Дали конгресната резолуција на „АЛДЕ“ ќе го промени ставот на Макрон?

Европските либерали очекуваат со резолуцијата за европската перспектива на Македонија да го променат ставот на францускиот претседател Макрон. 

Потпретседателот на АЛДЕ Емил Кирјас вели дека целта со резолуцијата е да се докаже на партијата на Макрон која е дел од коалицијата на либералите во Европскиот парламент дека тие цврсто стојат зад отворањето на преговори со земјава.

Во меѓувреме, десетина дена по француската блокада во Брисел, не стивнуваат реакциите на странските медиуми. Грчкиот весник Реал Њуз пишува дека блокадата на Макрон за европската иднина на земјава е шлаканица за целиот регион. Во текстот се анализира и спроведувањето на Преспанскиот договор.

,,Директното прашање што произлегува за Атина е имплементација на договорот од Преспа. Ерга омнес виси во однос на државните документи на Северна Македонија што се издадени пред ратификацијата на договорот, бидејќи предвиден е преоден период што е поврзан со отворањето на пристапните поглавја. Јасно е дека без датум за почеток на пристапни преговори, Скопје нема никаква обврска за промена на документите.

Токму спроведувањето на преспанскиот договор, но овој пат од грчка страна, министерот за локална самоуправа Горан Милевски најави дека ќе го покрене на следната владина седница. Милевски вели дека е разочаран од односот на грчкиот премиер Мицотакис, но и од тоа што на патните знаци кон земјава се уште не е променето името на земјава.

Преспанскиот договор предвидува обврски и за грчката страна. Во поглед на патните знаци, до сега во неколку наврати од грчката страна имаше најави дека тие ќе бидат променети со новото име на државава, но без притоа да се прецизира кога тоа би се случило.

Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги послуша предупредувањата на Централна Европа за Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека требало да се слушаат што зборуваат земјите од Централна Европа за Русија и порано да се преземат „одлучни акции“.

- Мислам дека требаше подобро да ги слушаме земјите од Централна Европа. Тие имаат многу повеќе искуство со соседството на Русија. Можеби требаше да направиме нешто порано, како што предложија некои централноевропски земји. Денеска можеме да бидеме благодарни и задоволни што имаме толку силна Европа, која може да даде толку силен одговор на Русија, рече таа на прес-конференција во Брисел на прашањето што научи ЕУ од Полска во изминатите 20 години.

Претседателката на Европската комисија истакна дека 20-годишнината од големото проширување на ЕУ бил одлучувачки момент и гледајќи од денешна перспектива, суштински ја промени Европа и ја направи посилна, пренесува полската телевизија TV World. /МИА

На ГП Богородица се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот,  сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена  кинотечна награда „Златен објектив“

-Автор кој во голема мера ја задолжи националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на седмата уметност и филмското образование, соопшти Кинотеката.

Ќе бидат прикажани неговите документарни филмови „Оган“, „Дае“, „Австралија, Австралија“ и играните „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „До Балчак“.

Покрај филмови од Попов, мајската програма на Кинотеката ќе прикаже и ретроспектива на кратки македонски филмови на режисерите Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова, новиот документарен филм на Игор Иванов - „Време на бетон“. Исто така и „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Горан Паскаљевиќ, како и документарецот „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ.

-На менито на Кинотека месецов се наоѓа и промоцијата на новиот филм потпишан од францускиот кинопровокатор Франсоа Озон - „Питер фон Кант“. Се работи за еден интересен, постмодерен осврт и своевиден римејк на делата потпишани и креирани од легендата на германскиот нов бран, Рајнер Вернер Фасбиндер, соопшти Кинотеката.

Во рамки на програмата за овој месец, од 13 до 18 мај во Кинотеката ќе биде организирана и Недела на италијанскиот филм. /МИА

притисни ентер