Дебакл на самитот во Софија поради Косово?

Ќе се случи ли фијаско на Самитот на Западен Балкан кој оваа недела треба да се одржи во Софија. 

Статусот на Косово е спорен за пет земји членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, објавува германската агенција ДПА од извори во ЕУ.

За да го истурка самитот ЕУ дипломатски ќе одлучи во завршната декларација од состанокот да се говори за „партнери од западниот Балкан“, а не за „држави од западниот Балкан“.

Дополнително, местата одредени за шефовите на држави или влади ќе бидат одбележани со нивните лични имиња, а не со имињата на државите кои ги претставуваат.

Со ваквите решенија, организаторите се надеваат дека ќе успеат да го спречат најавениот бојкот на земји како Грција, Романија, Шпанија, Кипар и Словачка, кои не ја признаваат независноста на Косово.

Шпанскиот премиер Мануел Рахој, според најавите на дипломати, веќе решил да не учествува за да не биде фотографиран во близина на косовскиот претседател, поради проблеми со сепаратистичкото движење во Каталонија.

Според изворите на ДПА, од самитот не се очекуваат никакви конкретни резултати. Речиси е исклучено дека државите од западниот Балкан од шефовите на држави или влади на ЕУ би можеле да добијат конкретно ветување за влез во ЕУ.

Сабаленка за поразот од Швјонтек: Сè уште сум среќна со резултатот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го коментираше поразот од полската претставничка Ига Швјонтек во финалето на турнирот во Рим. 

Таа истакна дека генерално е задоволна од нејзиниот настап во главниот град на Италија.

- Иако работите не одеа во моја корист, сепак сум среќен со резултатот во Рим. Во првиот сет не играв многу добро и не ја чувствував мојата игра. Во вториот се обидов да бидам малку поагресивна. Имав неколку можности да направам брејк. Можеби ако ги реализирав, натпреварот ќе испаднеше поинаку. Но, јас не го направив тоа. Ќе се обидам подобро следниот пат, рече Сабаленка на прес-конференција.

Во меч што траеше 1 час 29 минути Швјонтек победи со резултат 6:2, 6:3. Првиот светски рекет ја освои својата четврта ВТА титула во сезоната и 21-ва во кариерата.

Ова е втор меч на тенисерките во последните две недели. Швјонтек и Сабаленка се сретнаа на 4 мај во решавачкиот меч на турнирот во Мадрид. Тогаш победи исто така првиот рекет на светот. /МИА

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

Според новинската агенција Мехр операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Иранската државна телевизија, како и државната Иранска новинска агенција (ИРНА) не јавија за состојбата на Раиси по инцидентот. ИРНА на англиски јазик објави дека хеликоптерот се урнал.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

притисни ентер