Давитковски:Груевски и Заев се паметни луѓе, ситуацијата предизвикана од 24 декември ќе се реши

Ад хок комисијата која ќe расправа за настаните од 24 декември во Собранието, денеска на првата работна средба ќе го носи својот деловник за работа.

Комисијата ќе ги утврди фактите, нема да носи политички заклучоци - појасни вчера нејзиниот претседател, професот Борче Давитковски.

- Заклучоците ќе им ги доставам на лидерите на двете политики партии од кои го добив мандатот, односно поддршка да бидам претседател на Kомисијата. Тоа се паметни луѓе. Ќе сфатат. Ако има некои препораки, нешто ќе преземат, едноставно да се надмине ситуацијата - вели тој.

Денеска Комисијата ќе го утврди деловникот за работа. Се очекува најдоцна за 2 месеци да утврди што точно се случи на 24 декември во собранието и евентуално да препорача подобрување на Деловникот, или на некој закон ако е тоа причина за немилите настани на 24 декември. Потоа на потег ќе бидат лидерите на политичките пртии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ тие препораки да се применат.

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер