3Дводневни разговори зад затворени врати- делегациите на Русија, САД и Украина заминаа од Абу Даби, кој е епилогот?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотДебармаалци ја продолжија традицијатаПо деведесет и први пат дебармаалската дружина се собра утрото на први јануари да го изиграат дебар маалското оро и да си ја честитаат новата година. Со вино, ракија или пиво в рака, фатени на орото ниту свежите утрински температури, ниту синоќешната прослава до доцна во ноќта не ги спречи да дојдат и заедно да го продолжат славењето на новата година. Стариот кум го предаде кумството со желби за успешна и бериќетна година Ова е маалска традиција на дебар маалци со која тие се гордеат и си ја негуваат. За нив и генерациите пред нив собирањето утрото на први јануари отсекогаш било и ќе остане и позначајно од прославата за дочекот на новата година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПад од 14 отсто на продажбата на станови во третиот квартал годинаваСе помалку се купуваат, а се повеќе се изнајмуваат станови. Пазарот на недвижности во земјава во третиот квартал бележи пад на купопродажбите, а значителен раст на изнајмувањето. Продажбата на станови е намалена за 14 % додека бројот на станови дадени под закуп е зголемен за 45%. Пад од 6 проценти бележи и вкупната финансиска вредност на продадените станови, додека месечниот износ на закупнините за станови е повисок за 31%. Ова го покажува извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од јули до септември годинава. Но, дали ова значи дека граѓаните се почесто се откажуваат од купување стан и се одлучуваат да живеат под кирија? Од Градежната комора велат дека растот на изнајмувањето е резултат на сезонски фактори, МЕГУ НИВ почетокот на академската година, но и привремените работни ангажмани и туристичките престои.. --Значи тука има момент на изразено издавање на закуп за време на студии, за време на среднообразованија коишто доаѓаат од другите градови од државата, така да може да бидат повеќе симптоми, а делот дека од за постојано живеење, мислам дека тој тренд уште не е достигнат, да ние имаме земање на стан под закуп за долгорочен престој,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. Дополнително, извештајот покажува дека во третиот квартал највисока постигната цена за продажба на стан во новоградба изнесувала над 199.000 евра или околу 3.160 евра за м2. Станува збор за стан во О.Центар од 63м2. Јакимовски смета дека недостигаат станови по пристапни цени. Посочува дека квадрат од околу 3.000 евра не може да си го дозволи секој граѓанин и дека е потребна поголема понуда на станови со цени до 2.000 евра за квадратен метар.. -Затоа е потребно да имаме поголема понуда на недвижност со помала вредност која би се движела околу 2.000 евра, 1.900, којашто ќе биде околу централно градско подрачје и периферно на општините коишто се – Аеродром, Кисела Вода, Карпош, за да имаме стабилен пазар на недвижности,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. И покрај намалениот број купопродажби, становите остануваат најзастапена категорија на пазарот на недвижности. Во третиот квартал учествуваат со 34 проценти од сите купопродажби. На второ место е земјоделското земјиште и шумите со 29 проценти, а потоа куќите со 15 и градежното земјиште со 13 проценти. Над 7.600 трансакции биле регистрирани во овој период, со вкупна финансиска вредност од 339 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветДводневни разговори зад затворени врати- делегациите на Русија, САД и Украина заминаа од Абу Даби, кој е епилогот?Вториот ден од трилатералните преговори Украина – САД – Русија заврши со средба која траеше помалку од два часа и без присуство на медиуми. Деталите од преговарачкиот процес нема да се откриваат се додека не се достигне финален договор, соопштија и од руската и од украинската делегација на одделни прес конференции, меѓутоа повоената европска безбедност била централна тема на средбата, која помина без европски претставници. Европа прво треба да се определи кој ќе зборува од нејзино име, нагласи еден од предводниците на американската делегација - Џаред Кушнер. -Доколку Европа може да идентификува едно лице кое ќе зборува во нивно име, тоа би било поголемо достигнување отколку да се натераат Русите да ги вклучат во преговорите. // Ангажманот со Европа, барем знам дека со украинската и американската страна е многу силен. Неколку пати му кажавме на претседателот Путин и на неговиот тим дека единствениот начин да се постигне ова е да бидат тие покрај нас. Мислам дека се отворени за тоа, се надевам дека утре во Москва, Стив и јас ќе бидеме успешни и дека претседателот Путин ќе даде благослов тоа да се случи. Мислам дека ако тој се согласи со тоа, тогаш мислам дека ќе можеме да постигнеме многу поголем напредок,- - Џаред Кушнер, претставник на американската делегација. На преговорите е договорена размена на заробени војници од големи размери, соопштија од украинската делегација која оцени дека има вистински моментум да се достигне договор до нова година, доколку европски претставници се вклучат во преговорите. -Има огромен напредок во однос на прашањата поврзани со безбедноста и просперитетот и за ова ќе разговараме подоцна,- - Рустем Умеров, предводник на украинската делегација. -Работиме кон конечната цел каде што не треба да биде трилатерално, туку мултилатерално, бидејќи Европејците мора да седнат на маса. Зборуваме за повоена европска безбедност,- - Давид Арахамија, член на украинската делегација . Предводникот на руската делегација пак - Владимир Медински, остро ги искритикува европските лидери – нека учат од американските претставници што е здрав разум и реализам, порача Медински. -Ние не сосема разбираме за што може да се разговара со нив (европејците). Ниту една мировна иницијатива, ниту еден конкретен мировен предлог од страна на европските држави ние не добивме. Затоа, за што да се разговара со нив, не е јасно. Но ако пристигнале овде како туристи, нека си разговараат во хотелското лоби, нека си поразговараат за нивните работи,- - Владимир Медински, предводник на руската делегација. Дипломатските напори продолжуваат. Додека американските претставници Виткоф и Кушнер утре заминуваат кон Москва на средба со Владимир Путин, украинските преговарачи ќе оддржат одделни средби со европските претставници кои од вчера се присутни во Абу Даби, но не и на преговарачката маса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34