Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
СветДе Вевер доби уште две недели за да се обиде да формира нова влада на Белгија Белгискиот крал Филип денеска за уште две недели му го продолжи рокот на лидерот на десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер за да се обиде да формира нова влада на Белгија. - Кралот констатира дека се уште не е постигнат напредок во формирањето нова влада, но дека преговорите се уште траат. Врз основа на тоа, тој одлучи повторно да го потврди г. Де Вевер на неговата позиција и да му даде уште две недели за излез од ќорсокакот, соопшти белгиската Кралска палата по денешната средба на белгискиот монарх со Де Вевер, кој е и актуелен градоначалник на Антверпен. Во соопштението се додава дека новиот краен рок до кога Де Вевер треба да се обиде да формира влада е 25 ноември. Пред денешната аудиенција кај кралот, Де Вевер имаше средба со лидерите на трите партии со кои преговара за формирање на новата белгиска влада – фламанската десно центристичка Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) и валонските, либералното Реформско движење (МР) и центристичката партија Посветените (ЛЕ). Како што јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ, Де Вевер сега ќе се подготви за нова рунда преговори на четирите потенцијални владини партнери, а во исто време ќе се обиде да најде и петти партнер, со што би обезбедил мнозинство во Претставничкиот дом на белгискиот парламент за избор на неговата евентуална влада. Во преговорите претходно беше вклучена и фламанската социјалдемократска партија Вуројт, но таа се повлече од разговорите на почетокот на месецот, по што нејзиниот лидер Конер Русо беше посочен како „виновник за неуспехот на преговорите“. Покрај, одново враќање на Вуројт на преговарачката маса, според весникот „Тијд“, Де Вевер ја разгледува и можноста во неговата потенцијална владина коалиција да ја привлече либералната Отворени Фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на премиерот во заминување Александер де Кро, која по лошите резултати на јунските парламентарни избори најави преминување во опозиција. На изборите за Долниот дом на белгискиот Федерален парламент, одржани на 9 јуни, Н-ВА на Де Вевер освои 24 пратеници, пред националистичката и десно популистичка Фламански интерес (ВБ) и РМ со по 20, валонската Социјалистичка партија (ПС) со 16, Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) со 15, ЛЕ со 14, Вуројт со 13, ЦДВ со 11, Опен ВЛД со 7, Зелените со 6, Еколо со 3 и бриселската регионална либерална партија Независни федерални демократи (ДЕФИ) со 1 мандат. По неколкунеделни консултации со парламентарните партии, кралот Филип му довери задача на Де Вевер да се обиде да состави нова владина коалиција, но кон средината на август тој го врати мандатот. По ова, кралот на 23 август го задолжи лидерот на ЛЕ, Максим Прево да посредува во обидите за формирање нов владин кабинет. На 1 септември Прево изјави дека е „воодушевен од успехот на неговата мисија“. - Сите партии ја потврдија својата решеност да ги спроведат важните структурни реформи, кои треба да ја вратат Белгија на колосекот на просперитетот и благосостојбата за нејзиното население и економија. Сега останува да се одреди методологијата и начинот за продолжување на преговорите, изјави Прево. Врз основа на резултатите од мисијата на Прево, на 2 септември кралот Филип одново го задолжи Де Вевер да ги продолжи преговорите меѓу петте можни партнери за формирање идна владина коалиција, за што првичниот краен рок беше 23 септември, но поради локалните избори во Белгија што се одржаа на 13 октомври, тој беше пролонгиран, прво до 17 октомври, потоа до 4 ноември, па до денеска. На средбата со кралот на 4 ноември де Вевер се обиде да му го врати доделениот мандат за формирање на влада, но белгискиот монарх сепак му даде дополнително време до денеска за консултации околу можноста за создавање нова владина коалиција. Според белгиските медиуми главни спорни прашања меѓу потенцијалните идни владини партнери се реформите поврзани со даночниот систем, вработувањето и пензиите, заедно со буџетските трошоци за нив, како и Предлог-законот за абортус. Прашањето за Буџетот е особено важно од причина што Европската комисија веќе поведе постапка против Белгија поради прекумерен буџетски дефицит, па трошоците за планираните реформи мора да се усогласат со плановите за намалување на буџетската потрошувачка./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСубару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили Субару се збогува со боксер автомобилите во Европа. Од 2028 година ќе продаваат само електрични автомобили. Субару ќе ги повлече сите модели со мотори со внатрешно согорување од европската гама до крајот на 2027 година. Брендот, кој со децении се карактеризираше со боксер мотори и погон на сите тркала, треба да им понуди на европските клиенти исклучиво електрични автомобили од 2028 година. Одлуката ја потврди германското претставништво на Субару за списанието Auto Motor und Sport. Промената ги вклучува и бензинските и хибридните модели, па така Outback, Impreza, Crosstrek и Forester во нивните сегашни верзии постепено ќе исчезнат од понудата. Нивното место ќе го заземат електричните модели развиени во соработка со Тојота. Прв што ќе си замине е бензинскиот Outback Повлекувањето започнува со Outback, чија сегашна верзија со 2,5-литарски атмосферски боксер мотор од 169 КС треба да ја напушти европската понуда подоцна оваа година. Во 2027 година, Impreza, Crosstrek и Forester ќе следат со дволитарски e-Boxer хибриден погон со 136 КС. Ова ќе го остави Subaru во Европа без дизајнот на моторот што стана еден од неговите заштитени знаци. Сепак, ова не е глобално збогување со boxer: брендот продолжува да развива вакви погони за други пазари, меѓу другите во комбинација со целосен хибриден систем. Европските регулативи ги зголемуваат трошоците Како причини за промената, Subaru ги наведува европските ограничувања за просечните емисии на CO₂ и барањата за безбедносни системи и системи за помош на возачот. Прилагодувањето кон тие правила ја отежнува хомологацијата и продажбата за помалите марки на автомобили. За Subaru, кој продава релативно малку автомобили во Европа, инвестирањето во адаптирање на постојните бензински модели станува сè потешко да се оправда. Затоа тие ќе се фокусираат на електричната понуда. Три електрични модели ја преземаат понудата Според сегашниот план, европската понуда од 2028 година ќе се состои од Solterra, Uncharted и E-Outback. Сите три модели се технички поврзани со автомобилите на Тојота: Solterra со bZ4X, Uncharted со C-HR+ и E-Outback со bZ4X Touring. Subaru официјално го најави електричното трио во јули 2025 година, тогаш како проширување на гамата на постојните модели со боксер мотори. Особено го истакна подобрениот погон на сите четири тркала, подолгиот досег и побрзото полнење. Интересно е што името Outback ќе остане во Европа дури и откако бензинскиот модел ќе исчезне.Тагови: Субару Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу. Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани. Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија. Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата. Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено. Која е уапсената градоначалничка? Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација. Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште. По изборите, таа одби да поднесе оставка Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво. По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет. Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа. Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштолДенеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков. Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје. За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле. Осомничен е дека користел пиштол за стартување Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед. Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето. Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани. Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите. Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата. Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook