Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
1Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаДали претседателите на судовите ги кријат имотите?Скоро половина од претседателите на судовите во државава не доставиле или доставиле погрешни Анкетни имотни листови..Речиси половина од претседателите на основните и апелациони судови во земјава не доставиле анкетни листови за имотната состојба во законскиот рок. Антикорупциска ги заврши проверките од кои утврди и дека двајца претседатели на судови не пријавиле имот а кој го пронашле во други бази на податоци. Против овие претседатели на судови антикорупционерите ќе отворат прекршочни постапки а сите сознанија за имотната состојба ќе се најдат и пред Судскиот Совет. Сознанијата Антикорупциска ги сподели на дебата посветена на прочистувањето во правосудството. Првиот човек на Судскиот Совет Киро Здравев рече дека наскоро ќе отпочнат со оценка на работата на судиите и претседателите на судовите. Власта уште поодамна најави прочистување во правосудството а првиот филтер за судиите и обвинителите е токму Антикорупциска. Сепак дел од експертите препорачуваат што поскоро да се утврди методологија за прочистување во правосудството но и формирање на тело кое ќе ја спроведе целата операција. Првичната идеја на актуелната власт беше ветинг во судството, но се пишмани откако стана јасно дека за тоа е потребно двотретинско мнозинство во Собранието а ЕУ не виде потреба од таа операција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС. Congratulations on the outcome of today’s elections in Serbia! The Serbian citizens have demonstrated democratic maturity through a peaceful transfer of political power — Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) October 25, 2026 Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во СрбијаПретседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. „Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтудентите ја прославија победата во центарот на БелградВеднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter