего заврши нерешено (2–2), сите погледи повторно беа вперени кон еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшевникот Лионел Меси. Брилијантниот Аргентинец уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите специјалисти за прекини во историјата на фудбалот. Во 23-тата минута, Меси мајсторски погоди од слободен удар и го израмни резултатот за својот тим, постигнувајќи го својот 75-ти гол во кариерата на овој начин. Со овој погодок, Меси самостојно го зазеде второто место на вечната листа, надминувајќи го легендарниот Бразилец Жаир Роса Пинто. Сега, единствениот играч пред аргентинскиот волшебник е поранешниот бразилски репрезентативец Марселињо Кариока, кој во текот на својата кариера постигнал 78 гола од слободни удари. Што се однесува до самиот натпревар, гостите од Сан Диего поведоа преку Андерс Драјер во 12-тата минута, пред Меси да го израмни резултатот со потег на вистинска мајсторија. Луис Суарез го комплетираше пресвртот за домаќините со гол во 75-тата минута, но одличниот Драјер се погрижи Интер да не стигне до победата; тој го постигна израмнувачкиот погодок во 82-рата минута, спречувајќи ги домашните навивачи целосно да го прослават најновиот историски успех на својот капитен. Free kick goal and it had to be HIM 🤩🤷♂️ https://t.co/4wUhKXNjzL — Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 20, 2026 Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност.Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје. Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе ги имаат видено и дека секој еден функционер мора да биде свесен дека функцијата е доверена од граѓаните и подлежи на нивна оценка. „Секој еден функционер од ЗНАМ, почнувајќи од сите вас овде во салата, завршувајќи до мене – секој еден е менлив. Граѓаните даваат и граѓаните земаат власт. Но, притоа ЗНАМ не смее да биде една реприза од она што е веќе видено во Македонија.“ - истакна тој. Осврнувајќи се на обвинувањата од страна на СДСМ, Димитриевски упатувајќи им директна порака, порача дека Движењето ЗНАМ нема да дозволи обидите за политички пресметки да го променат начинот на кој движењето ја гради довербата со граѓаните. „Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери. Во ЗНАМ афери нема. Нас не краси чесност, отчетност, одговорност и транспарентност. И ние сме различни од сите нив останати. Но, притоа ќе им кажам да внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0. Но, на крајот на денот, еден е ЗНАМ – Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА и еден ден ќе биде ЗНАМ политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.“ - порача Димитриевски. Отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ продолжува во повеќе градови низ Македонија до крајот на годината, како дел од континуираниот процес на претставување на сработеното и резултатите од работењето на функционерите на Движењето во изминатите две години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook