ФудбалДани Алвеш останува на слободаДани Алвеш, до неодамна активен 40-годишен бразилски фудбалер, останува на слобода откако судот во Барселона во средата ја одби жалбата за негово привремено ослободување од затвор со платена кауција, пренесува француската агенција АФП.Во февруари оваа година, судот во Барселона го осуди трофејниот фудбалер на четири и пол години затвор за силување жена во ноќен клуб, ноќта меѓу 30 и 31 декември 2023 година. Алвеш беше ослободен на 25 март откако беше платена кауција од милион евра. Ваквата одлука беше обжалена од обвинителството и правниот тим на граѓанската партија на чело со Естер Гарсија, но нивната жалба беше одбиена и Бразилецот останува на слобода. Откако беше платена кауцијата, судот го ослободи Алвеш, но му ги одзеде двата пасоши, бразилскиот и шпанскиот. Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона не смее да ја напушти Шпанија и мора да се појавува на суд секој петок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали и каде летуваат македонските политичари?Почетокот на август во Македонија носи традиционално забавување на политичките активности. По прославата на илинден, премиерот, министрите и пратениците користат кратки годишни одмори.Пред враќањето на секојдневните работни обврски и есенски предизвици најчесто од 3ти па до кај 15ти август политичарите одмараат во кругот на семејството. Годинава наместо на море или езеро – премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски својот летен одмор го минува во кругот на семејството. Осум дена уживаат во убавините на Белгија. „Во суштина нема да имам класичен одмор. Ќе биде еден вид екскурзија со семејството. Со семејството ќе бидам недела дена во Белгија, четири дена во Бриж, четири дена во Брисел.“ -Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Ниту лидерот на СДСМ Венко Филипче одморот нема да го помине на море. Тој за Канал 5, вели планот му е летниот одмор ќе го посвети на реалните проблеми на граѓаните и семејството. „Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите. Следната недела планирам да одам и во Гостивар. Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работа во болница.“ - Венко Филипче – лидер на СДСМ. Претстедателката Гордана Сиљановска Давкова месец август ќе го мине работно во Охрид. Од претседателскиот кабинет за Канал 5 велат како покровител на фестивалот Охридско лето нејзиниот престој во Охрид вклучувал бројни протоколарни и службени ангажмани како прием на странски државници, јавна дебата по повод Меѓународниот ден на младите, а денеска се одржала и работна посета во Струга со раководствата општината и струшките вечери на поезијата. „За неколку дена во Охрид како врховен командант на Армијата, претседателката ќе биде дел од одбележувањето на Денот на АРМ, а за неколку дена на покана на претседателот на Италија ќе присуствува на отворање на Медитеранските игри. “- Кабинет на Гордана Сиљановска – Давкова – претседателка на Р.Македонија. Од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши за Канал 5, велат претседателот немал планови за летен одмор. Гаши, како што ни посочија и годинава одморот ќе му помине работно во Законодавниот дом. Работно, како и секоја година, во родното Зајас ќе му помине и летниот одмор на лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети. Канал 5 побара одговори и од останатите политичари но до овој момент одговор не добивме, дел од министрите, летниот одмор го поминуваат покрај брегот на Охридското езеро. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетврт век од охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензии Македонија одбележува јубилејни 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор кој стави крај на една од најголемите безбедносно-политички кризи...Првиот вицепремиер Беким Сали на свечената седница во Владата посветена на рамковниот договор ја потенцираше историската и политичката важност на договорот за стабилноста, еднаквоста и европската иднина на земјата. -Охридскиот договор не треба да се гледа како затворен и завршен документ туку како жив механизам на нашиот уставен поредок и како политичка насока за секоја институција на државата. Тоа подразбира институции кои функционираат на принципот на еднаквост и правична застапеност. // ... Токму тоа го правиме и ние како Влада, неодамна и со предлагањето до Собранието на една значајна одредба која што произлегува од овој договор како што е Законот за соодветна и правична застапеност,- - Беким Сали, прв заменик претседател на влада. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат поуки и да се погледнат пообјективно некои работи од дистанца, вели вицепремиерот Александар Николоски. Според него, наместо за добробит на општеството, одредени политички поединци и партии го злоупотребувале договорот. -Се обидуваа да прават раздор, да поттикнуваат лажен национализам и етнички тензии и на тој начин да владеат со државата и мораме да признаеме дека долго и успеваа да го прават тоа, за сега еве да видиме во овие две години дека во суштина, најголем дел од работите биле поврзани со личниот и семејниот интерес. Не смееме да дозволиме тоа да се случува во иднина, мора да гледаме напред но и да се свртиме назад да видиме кои се луѓето кои што ги злоупотребуваа најсуптилните лични чувства на народот,- -Александар Николоски, заменик претседател на влада. Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи порача дека иако во државава има различни перцепции за минатото и за Охридскиот договор, иднината како што вели, мора да биде ослободена од етнички тензии, политички манипулации и поделби. На Македонија ѝ е потребно општество во кое вредноста на човекот нема да се мери според неговото потекло, туку според неговото знаење, труд, чесност и придонес кон заедницата. Држава во која институциите ќе му служат на граѓанинот и во која напредувањето ќе зависи од способноста и резултатите,- -Христијан Мицкоски, претседател на влада. Идните генерации да го наследат Охридскиот договор како пресвртница во историјата, порачува спикерот Африм Гаши. -Македонија е заеднички дом за сите нејзини граѓани. Неговата сила не лежи во разликите што нè делат, туку во способноста да ги претвориме во заеднички вредности. По четвртина век, прашањето што мора да си го поставиме повеќе не е што сме постигнале, туку што ни останува да им наследиме на идните генерации, државата што ја сакаме, вели Гаши во испратеното соопштението,- - Африм Гаши, претседател на собрание. Одбележувањето на јубилејот продолжува во 19:30 часот на Камен мост во Скопје со уметничко-музичка програма и присуство на дипломатскиот кор. Опозициската ДУИ, пак, закажа сопствен настан за одбележувањето на 25-годишнината од Рамковниот договор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЗдравјеБројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени По прогласената епидемија во делови од Скопје, како, Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте, па сега вкупниот број се искачи на 30.Од нив 20 се уште се во болница, петмина, кои имаат над 60 години и се со други хронични болести се во критична состојба, на респиратор, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клинка. Досега имаме еден смртен случај, 83-годишен скопјанец, а 9 се излекувани, односно пуштени од болница дома. Експертите велат дека простор за паника нема. Професор д-р Никола Пановски вели дека она што сега треба секој од нас да го прави е да се заштити, со сретства против комарци, со мрежи на вратите, а и во дворовите да се исчисти застоената вода што претствува добро место за размножување на комарците....При симптоми како што се силна главоболка, зашеметеност, вкочанетот во вратот веднаш да се побара лекарска помош, но на своја рака да не се земаат лекови и антибиотици.... Со професорот Пановски разговараше Сања Трајковска Ставров. Во видеото погледнете го целиот разговор. Тагови: инфективна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter