Денеска Жулијен Ле Бра , сопственик на мала занаетчиска компанија Le Bras Freres е првиот осомничен за избувнувањето на големиот пожар. На случајот работат 50 истражители , а до сега утврдиле дека пшожарот настанал во во покровна празнина на врвот на кулата , што се урна во пожарот.
Таму реставраторите користеле електричен алат . Ги оставиле алатите меѓу 17 и 17.30 часот , а пожарот избувна околу еден час подоцна.
,,Повеќе од кој било сакаме да се расветли оваа драма. “ ; им изјави Ле Бра на новинарите.
На реконструкцијата работеленеговите 12 луѓе , а ниеден од нив не бил таму кога асе запали катедралата.
Компанијата е основана од дедото на Жулијен во 1954 година , со седиште на истокот на Франција , а во неа работат околу 200 луѓе.
Освен оваа компанија , на реставрацијата работи и компанијата Europe Scaffolding.