Давкова: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале како Македонци сега да се сменат - Канал 5

Давкова: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале како Македонци сега да се сменат

- Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби.

Давкова: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале како Македонци сега да се сменат

Самата албанска власт врз основа на Законот за заштитата на правата на малцинствата им овозможува на малцинствата да можат да ги реализираат своите интереси. Најважно е колку ние ги слушаме, се среќаваме со нив и разговараме за нивните вистински проблеми, а тие се енормни и се уште растат.

Ова денеска го изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по средбата во Тирана со Марјана Костофски – Фелах, член на Комитетот за национални малцинства при Владата на Република Албанија, Ендрит Фатаху, потпретседател на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска Алијанса за Европска интеграција, Незир Муча, потпретседател на Македонското друштво Илинден и Славица Свидерска, професрока по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана.

Она што е најважно во моментот, нагласи Сиљановска – Давкова, е донесената одлука за утрдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лица кои припаѓаат на националните малцинства.

- Вака ова изгледса многу демократско, меѓутоа за да ставите забелешка на начинот на кој ќе се одвива оваа постапка или да имате приговор на резултатите, потребно е да имате двотретинско мнозинство зад себе, што е многу тешко за остварување. Ако некој е засегнат од оваа постапка, тогаш тоа е припадниците на македонското национално малцинство, изјави претседателката Сиљановска – Давкова.

Според неа, крајно време е да одговориме на овие проблеми, чие решавање, како што рече, за нас и за нив е важно, а воопшто ми се чини не е голем проблемот.

- Кој би бил проблемот да го правите она што сите држави го прават во однос на националните малцинства во поглед на издавањето на државјанства, да отворите повеќе гранични премини, кој е проблемот на пасошите на кои им е истечен рокот да им го продолжите, кој е проблемот како држава да интервенирате во доделувањето пасоши на луѓе кои имаат потреба. Тоа го прават сите во нашиот регион и во светот. Кој е проблемот да помогнете во изучувањето на македонскиот јазик, да отворите повеќе лекторати, онаму каде имате македонското малцинство да отворите уште некој Конзулат. Тоа е проблем врзан за идентитетот. Навистина е шокантно луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби, потенцираше претседателката на Македонија, Сиљановска – Давкова.

Таа беше децидна дека до надлежните ќе го пренесе уште овие денови, она, како што рече, е нивна насушна потреба.

Нагласувајќи ги добрите односи и разбирањето со Република Албанија, Сиљановска – Давкова посочи дека во тие рамки треба да продолжиме онаму каде што некој застанал погрешно кога морал да биде уште поактивен.

- Ние сме тука обврзани да помагаме, изјави претседателката Сиљановска – Давкова, која со оваа средба ја заврши работната псоета на Тирана.

Совети за справување и управување со гневот

Лутината е емоција со којашто, вообичаено, луѓето тешко се справуваат. 

Совети за справување и управување со гневот

И додека растеме, и подоцна, „нè учат“ и ни укажуваат дека изразувањето лутина значи дека човекот е проблематичен или „лош“. Но, лутината не е само маана - тоа е знак на повреденост, навреда или неправда, пишува „Задоволна“ (Zadovoljna). Како психолог и терапевтка сосредоточена на емоциите, со повеќе од 20 години искуство, д-р Џули Фрага има свои видувања за тоа како нашиот однос со лутината влијае на тоа како пристапуваме кон неа.

- Оние кои ја избегнуваат оваа емоција често се чувствуваат „заглавени“ и беспомошни. Оние кои си ја прифаќаат лутината како свој пријател, пак, можат да ја искористат нејзината порака. Кога се ракува со неа мудро, лутината ни помага да ги решиме конфликтите, да донесуваме добри одлуки и да се залагаме за себе... Повеќето од нас ја потиснуваат лутината од време на време. Ако, на пр., Вашиот партнер ви се налути на забава, можеби ќе молчите до дома. Сепак, постојаното потиснување на лутината може да има негативно влијание врз вашето ментално здравје. Тоа е поврзано со раздразливост, вина, намалено задоволство од животот и депресија, вели таа за „Си-ен-би-си“ (CNBC).

