Дамјан Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи медиумските реформи

Опозицијата го кочи законот за медиуми, вели министерот за информатичко општесто Дамјан Манчевски.

Апелира комисијата за транспорт и врски со која претседава ВМРО-ДПМНЕ да работи секојдневно без престан се додека не заврши амандманската расправа за предлог Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги. За 4 месеци одржани се само 6 седници на комисијата, поминати се само 7 амандмани, а остануваат уште 67.

-Со оваа динамика законот ќе биде усвоен за 2ипол години од сега. Нема да дозволиме Македонија никогаш повеќе да биде оценета како неслободна држава каде медиумите работат под притисок, уцени и страв. Медиумите треба да се остават на медиумските работници. Во тоа силно веруваме и нема да се откажеме од таа цел. Еднаш и засекогаш политиката мора да ги тргне своите раце од медиумите. Овој предлог закон ни ја дава само шансата за тоа, вели министерот Дамјан Манчевски.

Реагираа од ВМРО ДПМНЕ. Тоа што ја интересира СДСМ е набрзина носење на закон кој што ќе им овозможи владеење со медиумски креиран мрак и лишување на граѓаните од информациите за неработењето, партизацијата на администрацијата, злоупотребите на власта, штетните политики во сите сфери, осиромашувањето на граѓаните, девастирањето на државата дома и на меѓународен план, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Инаку и 5те национални телевизии на средби со опозицијата бараа да го откочат носењето на законот. Сметаме дека со ова кочење апсолутно не се придонесува до подобрување на медиумскта сфера, напротив продолжува хаосот во сите сфери на медиумското работење.

Канал 5 ги повикува сите пратенички групи во најкус можен рок да ги достават сите предложени амандмани со цел телевизиите да имаат увид и да ги лоцираат оние кои се главна причина за овие очигледни кочења за донесување на овој важен медиумски закон.

Чикаго ќе организира трка во Формула 1 во 2026 година

Трка во Формула 1 за Големата награда на Чикаго треба да се појави во натпреварувачкиот календар од 2026 година. Според „Fastest Pitstop“, веќе е договорено Чикаго да биде домаќин на едно Гран при.

Конфигурацијата на патеката допрва треба да биде одобрена, но во моментов со сигурност се знае дека сцената ќе биде ноќе.

Во календарот на шампионатот, Големата награда на Чикаго ќе се одржи пред етапата во Канада.

Се очекува во наредните недели да следи официјалното објавување на трката за ГН на Чикаго и договорот со Формула 1.

„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети

Американската компанија „Епл“ ги претстави новите модели на „Ајпад про“, а познавачите сметаат дека се работи за можеби највпечатливите подобрувања досега. Речиси сѐ околуу нив е ново и подобро од порано, велат стручњаците.

Новиот таблет се напојува со „М-4“ процесор што е 1,5 пати побрз од „М-2“, и до четирипатипати подобри перформанси. Делотворноста е надополнета со вештачка интелигенција. Покрај тоа, ова е и најтенкиот производ на „Епл“ воопшто - 11-инчниот модел е 5,3 мм, а 13-инчниот модел е 5,1 мм. тенок. Алуминиумската обвивка на таблетот, којашто е достапна во сребрена и „вселенско“-црна боја, е направена од 100 отсто рециклирани материјали.

Говорејќи за екраните, „Мини-ЛЕД“ и „ИПС ЛЕД“ се веќе минато и се заменети со „ОЛЕД“ технологија. Тоа ја приспособува брзината на слики меѓу 10 и 120 херци, со резолуција од 2.420 x 1.668 пиксели за 11-инчниот модел или 2.752 x 2.064 пиксели за моделот голем 13 инчи.

„Епл“ ја претстави и „Пенцил про“ верзијата со новиот сензор чувствителен на стискање, што може да се користи за брзо менување на поставките.

Новите модели на се достапни на интернет-продажба во 29 земји. Во продавниците на „Епл“ пристигнуваат на 15 мај. Во зависност од спецификациите и големината, „Ајпад про“ чини од 1.200 до 2.760 евра, конкретно во Германија.

По желба, на заштитното стакло може да се додаде нано-текстура за да се намали отсјајот и светлоста. Овој додаток чини 130 евра и е достапен само за моделите со меморија од 1 и 2 терабајти.

Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во своите јавни настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи и согласно европските вредности и начела, информира денеска Кабинетот на претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова, како што се наведува во соопштението, ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

- Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, се вели во соопштението.

притисни ентер