Де Вевер на средба со кралот Филип за ќорсокакот околу белгискиот буџет - Канал 5

Де Вевер на средба со кралот Филип за ќорсокакот околу белгискиот буџет

Белгискиот премиер Барт Де Вевер попладнево ќе има средба со кралот на Белгија, Филип во врска со ќорсокакот околу усвојувањето на државниот буџет за следната година.  

Де Вевер на средба со кралот Филип за ќорсокакот околу белгискиот буџет

Средбата се одржува на денот кога истекува рокот што Де Вевер самиот го постави за постигнување договор околу новиот буџет или во спротивно се закани дека ќе поднесе оставка.

Сепак, според белгиските политички аналитичари, евентуална оставка на Де Вевер не е опција и до неа во моментов нема да дојде.

- Кралот има само ограничен број надлежност: да советува, да предупредува и да поставува прашања. Претпоставувам дека денеска ќе предупреди дека мора да се најде решени и дури можеби и ќе постави краен рок за тоа, изјави претпладнево аналитичарот и новинар Барт Верхулст во гостување на државното Радио 1.

Според него, оставката на премиерот повеќе не изгледа веројатна, бидејќи состојбите се променија последниве денови, особено со зачестените инциденти со појавата на дронови над аеродроми и воени бази во Белгија.

Белгиските медиуми јавуваат и дека се очекува Де Вевер да се откаже од оставката и пред Владата да презентира предлог за усогласување на буџетот до Божиќ (25 декември) и доколку тоа не се случи до овој рок, тој тогаш би ја напуштил функцијата.

Во пресрет на денешната средба меѓу кралот и Де Вевер, белгискиот вицепремиер и министер за буџет Винсент ван Петегем изјави дека на сите им е јасно дека мора да продолжат да работат на постигнување компромис за буџетот.

- Мора да ги направиме потребните напори. Ќе мора да продолжиме да работиме за постигнување на избалансиран буџет за следните на неколку години. Сите треба да ја преземат својата одговорност за да се договорат за избалансирани и фер пакет мерки, рече Ван Петегем.

Главен спор околу буџетот е како да се изнајде начин за обезбедување дополнителни буџетски приходи од 10 милијарди евра до 2030 година, а при тоа да не се намалат дополнително трошоците за социјални давачки.

Актуелната белгиска Влада беше формирана во февруари годинава по повеќе од половина година преговори, по изборите одржани лани во јуни. Оставката на Де Вевер би довела да пад на Владата, со што земјата одново би можела да западне во повеќемесечни политички преговори за формирање ново парламентарно мнозинство или можеби, помалку веројатно, до предвремени избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ниту една повеќе“ не сака политичари и партиски членови на нивните протести

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот .

„Ниту една повеќе“ не сака политичари и партиски членови на нивните протести

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот и како што велат, да го претвораат феминистичкиот отпор во квази-партиски декор за сопствената политичка беда“.

Истовремено од граѓанската организација ги повикуваат сите изневерени, обесправени, понижени, повредени граѓани и граѓанки да излезат заедно со нив на улица и да побараат одговорност и правда. Нивната реакција следи откако на протестот кој се одржа завчера во скопје беа забележани поранешни политичари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шок во светот на Мото ГП: Марк Маркез ја завршува кариерата

Шампионатот во Мото ГП останува без еден од своите најуспешни и најпрепознатливи возачи.

Шок во светот на Мото ГП: Марк Маркез ја завршува кариерата

Марк Маркез одлучи да ја заврши својата професионална кариера и ќе го има својот последен настап на патеката за време на викендот на трката за Големата награда на Валенсија, потврди неговиот тим.

Веста за одлуката на шпанскиот мотоциклист беше објавена на социјалните мрежи на тимот, со порака што ги изненади фановите на овој спорт.

„Официјално е - Марк Маркез одлучи да се пензионира од Мото ГП шампионатот, а Големата награда на Валенсија ќе биде неговата последна трка како професионален возач за тимот на Дукати Леново“.

Маркез има кариера исполнета со рекорди, титули и враќања по сериозни повреди. Десет пати го освоил светското првенство во мотоциклизам, а со неодамнешниот триумф во Портимао стигна до осмата титула во најсилната категорија. Со тоа, се изедначи со легендарниот Џакомо Агостини, кој му подари златна кацига за време на прославата.

Дукати сè уште не дале официјално објаснување зошто Маркез одлучил да се пензионира. Долгорочните физички проблеми се споменуваат како една од можните причини, првенствено повреди на раката и рамото. Шпанецот треба да се обрати на претставниците на медиумите напладне и подетално да ја објасни својата одлука.

Неговиот пат до врвот започна во најниската класа. Својата прва светска титула ја освои во 2010 година, во категоријата до 125 кубни сантиметри, за време на неговата трета сезона во шампионатот.

Потоа следеше преселба во Мото2, каде што му беа потребни две години за да освои нов трофеј, по што му беше дадено место во фабричкиот тим на Хонда и можност да се тестира меѓу најдобрите.

Уште за време на неговото деби во кралската класа, тој покажа дека е возач од посебен калибар.

Во 2013 година, Маркез стана првиот почетник што ја освои титулата во Мото ГП по Кени Робертс во 1978 година, а на само 20 години постави рекорд како најмлад шампион во историјата на натпреварувањето. Следната сезона, тој повторно беше најдобар, и тоа на импресивен начин - поголемиот дел од работата заврши со серија од десет последователни победи.

Во 2015 година, тој мораше да му го предаде тронот на Хорхе Лоренцо, но веќе следниот ден започна нова ера на доминација. Од 2016 до 2019 година, Маркез освои четири последователни титули и го потврди својот статус на водечки возач на својата генерација. А потоа дојде период што сериозно ја загрози неговата кариера.

Тежок пад во Херез во текот на летото 2020 година доведе до скршена рака и дури четири операции. Закрепнувањето траеше долго, и иако се враќаше на патеката и успеваше да победи, Хондата повеќе не беше толку конкурентна како порано, додека на Маркез му беше сè потешко да го извлече максимумот од моторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџер во мотел во Белград криел снајпер, бомби и над 100 килограми дрога

Српската полиција вчера во Белград уапси 17-годишник, откако во просториите на мотелот што тој ги користел беа пронајдени снајперска пушка со пригушувач, пет рачни бомби и повеќе од 107 килограми супстанца за која постои сомневање дека е дрога.

Тинејџер во мотел во Белград криел снајпер, бомби и над 100 килограми дрога

Малолетникот, кој е од околината на Петровац на Млави, е уапсен од припадници на полицијата од Нови Сад, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија.

Што е пронајдено при претресот

При претрес на апартманот и другите простории во мотелот, полицијата пронашла околу 100 килограми супстанца што наликува на марихуана, 3,5 килограми супстанца што наликува на кокаин и четири килограми супстанца што наликува на хероин, наведува српската полиција. Исто така, запленети се две дигитални ваги и пет куршуми за пушката.

Малолетникот се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога, како и за недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

По апсењето, тој бил изведен пред судија за малолетници при Вишиот суд во Пожаревац.

Полицијата не објави информации за потеклото на оружјето, ниту за тоа кој требало да ја добие дрогата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер