Дебар најдоследен во почитувањето на одлуката за забрана за движење на подрачјето на СВР-Охрид

„Мора да се истакне доследноста на граѓаните на Дебар и околните населби за нивното дисциплинирано придржување до препорачаните мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на Ковид-19.“

Според полициската статистика на Секторот за внатрешни работи од Охрид, жителите на Дебар се најдоследни во почитувањето на забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на новиот корона вирус.

Тоа споредено со жителите од останатите општини, кои ги покрива Секторот, Охрид, Струга и Кичево, односно подрачјата кои ги покриваат Одделенијата за внатрешни работи од споменатите градови.

-Мора да се истакне доследноста на граѓаните на Дебар и околните населби за нивното дисциплинирано придржување до препорачаните мерки и насоки во врска со спречувањето на

ширењето на Ковид-19. Во Дебар, од воведувањето на одлуката за забрана за движење и групни собирања, значи повеќе од еден месец, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема

сообраќајни незгоди и кражби а имаше мал број на прекршувања на одлуката за забрана за движење, за што Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава во согласност со членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија", изјави за МИА,Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Упатувајќи балагодарност на совесното однесување и соработката со полициските службеници, Димоски апелира и понатаму строго да се почитуваат препорачаните мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Во продолжениот полициски час улиците во двете општини се празни. Ретко може да се види само по некој земјоделец со потребната механизација за извршување на пролеттните сеидбени работи, возила на лица кои имаат дозвола за тоа, како и полициски службеници./МИА

Минесота го исфрли Феникс од НБА плеј-офот

Минесота рано утрово го совлада Феникс со 122:116 на гостински терен во четвртиот натпревар од серијата од првото коло на плејофот во НБА.

Тимбервулвс со максимални 4:0 ги совладаа Санс и обезбедија пласман во четвртфиналето во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер со 49 поени, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

Следен противник на Минесота ќе биде победникот од мечот Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (резултатот во серијата е 3-1 во корист на Нагетс). /МИА

Јанкоски од Народната банка: Работиме на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста

Народната банка постојано работи на унапредување на регулативата за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор. 

Започнати се активности за усогласување на домашната регулатива со европскиот Закон за дигиталната оперативна отпорност (англ. Digital Operational Resilience Act − DORA), со што ќе се воспостават унифицирани стандарди за заштита, пријавување и справување со сигурносните инциденти, обезбедување непрекинатост во работењето, поголема контрола на надворешните лица кои обезбедуваат важни оперативни функции и засилена комуникација и координација на сите институции во финансискиот сектор на нашата држава, пишува Горан Јанкоски, главниот супервизор за информациските системи на Народната банка во колумна за билтенот на Македонската банкарска асоцијација.

Јанкоски наведува дека дигиталната отпорност се дефинира како способност за заштита, справување и брзо обновување на деловните процеси на финансиската институција од настани коишто може да предизвикаат нивен прекин. „Законот треба да обезбеди поддршка на процесот на дигитална трансформација, правилна примена на новата технологија и поттикнување на иновативноста во новото време на дигитални финансии. Народната банка во моментов подготвува нова Одлука за Методологија за сигурноста на информативниот систем, усогласена со насоките на Европскиот банкарски орган (ЕБА) за управување со ризиците поврзани со сигурноста. Оваа одлука би била вовед во активностите за подготовка и воведување нов закон за унапредување на дигиталната оперативна отпорност во финансискиот сектор, усогласен со ДОРА“, посочува Јанкоски.

Клучните области коишто се опфатени со Законот за дигиталната оперативна отпорност се управувањето со ИТ-ризикот, управувањето со ризикот од пренесување на извршувањето оперативни функции или услуги од надворешни лица и нивен надзор, тестирањето на дигиталната отпорност, управувањето со ИТ-инциденти, споделувањето (размена) информации итн. „Законот создава регулативна рамка и воведува стандардизирани и хармонизирани принципи за заштита од заканите од дигиталниот простор, коишто треба да бидат исполнети од институциите во финансискиот сектор со примена на потребните контроли за заштита, соодветно управување со сигурносните инциденти и нивно пријавување до надлежните тела во земјата и ЕУ. Како новитет се воведува барањето за спроведување тестирање на дигиталната отпорност, во согласност со кое финансиските институции треба да спроведуваат редовни тестирања на своите ИТ-системи и услуги, за што треба да се известат и регулаторните органи. Исто така, со Законот се воспоставува рамка за соработка и комуникација помеѓу институциите во секторот, домашните и меѓународни надлежни тела и други учесници со цел да се унапреди оперативната отпорност“, пишува Јанкоски.

Поради засиленото присуство на банките на современите канали, дигитализацијата на банкарските производи и услуги и постојаниот пораст на ризиците поврзани со заканите во дигиталниот простор почнувајќи од 2003 година, Народната банка активно работеше на дефинирање на потребната регулатива во подрачјето, којашто постојано се надградува во согласност со најдобрите стандарди и практики на ЕУ.

На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација

На преговорите во Каиро заедно со делегацијата на Хамас „за да се забрза процесот“ била поканета и израелска делегација, пренесува Тајмс оф Израел. 

Претходно вчера, висок функционер на Хамас потврди дека делегација на Хамас денеска ќе го посети Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Тој, исто така, истакна дека немаат „поголеми проблеми“ со најновиот предлог на Израел и Египет за прекин на огнот во Газа. /МИА

притисни ентер