Наместо тоа, советот гласи: Именувајте го својот гнев. Со именувањето на нашиот гнев, ние признаваме дека тој постои - дека е вистински. Исто така, тоа го смирува мозокот, што помага да се намалат интензивните емоции. Фрага претстави пет начини на коишто емоционално интелигентните луѓе управуваат со својата лутина.

Тие не го покажуваат својот гнев, туку зборуваат за него

Навреди, трескање врати, викање - тоа се само неколку од штетните начини на ослободување на гневот. Емоционално интелигентните луѓе не го ослободуваат својот гнев така.

- Умешноста, во оваа смиссла е негативната емоција да се користи како орудие, а не како оружје. Лутината треба да нè заштити - затоа се појавува кога некој не нè почитува, ја изневерува нашата доверба или преминува некоја граница. Мудрото управување со гневот значи да се изрази преку зборови, а не преку штетно дејство. Сепак, стравот од отфрлање, погрешно разбирање или обвинување може да го отежни тоа изразување. Ако гневот бил забранет кога сте растеле или бил прикажан на застрашувачки начини, молчењето може да Ви биде побезбедно отколку да проговорите, појаснува д-р Фрага.

Таа два начина да го почнете разговорот: 1. „Би сакал /-а да зборувам за нешто што ме мачи...“; 2. „Тешко ми е да го кажам ова бидејќи се грижам за Вас. Ми засмета кога…“

Ја преземаат одговорноста за својот гнев

Оние кои го препознаваат својот гнев, обично не ги обвинуваат другите. Наместо тоа, самите тие ја преземаат одговорноста.

- Поставете си две прашања: „Што е надвор од моја контрола?“; „Што е под моја контрола?“ Не можете да присилите некого да се извини или да се промени. Ако ја трошите Вашата енергија на изгубени каузи, само ќе ја влошите фрустрацијата и негативните чувства, советува докторката.

Сепак, разговорот или испраќањето пораки до пријател може да ви помогне да ја искажете и ублажите Вашата фрустрација. Слично како што прошетката во природа го намалува стресот.

Претворање на лутината во активизам

Низ историјата, лутината била и катализатор за социјални промени и залагање за оние на кои им е потребна помош. Со други зборови, лутината може да ги поттикне општествено-одговорното однесување и делување и општествено-корисната работа.

- Дозволете Вашиот гнев да ве инспирира со наоѓање начин да ѝ помогнете на Вашата заедница. Ако сте лути поради економска неправда, фрлање храна или проблеми со јавното здравје, придружете се во организација што вистински ги промовира тие каузи што ги поддржувате, вели Фрага.

На овој начин, самото минување време со луѓе кои ги делат Вашите вредности Ве потсетува дека не сте сам /-а.

Лутината е учител

Можеби мислите дека чувството на лутина ве прави негативна или лоша личност... И тоа предубедување понекогаш нѐ спречува да истражуваме и разберете што навистина ни кажува емоцијата.

- Емоционално интелигентните луѓе знаат дека лутината не е критичар - туку е учител. Тие користат алатки како саморефлексија за да го продлабочат својот однос со неа, вели д-р Фрага, напоменувајќи да си го поставиме ова прашање: „Што се обидува да ми каже мојот гнев?“ Можеби Ви сигнализира дека нешто треба да се промени или дека една врска веќе не функционира.

Потоа... „Дали мојот гнев е поврзан со раните од минатото?“ Ако, на пр., имало малтретирање во детската возраст, можеби сте особено чувствителни на отфрлање денес, според стручното објаснение.

- Кога „ќе ја дешифрирате“ пораката на Вашиот гнев, ќе можете да се застапувате себеси и да донесете одлуки што ќе Ви користат. Можеби ќе завршите токсично пријателство, ќе дадете отказ од лошата работа или ќе почнете со терапија за да ги излекувате старите рани, појасни Фрага.

Лутината, уште еднаш се нагласува - не е непријател. Кога се справуваме со неа со обѕир и кон себе и кон другите, таа станува гориво за личен раст и напредок.

Трамп нема да разговара со Лула откако Бразил се закани со реципрочни царини

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да разговара со својот бразилски колега Луиз Инасио Лула да Силва, кој им се закани на САД со реципрочни царини од 50 проценти.

Трамп нема да разговара со Лула откако Бразил се закани со реципрочни царини

-Можеби ќе разговарам со него во одреден момент. Во моментов не разговараме, рече Трамп, повторно критикувајќи ја судската постапка против поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро.

Лула во интервју за телевизијата „Рекорд“ рече дека „прво ќе се обидеме да преговараме, но ако нема преговори, ќе се примени законот за реципроцитет.“

Бразилската влада предвиде дека царините ќе имаат мало влијание врз економскиот раст оваа година, кој очекува да достигне 2,5 проценти, бидејќи само некои специфични производствени сектори ќе бидат силно погодени.

САД се главен увозник на бразилска нафта, производи од челик, пулпа, кафе, сок од портокал и говедско месо, за кои бразилската Влада вели дека може да најде нови купувачи.

„Со оглед на ова сценарио, влијанието на царините има тенденција да биде од мало значење за растот во 2025 година, иако некои производствени сектори би можеле да бидат особено погодени“, се наведува во извештајот на бразилското Министерство за финансии.

Британските медиуми наведуваат дека тоа се однесува најмногу на воздухопловната индустрија, каде што САД учествуваат со голем дел од приходите на производителот на авиони „Ембраер“, и машините за производство на енергија.

Бразилскиот министер за економска политика, Гилермо Мело, изјави дека дури и да се почувствуваат некои ефекти, тие нема да бидат толку релевантни како порано, додавајќи дека Бразил успеал да ги диверзифицира своите трговски партнери во последните две децении.

Околу 12 проценти од извозот на Бразил оди во САД, додека Кина, главниот трговски партнер, учествува со околу 28 проценти. Кабинетот на Лула претходно објави дека бразилската Влада ќе формира работна група која ќе одлучи како да одговори на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе данок од 50 проценти на увозот на бразилска стока од 1 август, пренесуваат британските медиуми.

Трамп оваа одлука ја изнесе во писмо објавено на социјалната мрежа „Truth Social“ испратено до бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, во кое се наведува дека новата тарифа ќе биде воведена „независно од постојните секторски тарифи“.

Во истата порака, американскиот претседател ја изрази својата поддршка за поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, нагласувајќи дека начинот на кој Бразил се однесува кон него е „меѓународен срам“, додавајќи дека таканаречениот „лов на вештерки треба веднаш да престане“.

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Финалистите на Светското клупско првенство ПСЖ и Челзи се екипите кои најмногу заработија од ова натпреварување. Приближно нивната заработка е 100 милиони евра, а победникот ќе има и повеќе сметајќи го и бонусот за постигнатите резултати. 

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Европскиот првак ПСЖ има загарантирани 97,4 милиони евра, а финалистот Челзи 95,4. Во случај на триумф на лондонскиот клуб ќе има уште 10 милиони евра.

Реал Мадрид кој беше полуфиналист има заработка од 74,6 милиони евра, додека вториот полуфиналист дека доаѓа од зона со понизок рејтинг (јужноамериканската) и освои 54,5 милиони евра.

На листата на заработки потоа следуваат: Баерн - 52,3; Манчестер Сити 46,3; Борусија Дортмунд 46,2; Палмеирас 36,1; Интер 32,9 и Ал Хилал 31,1 милиони евра. /МИА

притисни ентер