Дали и кој сака да го заплаши директорот на управата за извршување на санкции, Пандов? - Канал 5

Дали и кој сака да го заплаши директорот на управата за извршување на санкции, Пандов?

Обвинители извршија увид на лице место по опожарувањето на викенд-куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов во Орешани.

Дали и кој сака да го заплаши директорот на управата за извршување на санкции, Пандов?

Од ОЈО информираа дека кај опожарениот објект излегле и увидни екипи од МВР и други стручни лица, кои работат на расчистување на овој случај.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Пандов пожарот го пријавил вчера во 18, 45 минути а во пожарот за среќа нема повредени лица.

-На 29.04.2025 во 18.45 часот во СВР Скопје, А.П.(54) од Скопје, пријавил дека во с.Орешани, скопско, била опожарена неговата викенд куќа. Повредени лица нема. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пандов кој вчера објави видеа од опожарената куќа, за Канал 5 изјави дека се сомнева дека зад пожарот стојат одредени лица.. но тој е дециден дека овој случај наме да го одврати во борбата против криминалот и корупцијата.

Палењето на движен и недвижен имот на службени лица не е новост во земјава. Претходно често на удар беа затворските полицајци од Идризово, а таквиот тренд продолжи и оваа година.

Директорот на затворот, Зоран Јовановски кажа дека причина за тоа, најверојатно се реформите во затворите.

-Речиси една година немавме случаи на запалени автомобили на дел од затворската полиција се до понеделникот. Тогаш беше опожарен автомобил на командир на затворската полиција. Очигледно е дека почестите контроли во затворите на некого пречат, вели Јовановски.

Палењето на викенд-куќата на Пандов го осудија и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму сметаат дека ова е обид за заплашување на Пандов, на како што во како што се наведува отворената борба против криминалците во земјава. За ваквите настани, велат од партијата, ќе следува одговорност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин може да присуствува, ако сака, на самитот на Г20 на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 што ќе се одржи во Флорида следниот месец, но дека би можел да дојде доколку сака.

Трамп: Путин може да присуствува, ако сака, на самитот на Г20 на Флорида

„Ако сака да дојде, сигурно може да дојде“, им рече Трамп на новинарите во неговиот голф-центар во Флорида во четвртокот, велејќи дека некои луѓе нема да бидат среќни да го видат Путин на состанокот на 14 и 15 декември и дека се сомнева дека самиот Путин би сакал да присуствува, објави Ројтерс. Трамп истакна дека лично би сакал Путин да дојде на самитот на Г20 во Флорида.

Кремљ синоќа објави дека сè уште не е донесена одлука за учеството на Путин на самитот на Г20.

По средбата со Трамп минатата недела, Путин рече дека ќе размисли да дојде на состанокот откако ќе разговара со американскиот претседател, но истакна дека ќе мора да ја земе предвид ситуацијата во Русија при донесувањето одлука за патување во Соединетите Држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ

Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање .

Годишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ

Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање – ова е една од клучните пораки од Годишното собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ, на кое учествуваше Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Регулатори, креатори на енергетски политики, финансиски институции и учесници во енергетскиот сектор дискутираа за унапредување на регионалната енергетска соработка, интеграцијата на енергетските пазари и забрзувањето на енергетската транзиција на медитеранските земји.

Учесниците посочија дека неопходни се јасни и предвидливи правила за надминување на бариерите, при што нагласија дека неопходно е енергетската инфраструктура да се модернизира за поголема ефикасност и флексибилност.

Во фокусот на дискусиите беше и стратешката иницијативата на Европската Унија T-MED чија цел е поврзување на земјите од јужниот Медитеран со ЕУ со цел поттикнување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка.

МЕДРЕГ е асоцијација на регулатори којашто обединува 30 членки од 24 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц: „Немаме повеќе пари за се“

Рекордниот буџет на Германија за 2027 година во износ од 560 милијарди евра „може да се оправда“, но во наредните години ќе биде потребно значително намалување на расходите, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот, пренесува ДПА.

Мерц: „Немаме повеќе пари за се“

Канцеларот Мерц зборуваше за владината политика, која е централен дел од последната еднонеделна дебата за буџетот.

Пратениците ја започнаа последната дискусија во вторник. Се очекува пратениците да го усвојат буџетот вечерва.

„Во овие времиња мора да разбереме и да учиме заедно... дека повеќе немаме пари за сè“, рече Мерц.

„Сите ние овде ќе мора да се откажеме од некои идеи што ни се блиски до срцето“. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети.

Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети.

„Имаме должност и одговорност заедно да го спречиме тоа“, рече Мерц.

Тој ги повика граѓаните да пристапат кон одлуките за распределба на јавните пари како „заедница на луѓе со добра волја“. Како што рече, за тоа не постои едноставна формула. „Нема калкулатор што може да пресмета што е совршено фер“, заклучи германскиот канцелар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер