Дали Мицотакис (ќе) го почитува Преспанскиот договор?

Откако пред неколку дена во Солун грчкиот премиер Мицотакис ја промовираше маркетиншката кампања „Macedonia the GReat“за грчките производи од регионот Македонија, премиерот Заев вели дека е уверен дека прашањето ќе се реши преку меѓународна експертиза

Според него, самостојно истакнување на амблем не е против Преспанскиот договор, а финалното решение за производите кои го носат името Македонија очекува да биде мост на поврзување на двете држави.

Oд македонското МНР вчера порачаа дека грчкиот слоган „Macedonia the Great“ jа подрива довербата меѓу двете земји и може негативно да се одрази врз односите меѓу двете држави.

„Ние цениме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци. Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави“, велат од МНР.

Ваквиот развој на настаните за политичкиот аналитичар Петар Арсовски е последица на промената на власта во Грција и не доволните средби на мешовитата комисија за трговски марки. Според него на грчката провокација во моментов не треба да се возврати со иста мера.

Претседателот на македонската страна на комисијата за трговски марки Ѓорѓи Филипов, пред неколку дена посочи дека досега не постои пријавена или регистрирана трговска марка со името „Macedonia the GReat“, и додаде дека заради тоа, таа не може да биде ЗАСЕГА предмет на разгледување, ниту на грчкиот, ниту на македонскиот дел од меѓународната група на експерти. Согласно Преспанскиот договор, двете земји формираа заедничка мешовита комисија, која има рок до 2022 година да дојде до договор за трговските марки, ознаките и комерцијалните имиња за терминот Македонија или Македонски.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, во понеделник на 6 мај Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Во понеделник во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

НАТО: Се интензивираат хибридните напади на Русија врз членките на Алијансата

Членките на НАТО се длабоко загрижени поради неодамнешните зголемени злонамерни хибридни напади на Русија на територијата на земјите од Алијансата, кои претставуваат безбедносна закана, соопшти денеска Алијансата.

Тоа, според соопштението објавено на веб-страницата на НАТО, вклучува напади кои резултираа со истрага и обвинение против повеќе лица во врска со непријателски активности кои ги засегаат Чешка, Естонија, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Велика Британија.

НАТО го осуди однесувањето на Русија и ја повика да ги почитува нејзините меѓународни обврски, велејќи дека постапките на Москва нема да ги одвратат членките на Алијансата да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Во соопштението се наведува дека овие инциденти се дел од „интензивната кампања на Русија која продолжува да ја спроведува на целата територија на земјите членки на НАТО“.

Се наведува дека овие инциденти вклучуваат саботажа, акти на насилство, кибер и електронско попречување, кампањи за дезинформација и други хибридни операции.

НАТО ја нагласува солидарноста со земјите-членки погодени од руските хибридни напади и истакнува дека ќе дејствува колективно за да ги реши таквите акции.

Се нагласува дека Алијансата ќе продолжи да се спротивставува на руските хибридни напади. /MИА

Папата Фрањо упати честитка до монсињор Стојанов по повод 25-годишниот бискупски јубилеј

25-годишен јубилеј од хиротонијата на Киро Стојанов.

Апостолскиот нунциј во земјава монсињор Лучано Суријани, придружуван од првиот советник во нунцијатурата монсињор Џорџо Кеца, вчера во бискупската резиденција на Водно лично му ја предаде честитката од папата Фрањо на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов по повод неговиот 25-годишен јубилеј од хиротонијата.

- Наполнуваш дваесет и пет години од твојата епископска хиротонија. Ви го честитаме овој јубилеј и пастирската служба која грижливо ја извршуваше. Тоа всушност е служба на постојано проповедање на Евангелието и посветено толкување на христијанската вистина. Преку застапништво на Пресвета Богородица, која се вознесе на небо, Го молиме Господа за ведрина на духот и добро здравје. Исто така упатуваме благослов до Тебе и твоето стадо, со понизна молба да упатувате молитви, па така – зајакнати со верата, надежта и љубовта – посветено да ја извршуваме петровата служба, се наведува во честитката.

притисни ентер