Даниловски: Сите вакцини спречуваат тешки симптоми или смрт од коронавирусот

Мал е процентот на оние кои ја имале првата алфа варијанта на коронавирусот да се заразат со нова делта варијанта бидејќи студиите што се достапни покажуваат дека  имунитетот стекнат со прележување на болеста или со целосно вакцинирање е ефикасно.

Ова го изјави д-р Александар Петличковски во одговор на новинарско прашање на денешната трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19".

Петличковски објасни дека ефикасноста се мери на неколку нивоа, првото е инфективноста на делта варијанта кон прележани или имунизирани лица, второ е тешка болест и трето е исход од болеста. Како што вели, за тешките форми на вирусот и хоспитализација е јасно дека имунитетот во голем дел штити од повторна зараза.

– Немам видено сериозни студии со многу испитаници што ќе пресметаат и ќе укажат колкав процент од заболените навистина имале прележано претходно, но очекувам тој процент да биде многу мал, односно под пет проценти, заклучи Петличковски.

Д-р Драган Данаиловски надоврзувајќи се на прашањето, истакна дека досегашните искуства со делта варијантата во Велика Британија и Израел покажуваат дека 95 проценти од сите заболени се во категорија на невакцинирани или вакцинирани со една доза, а во категоријата на невакцинирани лица се претежно млади лица кои, како што вели, имаат малку отпор кон вакцинирањето и се оставени без заштита.

– Сега целиот свет е всушност во фаза четири, што значи на општата популација се евалуира, мери и идентификува дали ќе се појават одредени несакани ефекти што во третата клиничка фаза не можеле да се појават бидејќи таму биле 30-50 илјади испитаници. Сега се во прашање десетици милиони и стотици милиони население. И вакцинираните со две дози не се дефинитивно сто проценти заштитени во заразување, видовме информација од Уругвај дека стапката на заштита од Фајзер е 78 отсто во стекнување на вирусот, но има 22 проценти ризик да се зарази и со две дози вакцина, процентите се слични и во други земји, објаснува Данаиловски.

Тој напомена дека најважно од се е што сите вакцини нема да дозволат тешки симптоми и умирање од вирусот.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер