3Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаДарија, Тео, Бисера и Марин се единствените деца во село Маврово – учат заедно, иако се различни одделенијаИзборите во четирите општини во Западна Македонија денеска ќе успеат, но проблемот со иселувањето од овој регион на Македонија останува... Во срцето на село Маврово, во подножјето на Бистра, еден училишен ден изгледа сосема поинаку... Во подрачното основно училиште „Денче Дејаноски“, прва пристигнува единствената вработена, наставничката Маја Манојловска. Во студените зимски утра, таа најпрво го загрева просторот и ја подготвува училницата за почетокот на наставата. Кратко потоа пристигнуваат и учениците. Тео, Дарија, Бисера и Марин се единствените деца кои учат во ова подрачно училиште и го чуваат од заборав. Прво, второ и четврто одделение, сите во иста училница. Првачето Дарија е последната ученичка која оваа учебна година им се придружи на останатите три деца. Во малата, но топла и пријатна училница, се кријат нивните големи соништа. Ваквиот начин на работа, вели наставничката Маја, не е секојдневен, но е посебен и интересен. Предностите се бројни — можноста наставникот целосно да се посвети на секое дете токму затоа што учениците се малку, мирната средина, а понекогаш кога условите дозволуваат и наставата во природа на чистиот мавровски воздух.. -Мојот работен ден започнува не својствено можеби за оние мои колеги кои работат во градските средини, но имам колеги во останатите подрачни училишта кои ја работат истата работа како и јас..На сам почеток создавам пријатна атмосфера тука, а потоа започнуваме и со наставната програма која е тековна за тој ден, децата се во комбинирана паралелка..Комбинираната настава бара свој труд, свое внимание, посветување на секое дете посебно и иако се 4 ученици тие се вклопуваат еден кон друг. Сепак, предизвик останува малата социјализација. Таа се надоместува преку заеднички дружења и организирани работилници со учениците од централното училиште во Маврови Анови, каде што децата го продолжуваат своето образование по завршувањето на петто одделение во подрачното училиште. Ова училиште постои уште од 50-тите години на минатиот век, а до пред неколку години имало само еден ученик. Денес, учениците со гордост раскажуваат дека токму овде учеле и нивните родители, баби и дедовци. За наставничката Маја, тоа е и најголемата радост — што, и покрај сè, училиштето сè уште опстојува. -На самиот почеток кога јас започнав со моето работно искуство, мојот ученик беше само Бисера, значи работевме само јас и таа, но потоа благодарение на сите оние родители кои одлучија своите деца да останат овде моментално се 4 ученици, а имаме најава дека следната година ни доаѓа уште еден ученик, што за нас тоа е навистина голема радост и ми е навистина мило што родителите одлучуваат нивните деца да учат во ваква средина. Ова мало училиште во селото Маврово е само дел од пошироката слика на демографските предизвици со кои се соочува земјава. За 20 години бројот на населението во о. Маврово и Ростуша е намален за една третина..Од 8618 во 2002, според последниот попис од 2021 година бројот на населението е 5042. Учебната година во Македонија започна со 17.250 првачиња или 1.309 помалку од минатата, додека изминатите 5 години, во училишните клупи седнале над 4.000 првачиња помалку.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИнфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“. Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе. Од mukbang до Холивуд Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи. View this post on Instagram A post shared by Trisha Paytas Hacmon (@trishapaytas) Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми. За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“. Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа. View this post on Instagram A post shared by Trisha Paytas Hacmon (@trishapaytas) Семејство и нови мемоари Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година. Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.Тагови: инфлуенсерка Јутјуб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаРуте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО) Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда. Споредба со Виетнам Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина. 🚨 🚀🇷🇺🇺🇦 NATO Secretary General Mark Rutte claims Russia is suffering heavy battlefield losses in its war against Ukraine: "Russia's war against Ukraine continues. Putin is failing on the battlefield. In the past few months, Russia has been losing more than 40,000 troops killed or seriously wounded every month." — Russia News (@russianews_eng) November 12, 2026 „Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте. Напади врз цивили и хибридна војна Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата. „Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој. Проценки за вкупните загуби Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.Тагови: Марк Руте русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЃорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец. Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter