ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
1ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
ТехнологијаДанска планира закон за заштита од ВИ и „дипфејк“ технологијата- Со овој закон, јасно ставаме до знаење дека секој има право на сопствено тело, глас и црти на лицето - што Законот во мигов не се чини дека ги признава како заштита од генеративна вештачка интелигенција. Луѓето денес може да бидат „ставени“ на дигитален фотокопир и злоупотребени на различни начини, смета данскиот министер за култура Јакоб Енгел-Шмит за Гардијан, откако Данска воведе новини во својот Закон за авторски права коишто им овозможуваат на луѓето да бараат право и на сопствениот изглед. - Со овој закон, јасно ставаме до знаење дека секој има право на сопствено тело, глас и црти на лицето - што Законот во мигов не се чини дека ги признава како заштита од генеративна вештачка интелигенција. „Дипфејк“ содржината е сериозен проблем што фундаментално го менува начинот на којшто ја доживуваме реалноста, додаде тој. „Дипфејк“ (deepfake) технологијата користи вештачка интелигенција за создавање лажни и манипулативни видеоснимки што изгледаат и звучат како вистински, иако се работи за визуелно-звучна монтажа. Оваа технологија користи алгоритми како што се генеративните спротивнопоставени мрежи (ГАНс) за да создаде убедливо-реалистични видео-аудиосимулации на лица и гласови. На таков начин, на пр., може „да се постави“ едно лице сосе неговиот/нејзиниот глас врз друго, па второво лице - со туѓ глас да се искористи за да каже нешто што првото лице никогаш не го кажало. Познатите личности често се жртви на овие манипулации. Во индустријата за забава, оваа технологија се користи и за „оживување“ починати глумци или за дигитална реконструкција на ликови. Може да се користи и за политички цели, за создавање лажни говори или изјави коишто можат да влијаат на јавното мислење. Решението за сѐ тоа, како што посочува данскиот пример, е да се вклучи личниот изглед во законот за авторски права. Според новата законска рамка, данските граѓани ќе имаат право да бараат отстранување на неовластена „дипфеј“ содржина од интернет. Тие исто така ќе имаат право на надомест во случаи на злоупотреба на дигитално реконструирани уметнички изведби. Пародиите и сатиричната содржина ќе останат ослободени од забраната. - Дигиталните платформи што го игнорираат Законот ќе се соочат со сериозни финансиски казни, а Европската комисија исто така може да биде вклучена. Затоа верувам дека технолошките компании ќе го сфатат ова многу сериозно, додава Енгел-Шмит, истакнувајќи дека Данска планира да го искористи своето претстојно претседателство со ЕУ за да промовира слични закони низ цела Европа. Авторските права традиционално штитат специфични креативни дела, а не идеи, факти или идентитет на една личност. Вашиот глас, лице и идентитет не се автоматски заштитени со постојните авторски права - освен ако не се дел од одредена креација (на пр., песна или фотографија). Проблемот е што во овој миг, само „познатите и богатите“ имаат можност да се борат против злоупотребата на нивниот лик и глас. Но, како што вели Том Греам, извршен директор на „Метафизик“ (Metaphysic), просечниот човек нема таков луксуз - освен ако не може да се повика на закон што ги обврзува платформите брзо да ја отстранат содржината што ги крши авторските права во САД. „Метафизик“ е компанијата што обвластено создаде „дипфејк“ реклама со лицето на Том Круз, а соработуваше и со други познати имиња, како „АББА“, Том Хенкс и Елвис Присли - на законска основа. Тој предлага секој да може со вештачка интелигенција да создаде свој аватар - дигитален лик кој би бил заштитен со авторски права. На тој начин, ако некој го злоупотреби вашиот дигитален лик, тоа би се третирало како повреда на авторските права. Ако ЕУ ја прифати оваа пракса, според познавачите, тоа би можело да значи нова ера на ВИ и на дигиталната заштита на личниот идентитет. Тагови: вештачката интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобусДиректорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија. На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија. Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. РадоборСтанува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на часЛишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.Тагови: бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook