ЗабаваДали преферирате подоминантен партнер? Еве која наша особина се крие зад тоа!Љубовните односи се покомплицирани одошто мислиме, барем според мислењето на стручњаците. Доминантниот партнер отсекогаш претставувал „голем предизвик“ за оној другиот, а особено им е интересен и привлечен на жените. Општопознато е дека повеќето жени паѓаат на „лоши момчиња“, но истото верување важи и за мажите кои не сакаат особено „добри“ и романтични жени. Според „Psychology Today “, доминацијата се рефлектира на различни начини, но експертите ја дефинираат како особина која вклучува авторитативност и контрола, како и преземање на водечка улога. Од друга страна, според експертите, овие квалитети не се одлики на грижливи и романтични партнери. Контрадикторноста е во тоа што таквите партнери честопати не се чувствителни и се егоцентрични, а кога станува збор за романтична врска, тоа никој не го сака. Сепак, би било совршено кога таквите партнери со лидерски вештини, би покажале подготвеност да бидат великодушни и од помош. Ако ги прашате жените, тие ќе признаат дека сакаат партнер кој е конкурентен на другите и кој добро се однесува со нив. Според психолозите, жените претпочитаат доминантни мажи кога се во најплодната точка од менструалниот циклус, додека повеќето мажи не бараат жени на сличен начин, наведува овој портал. Новото истражување на оваа тема ги исклучува родовите разлики и објаснува дека за изборот на доминантен партнер придонесуваат индивидуалните особини на личноста. Ако финиот и пасивен партнер е „досаден“, тогаш луѓето кои не се склони кон досада ќе бараат подоминантен партнер. Ова вклучува потрага по разновидни, нови, сложени и интензивни сензации. Истражувачите, исто така, разгледувале како анксиозноста, особено кај жените, влијае на овие преференции. Резултатите покажале дека двата пола бараат сензации, особено кога претпочитаат подоминантен партнер. Подложноста на здодевност и импулсивно однесување се поврзуваат со претпочитањето подоминантни партнери, но не и барањето возбуда. Тоа значи дека оние на кои им е здодевно или делуваат импулсивно, претпочитаат да имаат доминантен партнер. Жените кои имале повисоко ниво на анксиозност, од друга страна, барале подоминантен партнер за заштита, но не затоа што ваквите партнери им биле секси или возбудливи. Иако постојат стереотипи дека жените бараат лоши момци, реалната слика, според истражувачите, е покомплицирана. Мажите секако може да бараат „лоши девојки“ доколку и тие имаат проблематично однесување и им е здодевно, исто како што на некои жени им е полесно да бараат слични партнери ако им е здодевно. Други може да бараат доминантен партнер поради чувството на анксиозност, односно желбата за заштита, иако други анксиозни жени го сакале токму спротивното, барале помалку доминантни партнери кои ќе им овозможат да стекнат нови искуства и да истражуваат. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30
ЕвропаВоен авион се урнал во УнгаријаУнгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека унгарски борбен авион „Грипен“ се урнал во близина на Солнок, во централниот дел на земјата, од непознати причини, и дека пилотот се катапултирал.„Од причини кои сè уште не се познати, пред неколку минути, борбен авион „Грипен“ на унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок. Пилотот успешно се катапултирал. Истрагата е во тек, а министерот за одбрана (Ромулус Русин-Сенди) е на пат кон местото на настанот“, рече Маѓар, според порталот Портфолио. Тој додаде дека во авионската несреќа нема повредени ниту штети на цивилната инфраструктура. Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди изјави во видео објавено на Фејсбук дека пилотот не е повреден во авионската несреќа. Русин-Сенди додаде дека пилотот направил сè што можел за авионот да слета на безбедна и ненаселена територија. Унгарската национална служба за брза помош соопшти дека состојбата на пилотот е стабилна и дека е префрлен со хеликоптер за брза помош во болница на набљудување. Извор: Б92Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРеволт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. СменаБројни сегашни и поранешни фудбалери јавно се свртеа против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наведувајќи дека е потребна промена во раководството на светската фудбалска федерација.Меѓу нив се поранешните француски репрезентативци Микаел Силвестре и Емануел Пети, англиската репрезентативка Луси Бронзе и поранешниот англиски голман Дејвид Џејмс. На почетокот на неделавфа Силвестре - член на панелот „Гласот на играчите“ на ФИФА - објави изјава на X насловена како „Доста е!“, која подоцна ја споделија многу истакнати фудбалери. Потегот беше поттикнат од контроверзниот план на Инфантино потенцијално да продаде удели во натпреварувањата на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори. „Гледавме како спортот што го сакаме се оддалечува од своите основни вредности под актуелното раководство на ФИФА. Предолго гледавме како се носат важни одлуки без консултација со играчите или земање предвид на нивните ставови, и без никакво внимание кон навивачите кои го одржуваат овој спорт во живот“, се вели во соопштението. Играчите повикаа на структурни промени во рамките на ФИФА и побараа фудбалерите и навивачите да имаат поголемо влијание врз процесот на одлучување. „Потребни се промени. Моќта ја замати способноста на актуелното раководство да ги разликува сопствените интереси од она што е најдобро за фудбалот. Поради неодамнешните настани, молчењето повеќе не е опција“, изјавија тие. Тие повикаа на колективна акција, „од самата база па сè до врвот на спортот“, за да се обезбеди играчите и навивачите да имаат „вистинско и директно влијание“ врз начинот на кој се управува со фудбалот. УЕФА се заканува со бојкот Инфантино е изложен на постојан притисок во последните недели, при што неколку конфедерации се побунија поради контроверзиите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилно торнадо уништи 300 домови во јужна ФранцијаСилно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција. Тагови: Торнадо Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30