3Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
Други спортовиДарио Ивановски и Андријана Поп Арсова победници на вториот атлетски маратон „11 Октомври Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова победници на вториот атлетски маратон „11 Октомври Лозово 2023“.Дарио Ивановски, во машка и Андријана Поп Арсова, во женска конкуренција се први на 15 - километарскиот Втор Атлетски маратон „11 Октомври Лозово 2023“ што по повод празникот денеска го организира Општина Лозово со подршка на бројни спонзори. Освен медали и пехари најдобрите добија и вредни парични ваучери од 12,8 и 6 илјади денари за прво второ и трето место. Маратонците трчаа на релација Лозово-Милино-Каратманово-Дурфулија-Лозово каде беше стартот и целта на трката. Истата денеска беше одржана во идеални услови со сонце во прекрасен есенски ден по пат што води преку нивите и неколку населени места во реонот на Овчеполието. На трката имаше 53 учесници во машка и женска конкуренција професионални атлетичари од атлетските клубови од Велес, Скопје, Гевгелија, и други градови, како и атлетичари аматери. Втор на 15 километри во машка конкуренција е Жан Тосев, трет Александар Арсов. Од велешките клубови четврто место освои Тале Илиевски од АРК „Борец“, а петото место го освои Роберто Димитриевски од АК „Велес“. Во женска конкуренција на 15 километри, втора е Теа Божиновска, а трета Марија Стојановска. Инаку, денешната трка беше во четири категории: на трката од 100 метри учествуваа деца од 7 до 10 години, на 200 метри од 11 до 14 години и трка на 400 метри на која учествуваа тинејџери од 15 до 18 години. Во сите категории на крајот свечено беа прогласени најдобрите за прво, второ и трето место во машка и женска конкуренција и им беа доделени медали и пехари. За највозрасен учесник на трката на 15 километри пофалница доби 77 - годишниот Санде Стојановски од Лозово, а за најмлад учесник Никола Саздовски од Лозово. Воедно градоначалникот Бошко Цветковски во својство на организатор на сите учесници на маратонската трка при пристигнување на целта им ставаше медал за учество во оваа атлетска трка „11 Октомври Лозово 2023“. Во изјавата за МИА, градоначалникот Бошко Цветковски потенцира дека целта што Општина Лозово ја организира оваа трка која прераснува во традиционална, а по повод празникот 11 Октомври, е да ги потикнат младите на спортување, на трчање и здрав начин на живот. Тој очекува догодина да им се приклучат што повеќе млади од сите градови од целата земја со што помасовно учество. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ФудбалУЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска објави дека пред претстојните натпревари од првото коло на Лигата на шампионите ќе се одржи минута молчење во спомен на загинатите во поплавите во Непал.Натпреварите од првото коло на Лигата на шампионите ќе се играат од вторник до четврток. „Како знак на солидарност и поддршка, пред почетокот на сите натпревари од Лигата на шампионите ќе биде одржана минута молчење и ќе биде истакнат транспарент на кој ќе пишува: „Не си сам, Непал“, соопшти УЕФА. Според најновите бројки, повеќе од 1.300 луѓе загинаа во поплавите во Непал, кои ја погодија земјата на 26 август, додека околу 5.000 се водат како исчезнати. „Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите што се играат оваа недела за да изразиме најдлабоко сочувство и поддршка до народот на Непал. Им посакуваме сила и упорност да се опорават од оваа голема трагедија и нејзините последици“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)Во центарот на Рим, се урна кат од деловна зграда, но за среќа четири лица беа спасени, соопштија властите.Зградата на Виа Кола ди Риенцо, во која се наоѓаат продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, моментално е затворена поради несреќата, според агенцијата „АднКронос“. Хотелот е во процес на реновирање. Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, изјави дека таванот помеѓу приземјето и првиот кат делумно се урна. Иако четири лица беа спасени, екипи со кучиња трагачи и специјалисти кои го пребаруваат подрачјето сè уште бараат. Таа додаде дека во тек се работи за реновирање во хотелот „деи Концоли“ и истакна дека не е исклучено „натрупаниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“. #Roma, crollo solaio in una palazzina in ristrutturazione in via Cola di Rienzo: dalle 10:30 #vigilidelfuoco al lavoro con 2 squadre, nucleo #USAR e cinofili, esclusa la presenza di persone coinvolte. Operazioni di messa in sicurezza dell’area in corso [#7settembre 12:15] pic.twitter.com/ppviTk1iNt — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) September 7, 2026 Тагови: зграда Рим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter