Данска делумно парализирана поради обилни снежни врнежи - Канал 5

Данска делумно парализирана поради обилни снежни врнежи

 Данска денеска е делумно парализирана поради обилни снежни врнежи во поголемиот дел од земјата, со прекин на јавниот превоз, затворени училишта и откажани летови.

Данска делумно парализирана поради обилни снежни врнежи

Данскиот метеоролошки институт издаде предупредување за снежни врнежи што ќе продолжат до вечер на истокот од земјата, каде се наоѓа главниот град Копенхаген, како и на истокот од полуостровот Јитланд, каде што се наоѓа вториот по големина град, Орхус.

Автобускиот сообраќај во Орхус е прекинат. Регионалната полиција во Копенхаген предупреди да се избегнуваат „непотребни патувања“.

Многу училишта одлучија да останат затворени. Според Данскиот метеоролошки институт, на некои места може да падне до 30 см снег. Аеродромот во Копенхаген предупреди на „ризик од доцнења и откажувања (на летови) поради снежни услови“. Утрово летовите до Берлин и Париз беа откажани. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за снежна бура и за регионот Северен Јитланд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер Сити

Репрезенативецот на Хрватска, 24 годишниот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер Сити, со што се обврза кон клубот до летото 2031 година. 

Хрватот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер Сити

Хрватскиот репрезентативец, кој се етаблираше како еден од клучните играчи на тимот по доаѓањето од РБ Лајпциг во 2023 година, на тој начин ја обезбеди својата долгорочна иднина.

„Овој 24-годишен фудбалер, кој по природа е централен дефанзивец, покажа висок квалитет и играјќи на позицијата лев бек. Досега има одиграно 122 натпревари и постигнато 13 гола за клубот. Во овој период, тој освои шест трофеи со Сити: Премиер лигата, ФА Купот, Лига-купот, Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА и Комјунити Шилд. Гвардиол е и редовен член на хрватската репрезентација, за која досега има забележано 52 настапи. Тој беше дел од составот и на Светското првенство во 2026 година“, се наведува во официјалното соопштение на Манчестер Сити.

„Кога слушнав дека Сити ми нуди продолжување на договорот, веднаш знаев дека го сакам тоа. Навивачите се прекрасни кон мене уште од првиот ден, а клубот им обезбедува апсолутно сè на играчите. Ова е најдобриот клуб во светот“, изјави Гвардиол.

„Во текот на овие три години почувствував огромна љубов и почит, на што сум многу благодарен. Соиграчите ми се фантастични; имаме тим од светска класа, кој е млад и полн со потенцијал. Уверен сум дека во годините што доаѓаат ќе постигнеме уште многу успеси.“- истакна Гвардиол п-о п-родолжувањето на договорот со Сити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Предложен притвор за осомничен за избегнување на плаќање акциза

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Предложен притвор за осомничен за избегнување на плаќање акциза

Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Со камион – влекач со приколка, со српски регистарски ознаки и сопственост за превозна компанија од Србија, тој се пријавил на влез во земјава и отпочнал транзитна постапка на стока – материјал за изолација. При контрола, над декларираната стока, царинските службеници откриле 100 картонски кутии во кои биле спакувани штеките цигари без акцизни маркички.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе се обиде да ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или соучесниците во кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти

Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година.

Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти

Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството.

Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари.

Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти.

Да, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП.

Но клучно прашање не е само колкав е дефицитот, туку за што се користи дополнителниот фискален простор.

Одговорот е многу јасен.

Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти.

Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари.

Тоа се средства за патишта, железница, водоводи, канализации, училишта, здравствени објекти, животна средина и локална инфраструктура.

Тоа се инвестиции што создаваат работа денес, а вредност за граѓаните во годините што следуваат.

Истовремено, приходната страна не се гради врз нереални очекувања.

Приходите растат систематски ,системски, пресметано и создаваат поголема вредност во економијата.

Се крати таму каде што нема доволен приоритет, а се зголемува таму каде што има економски, развоен и општествен ефект.

Затоа, кога опозицијата ќе зборува само за една бројка, ние ќе зборуваме за целата слика.

Ќе зборуваме за структурата на расходите, за проектите и за придобивките кои што треба да ги почувствуваат граѓаните.

Овој Ребаланс треба да се оценува не само според тоа колку средства се планираат, туку според тоа што ќе се изгради и што ќе се подобри со нив.

Тоа е разликата помеѓу непродуктивна потрошувачка и развојна политика.

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер