Дали носењето капа предизвикува губење на косата? - Канал 5

Дали носењето капа предизвикува губење на косата?

Дали носењето шапка предизвикува ќелавост?

Дали носењето капа предизвикува губење на косата?

Андрогенетската алопеција е најчеста форма на губење на косата која погодува повеќе од 50 милиони мажи и 30 милиони жени само во Соединетите Американски Држави, па многумина се прашуваат дали носењето капа или марама може да предизвика опаѓање на косата.

Дали носењето шапка предизвикува ќелавост?

Носењето шапка или друга покривка за глава само по себе не предизвикува ќелавост, вели д-р Манша Сети, дерматолог во здравствената мрежа на Универзитетот „Сент Лук“ во Пенсилванија.

„Носењето шапка не се смета за главна причина за опаѓање на косата“, вели Сети. „Единствено советуваме да избегнувате шапки кои се премногу тесни или премногу го притискаат скалпот.“

Косата поминува низ три фази на раст и нормално е дневно да се губат од 50 до 100 влакна. Сепак, различни здравствени фактори можат да го нарушат овој процес и да го забават или да го спречат нормалниот раст на косата.

Постојат неколку можни причини за губење на косата

Причината може да биде наследна, како кај андрогенетска алопеција. Други можни причини вклучуваат нарушувања на тироидната жлезда, породување, операција и недостаток на витамини или минерали, што може да предизвика косата да влезе во фаза на мирување и да престане да расте нормално. Губењето на косата може да биде и несакан ефект од третмани, како што е хемотерапијата. Автоимуните болести, како што е алопеција ареата, исто така можат да предизвикаат ретчење на косата бидејќи имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите на косата.

Осетливоста на фоликулите на влакната на хормонот дихидротестостерон (DHT), одредува кои области од скалпот ќе почнат да се ретчат. За повеќето мажи, ова е предниот и горниот дел од скалпот. Бидејќи хормонот DHT настанува од тестостерон, високите нивоа на тестостерон можат дополнително да го влошат опаѓањето на косата.“

Таа додава дека опаѓањето на косата може да биде предизвикано од ниски нивоа на железо, витамин Д и протеини; болест на тироидната жлезда; ненадејно губење на тежината, лекови како на пример, Оземпик, тешка болест и долготраен стрес. Опаѓањето на косата може да биде резултат и на инфекција. Габичната инфекција на скалпот, „тинеа капитис“, може да предизвика осип и да го спречи растот на косата во погодените области на кожата.

Може ли да се запре опаѓањето на косата?

„Може, ако проблемот не напредувал премногу и ако нема лузни на фоликулите на косата“, вели Сети. „Опаѓањето на косата најдобро е да се третира во рана фаза.“

Дали опаѓањето на косата може да се запре во голема мера зависи од причината. Понекогаш косата сама ќе порасне, особено ако проблемот е поврзан со стрес или хормонален дисбаланс. Кај жените кои родиле, опаѓањето на косата поврзано со бременоста обично се смирува во рок од неколку месеци. Затоа е важно да разговарате со лекар кој може да помогне да се открие што стои зад проблемот.

Кај наследно губење на косата, достапни се третмани кои вклучуваат миноксидил, кој се нанесува на скалпот или се зема орално, додатоци во исхраната и трансплантација на коса, но важно е да се знае дека овие третмани можат да имаат несакани ефекти. Одредени додатоци, како што се ашваганда и масло од семки од тиква, исто така можат да помогнат, додава таа.

Миноксидилна пена 5% е една од најчесто препорачаните опции без рецепт и често е добaр почеток, вели Сети. „Важно е прво да разговарате со вашиот дерматолог за да бидете сигурни дека нема никакви интеракции со други лекови што можеби ги земате“, нагласува таа.

Овие третмани исто така можат да бидат скапи. Трансплантацијата на коса обично чини помеѓу 5.000 и 15.000 долари, во зависност од бројот на потребни пресадувања, а тоа вклучува дополнителни консултации и корекции. Лековите како финастерид или миноксидил, честопати осигурувањето не ги покрива, што дополнително ги зголемува трошоците за долгорочна употреба.

Губењето коса не мора да биде лоша работа

Нема ништо лошо во тоа да се биде ќелав. Всушност, во последниве години се појави тренд познат како „балдмаксинг“, кој ги охрабрува луѓето да го прифатат губењето на косата, наместо постојано да се обидуваат да го сокријат.

Во врска со ова, формирана е цела заедница на луѓе, кои не само што зборуваат за физичката страна на ќелавоста, туку и за психолошката страна на целиот процес, помагајќи си едни на други полесно да ја прифатат и да гледаат на ќелавоста како на нешто што не треба да се крие, туку да се носи со самодоверба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Од вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... 

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми.

Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот.

Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот.

Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание .

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание под мотото „Напред, Либералдемократи!“, на кое делегатите ја реизбраа Моника Зајкова претседател на партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област.

Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие.

На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип.

Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови.

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите.

Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница.

На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер