Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЖивотДали сауната навистина согорува калории? – Истражувањата го дадоа последниот збор!Научниците открија дека сауната може да влијае на губење на тежината, но еве како.Сауна е просторија со висока температура и влажност. При престојот во сауна, телото се обидува да се олади, што доведува до неколку промени. Иако сауните често се користат за релаксација или зајакнување на здравјето, многумина се во дилема дали додека престојуваат во сауна, можат да согорат вишок калории. Според истражувањата, точно е дека телото согорува дополнителни калории во сауна, но не беше познато колку калории се согоруваат во текот на овој процес. Колку калории можете да согорите во сауна? Истражувањето покажало дека за време на четири десетминутни престојувања во сауна, мажите во просек согорувале околу 73 калории во првите 10 минути, а во четвртиот престој од 10 мин. просечното согорување калории се зголемило на 134 калории. Исто така, мажите со повисок масен индекс (БМИ) согорувале околу 20 калории повеќе од просекот за време на последниот 10-минутен престој во сауна. Ова истражување е спроведено на млади мажи кои не биле физички активни. Губење на тежината во сауна Губењето на тежината во сауна се должи на губењето на телесните течности преку потење, но ова може да има мал ефект врз губењето на тежината. Исто така, луѓето со повисок БМИ губат повеќе течности и затоа хидратацијата за време и по употребата на сауна е важна за да се спречи дехидрација. Здравствени придобивки од користењето на сауна Редовното користење на сауна може да има низа здравствени придобивки. Имено, престојот во сауна го намалува ризикот од смрт од срцеви заболувања, го подобрува опуштањето на телото, го снижува крвниот притисок, ја намалува инциденцата на Алцхајмерова болест и деменција и ја намалува инциденцата од белодробни заболувања. Сепак, важно е сауната да се користи умерено, бидејќи пречестата или предолгата употреба може да доведе до здравствени ризици како што се изгореници, топлотна исцрпеност, тешка дехидрација, па дури и мозочен удар. Безбедност при користење на сауна За здрави луѓе користењето на сауна се смета за безбедно, но важно е да се внимава на ризикот од дехидрација и да се замени изгубената течност со внесување вода. Исто така, постојат неколку упатства за безбедно користење на сауна, меѓу кои: избегнување алкохол, лекови кои ја намалуваат способноста на телото да се поти, користење на сауната само 15 до 20 минути со постепено ладење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
БалканНесреќа во БиХ, автобус со фудбалери излета од патот, натпреварот веднаш бил откажан!Натпревар од деветтото коло на Втората лига на Федерацијата Босна и Херцеговина – Центар, меѓу Горажде и Фамос од Храсница, кој требало да се одигра денес, е одложен по сообраќајна несреќа што ја доживеле гостите на пат кон стадионот! Во еден момент, автобусот со фудбалерите и стручниот штаб на Фамос излетал од патот, а инцидентот предизвикал голема загриженост. За среќа, од Храсница пристигнале охрабрувачки вести – ниту еден фудбалер не е повреден, додека возачот се здобил само со полесни повреди. Иако сите фудбалери поминаа без повреди, стресот и шокот по несреќата оставија последици. Во такви околности, тимот не беше во состојба да настапи на натпреварот, па членовите на клубот се упатија назад кон дома по инцидентот. По повод овој настан се огласи и ФК Горажде, од каде официјално потврдија дека натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. - Ја известуваме јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот меѓу Горажде и Фамос е одложен. До одложувањето дојде поради сообраќајна несреќа во која учествуваше екипата на Фамос на пат кон Горажде. Поради сите околности и состојбата во која се наоѓа тимот, натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. Новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително одреден и објавен штом ќе се исполнат сите услови – соопштија од Горажде, упатувајќи благодарност за разбирањето. Најважно е што играчите на Фамос поминале без повреди, а новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително објавен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалВидео: Меси и Суарез како во своите најдобри деновиСуарез го отвори резултатот во третата минута, а потоа, во 39-тата, го зголеми водството на домашниот тим. Двата гола на Уругваецот беа постигнати по додавања на Херман Бертераме, па Интер замина на полувреме со сигурна предност од 2:0. Во продолжението, главната улога ја презеде волшебникот Лео Меси. Аргентинецот погоди во 47-мата минута по асистенција на Суарез, а во 60-тата минута, по додавање на Родриго де Пол, беше поставен конечниот резултат. 🚨EL GOLAZO 934 DE LIONEL, ENCARO ENCARÓ y luego se puso nervioso al definir😅….GOLAZOOOO https://t.co/tp6JsbEeWy — KING MESSI 10 (@messi10_rey) October 11, 2026 Светските фудбалски ведети на овој меч потсетија на времето од Барселона кога беа неверојатен тандем и вистински машини за постигнување на голови. Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветРубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави остро ги осудуваат најновите напади врз Кралството Саудиска Арабија.Во соопштението на американскиот државен секретар на мрежата „Икс“ (X) беше потврдено дека еден американски државјанин загинал во новите напади, пренесува Ројтерс. „Овие срамни напади покажуваат грубо непочитување на животите на невини цивили. Тие мора веднаш да престанат“, напиша Рубио во објавата. Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во вчерашниот напад врз меѓународниот аеродром „Кинг Калид“ во саудискиот главен град Ријад – напад за кој саудиските власти ги обвинуваат јеменските бунтовници Хути – соопштија саудиски претставници. Според официјални лица, ова е најсмртоносниот напад во некоја од арапските земји од Персискиот Залив од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook