МакедонијаДали Македонија учи од лекциите за причините за поплавите во земјава По 35 години служба – југословенските канали кои и денеска треба да ги штитат граѓаните од поплави веќе „ги изгази“ времето.. Од ЦУК велат дека терцијарната мрежа, неопходна за собирање на водата која се слева од ридовите и пренасочување кон поголемите канали, што требаше да се случи во Кичевско, е нефункционална – со канали кои или се затрупани од смет или врз нив се граделе објекти. -Терцијарните канали воопшто и не постојат, не се во функција, најзаслужени се однесувањата пред се граѓаните, затоа што не се води грижа по однос на потребите од нивното постоење во насока на тоа што сметаат дека секој простор е битен за нив, значаен, во однос на проширувањето градбите и ред други работи. Исклучелно се битни затоа што сета таа вода, заради тоа што, сета таа вода, наместо да се слева во терцијарните, па во секундарните и примарните, па во речните корита, таа е пуштена на слобода, односно се движи во слободен правец. Ако постоеја ќе придонесеа таа вода да се концентрира по сливовите на речните површини, односно во речните корита што значи дека ќе избегневме можност од таква категорија на поплави,- – Горан Стојановски – ЦУК. Примарните канали пак кои се во надлежносдт на АД Водостопанство се одржуваат колку што има пари, а доволно пари за соодветно стопанисување нема, вели директорот Филиповски за Канал 5. Тој посочи дека институцијата со децении била несовесно управвувана и дека министерството за животна средина мора да определи средства за нивно целосно одржување. -Години наназад факт е дека водостопанските дејности се запоставувани од страна на управата и менаџментот, тоа се должи на два момента, едниот е несовесното менаџирање и управување и другиот е можноста да се обезбедат пари што ги дава законот за управување на водните ресурси. Факт е дека во приходната сметка на АД водостопанство немаме влез на пари за уредување на речни корита. Десетици години наназад воопшто нема доделено средства од програмата на водостопанство за управување и уредување на речните корите. Водостопанство врши пренамена на средства, односно ги прераспределува средствата од услугата на дистрибуцијата на вода до земјоделците, за да средува и уредува водотеци и ова системски мора да се реши,- Филип Филиповски – Директор на АД Водостопанство. Дали има одговорност кај институциите за поплавите деновиве, ќе проверува заменик народниот правобранител Илбер Руфати. Тој за Канал 5 вели дека првичните индикации упатуваат на можни системски недостатоци и постои можност од институционална одговорност, па затоа е побарано од О. Кичево целосна техничка проценка на причините, детално информрање за досега преземените мерки и утврдување на евентуална институционална одговорност. Тагови: поплави Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Жешки фотографии на српска ТВ водителка ги „запалија“ социјалните мрежиМладата српска ТВ водителка Маша Михаиловиќ објави фотографии од својот одмор по раскинувањето на свршувачката и привлече големо внимание кај своите следбеници.Водителката на популарно реално шоу Маша Михаиловиќ, привлече големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографии од својот одмор. Атрактивната водителка позираше во минијатурно бикини во маслинесто-зелена боја, истакнувајќи ја својата затегната фигура и изгледот на кој со години ѝ завидуваат многубројни следбеници. Фотографиите од песочната плажа, направени за време на зајдисонцето, за кратко време предизвикаа бројни реакции, а комплиментите за нејзиниот изглед постојано пристигнуваа. Со својот изглед, Маша уште еднаш покажа зошто важи за една од најистакнатите телевизиски личности во регионот, а нејзините следбеници особено ја истакнаа самодовербата и енергијата што ги покажа по големата животна промена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето телоХоливудската убавица актерката Сидни Свини, уште еднаш најде причина да го покаже своето тело.Сидни Свини повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа го искористи својот добро познат трик – односно брендот – за да најде повод да ги покаже своите облини . Сексапилната актерка деновиве е вистинска атракција, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често е активна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзината најнова објава предизвика вистинска помпа меѓу обожавателите на нејзините облини. Се чини дека популарната актерка пронашла доволно добра причина повторно – по којзнае кој пат – да ги покаже своите прекрасни облини и бујни гради. Таа ја претстави новата колекција на својот бренд за долна облека SYRN, а кампањата веднаш привлече големо внимание во јавноста.Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНовата Mazda MX-5 добива електричен погонАвтомобилскиот гигант Mazda потврди дека следната генерација на MX-5 (Miata) ќе може да поддржи целосно електричен погон, иако бензинскиот мотор сè уште не е предодреден за историјата. Извршниот директор на Mazda, Масахиро Моро, изјави дека новиот MX-5 мора да биде подготвен за иднина во која моторите со внатрешно согорување можеби повеќе нема да бидат дозволени поради сè построгите еколошки прописи. Сепак, компанијата има за цел да ги зачува квалитетите по кои моделот е познат – мала тежина и врвно возачко искуство. За разлика од многу производители кои користат скапи материјали како што се јаглеродните влакна, Mazda планира да ја намали тежината на конструкцијата преку употреба на конвенционални материјали и попаметни инженерски решенија. Целта е новиот MX-5 да тежи меѓу 1.000 и 1.200 килограми, што би било исклучително малку за електричен спортски автомобил. Во понудата ќе остане и верзија со бензински мотор. Покрај електричната верзија, се очекува и нова варијанта со бензински мотор – 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат од серијата Skyactiv-Z, кој веројатно ќе вклучува и технологија на благ хибрид. Моќноста би можела да достигне околу 220 КС. Новата генерација на MX-5 нема да пристигне пред 2028 година, додека актуелниот модел – претставен уште во 2015 година – ќе остане во производство сè дотогаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook