ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштита
2ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштита
3МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска
КошаркаДамјан Стојановски - најдобар кошаркар за 2014 годинаНовинарите и клубовите го изгласаа Дамјан Стојановски за најдобар кошаркар во Македонија за 2014 година. Кошаркарот на МЗТ Скопје минатата сезона го предводеше својот тим до двојната круна на домашната сцена, а беше и еден од најдобрите во својот тим во Јадранската лига. За најдобар кошаркар во странство, очекувано прогласен беше првиот и засега единствениот Македонец во НБА-лигата Перо Антиќ од Атланта хоукс. Емил Рајковиќ беше крунисан за најдобар тренер во Македонија, откако лани го одведе Работнички до финалето од плеј-офот во домашното првенство. Андреј Магдевски трета година по ред ја добива наградата зa најдобар млад кошаркар. Во женска конкуренција, најдобра кошаркарка е Анџелика Митрашиновиќ, во младинска категорија наградата отиде во рацете на Драгана Петковски, а најдобар тренер кај кошаркарките е Перо Стамески. Најдобар македонски кошаркарски судија е Александар Милојевиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија55. Семакедонска средба Трново 2026!Во 1971 година за првпат е одржана Иселеничка Средба во македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново во организација на Матицата на иселениците од Македонија.Утре, на 2 август, на големиот христијански празник Свети Пророк Илија - Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 55. Светска Македонска Иселеничка Средба и 46. Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како Една и единствена СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ТРНОВО 2026! Организатори на 55. Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. Во 1971 година за првпат е одржана Иселеничка Средба во македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново во организација на Матицата на иселениците од Македонија. Во 1981 година, на истото место, една недела пред 2 август, за првпат започнува да се одржува и Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола. Од 1998 година Средбата е преименувана во Светска Македонска Иселеничка Средба во организација на Светскиот Македонски Конгрес. Во 2014 година, 34-та Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и 43-та Светска Македонска Иселеничка Средба се обединија во една и единствена Семакедонска Средба под покровителство на градоначалникот на Општина Битола. На Семакедонската средба 2026 се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија, од светот и татковината. Од 7.30 до 10.30 ќе се одржи света богослужба во црквата “Успение на Пресвета Богородица“, на која чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Петар, Митрополит Преспанско-Пелагонсики. Семакедонската средба започнува во 10.30 часот а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба. Македонската национална химна “Денес над Македонија“ ќе ја отпее оперскиот пеач Никола Зачевски. Средбата ќе ја благослови Неговото Високопреосвештенство г. Петар Митрополит Преспанско-Пелагониски. Присутните ќе ги поздрават градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски како покровител на Средбата, претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Александар Јаневски и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров. Посебно слово за Македонците во светот ќе одржи проф.д-р Васил Тоциновски. На Семакедонската средба ќе присуствуваат градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски, градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски, градоначалникот на општина Прилеп Дејан Проданоски и градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски, како и пратениците од Битола Пеце Милевски, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, советниците во Советот на општина Битола, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола Горан Исков и членот на УМС Мартин Ивановски. Се очекува присуството и на отец Никодим архимандрит Мегленски од Егејскиот дел на Македонија, копретседателот на ОМО Илинден ПИРИН проф.д-р Стојко Стојков од Пиринскиот дел на Македонија, претседателот на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција м-р Васил Стерјовски, претседателката на Македонската заедница во Србија и на Македонското здружение “Кочо Рацин” во Белград Лидија Демниева и претседателот на Македонското друштво “Преспа” Едмонд Темелко. Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД “Гоце Делчев“ од Битола и Хорот “Сирма војвода“ од Битола. Од Битола до Трново и назад има организиран автобуски превоз. Организаторите упатуваат јавна покана за масовно присуство на Семакедонската средба до сите Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината! Повелете!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштитаСо ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции.Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова значи поголема поддршка за семејствата, за најранливите категории граѓани и за сите оние на кои им е потребна сигурност и стабилност. Здравството добива дополнителни околу 1 милијарда и 811 милиони денари, затоа што граѓаните заслужуваат подобри услуги, модерна опрема и функционални здравствени установи. Образованието со повеќе од 1 милијарда денари дополнителни средства, инвестиција во училиштата, студентите, учениците и иднината на нашата држава. Паралелно, се обезбедуваат повеќе средства за земјоделците, за железничкиот сообраќај, за породилното боледување, за МОЈ ДДВ и за поддршка на ученичкиот и студентскиот стандард. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството добива дополнителни 1 милијарда и 331 милион денари. Министерството за земјоделство добива речиси 300 милиони денари повеќе, со засилување на средствата за водостопанство и стабилност на земјоделското производство. Овој Ребаланс не е само збир на бројки. Ова се реални средства зад кои стојат реални луѓе родители, пензионери, земјоделци, работници, наставници, здравствени работници и млади кои ја градат својата иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска трескаМинистерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент. Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook