Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана
1Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
215 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана
Шоу бизДаниел Крег дал цело интервју, а не забележал дека му тече крв од челото (ВИДЕО)Актерот Даниел Крег со филмскиот колега од Skyfall Хавиер Бардем учествувал во шоуто Actors on Actors на American Media Variety, во кое две филмски или ТВ ѕвезди се интервјуираат еден со друг.Откако направил интервју кое траело повеќе од 20 минути, Бардем забележал дека Крег има нешто на челото. „Да ти го поставам последното прашање. Што ти се случило овде? “прашал Бардем покажувајќи на челото. "Каде? Дали имам сендвич на главара?" Крег се пошегува. Потоа отишол да се погледне во огледало и го објаснил потеклото на раната која во тој момент крварела. "Ми испратија прекрасно светло во облик на круг и го ставив iPad на среде. Само ми падна на глава непосредно пред интервјуто", низ смеа изјавил актерот, а Бардем додал дека таков го направил целото интервју. Крег се пошегува дека секогаш се повредува на снимања. "Го играв Џејмс Бонд 17 години. Не е ни чудо што секогаш се повредувам кога снимам. Ако не се повредам додека снимам, не го правам тоа како што треба", рекол Крег. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВодата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степениВодата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години. Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран. Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Европа15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана Најмалку 15 луѓе се убиени, а неколку десетици се ранети во најновиот бран руски ракетни напади врз Киев додека Украина продолжува да се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана.Мета на нападите кои почнаа околу полноќ биле станбени блокови и магацини, а според украинските власти, погодени биле и детеска болница и училиште. Руското министерство за одбрана ги потврди нападите и соопшти дека користело прецизно воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана. -Сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир, напиша Зеленски на телеграм. Извштаите сугерираат дека Русија истрелала најмалку 20 ракети, од кои ниту една не била пресретната од украинската противвоздушна одбрана..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter